Есенски финансиски хороскоп: Вагата во проблеми, Овенот среќен


Есента ќе биде добар период за некои хороскопски знаци, а други ги очекуваат парични проблеми. Водолијата, на пример, се соочува со низа финансиски неуспеси…

Овен
Имате тенденција да трошите и да правите непромислени купувања. Сакате да купувате ситници кои ве прават среќни. Овенот треба да научи да биде повнимателен во трошењето и да се навикне да штеди пари. Оваа есен финансиската среќа е на ваша страна. Можни се покачувања, бонуси, унапредувања.

Бик
Есента ќе биде добар период за Биковите, не се очекуваат парични проблеми. Сепак, нема да биде најдобро време за големи инвестиции, па подобро е да се посветите на штедење и планирање. Во септември може да настанат непредвидени трошоци поврзани со помош на најблиските.

Близнаци
Клучниот збор за Близнаците оваа есен е стабилност. Постигнувате совршена рамнотежа помеѓу потрошувачката и профитот. Вашите финансиите ќе впловат по мирни води. Сепак, не претерувајте со трошоците.

Рак
Есента ќе биде прилично мирен период за Раковите на финансиски план. Работата и трудот конечно ќе се исплатат. Можете да се опуштите и одморите, да дишете свеж воздух со многу мир.

Лав
На Лавовите ќе им претстои период со многу промени. Ако во последните денови ви недостигаа парите и работите што ги сакате, сега ситуацијата се менува. Ве очекуваат редовни приходи кои ќе ви ја подобрат финансиската состојба.

Девица
Во текот на есента можете да имате успех и да заработите повеќе пари отколку што сакате. Во средината на есента ќе почувствувате наплив на енергија, благодарение на што ќе ги решавате сопствените проблеми и ќе им помогнете на најблиските. Во ноември, откако ќе ги завршите важните работи, конечно можете да се опуштите со семејството.

Вага
За Вагите во текот на есента можни се проблеми со финансиите. Некои од паричните текови на кои сметавте може да пресушат. Останете смирени, стабилизирајте ги трошоците, планирајте го буџетот повнимателно. Во ноември сѐ ќе си дојде на свое место и тогаш ќе можете да ги остварите деловните и финансиските цели.

Скорпија
Скорпијата ја очекува сосема мирен период, но мора да се потрудите и да работите на себе за да ја зачувате благосостојбата. Слушајте ја вашата интуиција и постојано ќе се движите кон вашите цели.

Стрелец
Оваа есен можете да се почестите со пријатен шопинг и забава. Трошењето пари на она што го сакате ќе ви овозможи да се наполните со позитивна енергија. Октомври ќе биде добар период за реализација на нови проекти, тие позитивно ќе се одразат на вашата финансиска состојба.

Јарец
Есента ќе биде мирна и стабилна за Јарецот, во финансиска смисла. Ве се очекуваат поголеми купувања, но пријатното искуство за купување нема да му наштети премногу на вашиот паричник. Ќе бидете доволно енергични да реализирате нови проекти и да остварите добар профит. Во ноември ќе уживате во одмор со семејството.

Водолија
Во текот на есента се очекуваат серија финансиски неуспеси. Прилагодете се на сè што се случува. Некои промени може да бидат поволни за вас. Ако се појави финансиска нерамнотежа, семејството и пријателите можат да бидат корисни.

Риби
Есента ќе ги поттикне Рибите да се фокусираат на кариерата. Сега не е најдобро време за промени и избрзани одлуки. Прашајте некој кому му верувате за совет. Донесувајте одлуки внимателно и направете листа на добрите и лошите страни.