Исушениот Дунав откри нацистички бродови од Втората светска војна полни со експлозив


  Најлошата суша во Европа во изминатите години ја втурна моќната река Дунав на едно од нејзините најниски нивоа во речиси еден век, изложувајќи ги труповите на десетици германски воени бродови наполнети со експлозиви потонати за време на Втората светска војна во близина на пристанишниот град Прахово во Србија. Бродовите беа меѓу стотиците Црноморската флота […]

„Астон Мартин“ на Шон Конери продаден за 2,4 милиони долари


САД – Автомобил „Астон Мартин ДБ-5“, што му припаѓал на холивудскиот глумец Шон Конери, е продаден на наддавање за 2,4 милиони долари. Ова не е првото возило на британскиот агент Џејмс Бонд „007“ кого го глумеше и познатиот шкотскиот актер, но дефинитивно е најпознатото, бидејќи се појавува во дури осум „Бонд“ филмови. Конери поседуваше еден […]

Секс, дрога и одржливост, музичките фестивали се борат да станат зелени


Европските музички фестивали се обидуваат да го надминат климатскиот багаж  и на еден мега настан ова лето дури и го поканија шефот на зелениот договор на ЕУ, Франс Тимерманс да зборува. Но, додека организаторите им се додворуваат на креаторите на политиките на ЕУ, активистите и научниците обвинуваат некои фестивали за глумење „зеленило“ и недостаток на […]

НАСА објави нови слики од Јупитер


  САД– Aмериканската Национална воздушно-вселенска администрација – НАСА објави слики од најголемата планета во Сончевиот Систем – Јупитер, направени со најголемиот вселенски телескоп во светот, „Џејмс Веб“. – Никогаш не сме го виделе Јупитер ваков. Сѐ ова е прилично неверојатно… Не очекувавме дека ќе биде толку добро, да бидам искрена, изјави астрономот Имке де Патер […]

Унгарија ги разреши метеоролозите. Најавија дожд, огнометот се одложи, не заврна


  Унгарските власти ги отпуштија шефовите на метеоролошката служба откако погрешно беше најавено лошото време, поради што беше одложен големиот огномет, јавува Би-би-си. „Најголемиот огномет во Европа“ беше закажан за сабота навечер во Будимпешта, на денот на Свети Стефан, националниот празник на Унгарија. Планирано е да се испукаат 40.000 парчиња пиротехника од 240 точки распослани […]

Блиска средба со огромна водена пијавица: Од восхит до паника (видео)


На видео снимено на Флорида, туристите снимиле огромна пијавица која минува покрај брегот. Туристите се восхитуваа на природниот феномен и уживаа во глетката сѐ додека во еден момент пијавица не ја допре плажата. Потоа настанал момент на паника, но за среќа пијавицата не останала долго на плажата. Погледнете како изгледала џиновската пијавица одблиску.  

Паузата од социјалните мрежи носи повеќе придобивки за психичкото здравје


  САД– Долг е списокот на познати личности кои направија долга пауза од социјалните мрежи последниве години, вклучувајќи ги Ед Ширан, Бритни Спирс, Мајли Сајрус, Селена Гомез и Џастин Бибер – сите тие беа во фаза на тн. „дигитална детоксикација“. Како што пишува Дојче веле, причините за тоа се различни – премногу коментари со омраза, премногу […]

Медот помага против штетни материи во телото


  Здравствените придобивки од медот се општопознати, па како што сѐ повеќе луѓе го исфрлаат белиот шеќер од исхраната, бараноста на медот сѐ повеќе расте. Нутриционистите советуваат овој еликсир да се додава во овесна каша, како и во други здрави специјалитети. Како што пишува хрватскиот портал „Пословни“, медот е идеална, сосем природна замена на шеќерот. […]

Црногорците го соборуваат рекордот во излежување и денгубење


 Натпреварот во излежување, кој ја прави Црна Гора единствена во Европа, се организираше по 11. пат во етно селото „Монтенегро“ во Брезна во Пива, а од девет натпреварувачи од Никшиќ, Подгорица, Даниловград и Белград, двајца сè уште се борат за парична награда од 350 евра, пишува подгоричкиот весник Вијести. Натпреварувачите порачаа дека се надеваат дека […]

Фестивалот „ЛилаЛо“ и лилањето во Лозница, спој на традиција и атрактивна туристичка понуда


Меѓу Србите за празникот Петровден постои обичај на палење на „Лилите“ кои се прават од млада кора од дива цреша или бреза на стапче од лешник. Овој вековен народен обичај во регионот на Лозница живее и денес. Лилите се палат со големи ритуални огнови и тоа обично се прави на места каде што се собираат […]

