„Вирџин орбит“ на Ричард Бренсон ги напушта вселенските операции, отпушта 90 отсто од вработените


Деновите на лансирање на сателити во вселената за Virgin Origin се минато.

По шест години работа, подружницата за лансирање на сателити на „Вирџин“ соопшти дека повеќе нема средства за финансирање на операциите и дека ќе се затвори. Речиси 90 отсто од вработените во Virgin Orbit ќе бидат отпуштени, поточно 675 луѓе.

Virgin Orbit е основана во 2017 година за да развие и комерцијализира систем за лансирање на сателити наречен LauncherOne, кој е поставен под модифициран авион Боинг 747 наречен Cosmic Girl. Системот е дизајниран да лансира мали сателити од 226 кг во ниската орбита на Земјата со нивно лансирање со помош на ракета на височина помеѓу 9.000 и 15.000 метри.

И покрај низата рани успеси кога станува збор за развојот и проширувањето на услугите во британската армија, првиот официјален тест на системот LauncherOne во мај 2020 година не беше успешен, односно симулираниот товар не беше испорачан во орбитата. Вториот обид следеше во јануари 2022 година и беше успешен, лансирајќи 10 сателити на НАСА во ниската орбита. Исто така, првото комерцијално лансирање беше успешно спроведено во јуни истата година. Потоа во орбитата беа испратени уште седум сателити, како и опремата на американските вселенски сили.

Севкупно, Virgin Orbit изведе шест лансирања помеѓу 2020 и 2023 година, а четири беа успешни. Последниот обид беше наречен „Start Me Up“ и требаше да го означи првото комерцијално лансирање од британско тло. Иако ракетата успешно се одвои од авионот, аномалија на горната етапа спречи товарот да биде испорачан во орбитата. Подоцна беше утврдено дека филтерот од 100 долари ја уништил мисијата.

Основачот на Вирџин Груп, Сер Ричард Бренсон, инвестираше до 55 милиони долари во компанијата во изминатите неколку месеци, но гореспоменатата неуспешна мисија беше последната капка. Поради недостиг на средства, Virgin Orbit објави „оперативен прекин“.

Отпуштените вработени ќе добијат отпремнина и ќе останат во евиденцијата за вработување на Virgin Galactic.