Римац го претстави првото Bugatti дизајнирано под негово водство 


  Мате Римац, основач и главен извршен директор на Rimac Automobili и од неодамна главен извршен директор на Bugatti Rimac, го претстави првото Bugatti што компанијата го дизајнираше под негово водство. На Неделата на автомобили во градот Монтереј, во американската сојузна држава Калифорнија, Мате го претстави Bugatti W16 Mistral. Името го добила по ветрот што […]

Рускиот регулатор ги казни ТикТок, Телеграм, Зум, Дискорд и Пинтерест


  Русија– Руската агенција за регулирање на медиумите Роскомнадзор денеска соопшти дека ќе казни неколку ИТ компании, вклучувајќи ги ТикТок, Телеграм, Зум, Дискорд и Пинтерест. Во соопштението на Роскомнадзор се наведува дека мерките се преземени откако овие компании не ја отстраниле содржината што била означена како нелегална и дека казните ќе останат во сила сè додека не се […]

Шумските пожари лани уништувале по 16 фудбалски игралишта во минута


Шумските пожари лани уништиле речиси 23 милиони хектари земја или фигуративно кажано минатата година од пожар гореа 16 фудбалски игралишта во минута. Годинава се очекува штетата да биде уште поголема бидејќи планетата продолжува да доживува огромни загуби во шумско земјиште додека светот се загрева. Генерално, шумските пожари се влошуваат ширум светот, според новиот извештај објавен […]

„Епл“ апелира за обнова на софтверите на телефони, ајпедите и компјутерите поради можни хакерски напади


  Tехнолошкиот гигант „Епл“ (Apple) ги упатува корисниците на неговите телефони, таблети и компјутери да ги обноват софтверите откако компанијата откри ранливости што овозможува хакерите да влезат во оперативниот систем на апаратите. Во известување за безбедноста објавено синоќа, „Епл“ наведува дека ранливоста ги засега ајфоните од моделет 6с и подоцнежните модели, Ајпад 5. генерација и […]

НАСА ја претстави првата Домородна Американка што ќе патува во Вселената


Американската вселенска агенција НАСА, ја претстави астронаутката Никол Аунапу Ман – првата Домородна Американка која ќе патува во Вселената. Ман е полковник кај маринците, а му припаѓа на народот Вилацки. НАСА потврди дека таа ќе биде командантка на мисијата „Кру-5“ на Меѓународната вселенска станица (МВС), којашто ќе се спроведе со ракета на „Спејс-Икс“. Лансирањето е […]

Италијанци измислиле земја на Антарктикот и продавале државјанства


Како може да се заработат стотици илјади евра благодарение на измислена земја? Патентот го откриле италијански измамници, а земјата се наоѓа на Антарктикот и се вика „Свети Ѓорѓи“, пишува Дојче веле. Криминалните елементи во Италија успеаја да доведат во заблуда стотици нивни сонародници тврдејќи дека можат да ги населат во земја на Антарктикот со ниски […]

Откажан Меѓународниот саем на автомобили во Женева


Швајцарија– Меѓународниот саем на автомобили во Женева, Швајцарија, планиран за февруари, наредната 2023 година, е откажан и ќе се одржи во Доха – главниот град на Катар, соопштија организаторите на настанот. – Поради глобалните економски и геополитички несигурности, како и опасностите поврзани со развојот на пандемијата, организаторите одлучија да се сосредоточат исклучиво на планирање на […]

Официјално претставена новата генерација на „Самсунг“ телефони на преклоп


  По глобалната премиера на традиционалниот настан Unpaked кој се одржа минатата недела, вчера во Скопје беше свечено претставена новата серија на телефони на преклопување, серијата Samsung Galaxy Z. Посетителите имаа можност да ги пробаат уредите Galaxy Z Fold4 и Z Flip4, како и паметните часовници од најновата серија Galaxy Watch5 и безжични слушалки Galaxy […]

(ВИДЕО) Роботи тестираат ковид а сајбер-кучиња танцуваат


 Започнува кинеската роботска изложба. Роботска рака направена за собирање човечки примероци за скрининг на „Ковид-19“ и  десетици сајбер-кучиња кои танцуваат беа меѓу главните моменти на годишната Светска конференција за роботи што беше отворена во четвртокот во Кина. VIDEO: Covid tests and dancing cyber-dogs: China's Robot Expo kicks off. A robotic arm built to collect human […]

Кина сега бара од семејствата да имаат повеќе деца


Долги години Кина имаше национална политика за едно дете по семејство која беше применувана и со репресии. Сега, населението во земјата брзо старее и властите прават пресврт во семејната политика, пишува „Дојче веле“. Брачните двојки во Кина сега треба да  имаат повеќе деца за да го забават стареењето на населението. Голем број мерки ќе ја […]