Кои се најатрактивните автомобили во светот?


Автоиндустријата никогаш немала толку многу производи, но впечатокот е дека меѓу нив нема многу атрактивни автомобили кои будат емоции. Меѓутоа, меѓу многуте автомобили има и такви кои секогаш фаќаат око, предизвикувајќи восхит и, што е важно, голем интерес кај набљудувачите. Во потрага по најатрактивните автомобили кои најчесто привлекуваат погледи, AutoTrader UK примени научен метод за […]

Луксузниот дом на Карлос Слим на Менхетен пак на продажба за 80 милиони долари


САД- Знаменитоста на Големото јаболко се враќа на пазарот и за 80 милиони долари е наречена најскапата градска куќа на Менхетен. Ја продава милијардерот Карлос Слим, порано најбогатиот човек на светот. Седумкатницата во стилот на Beaux-Arts е позната како Куќата на Бенџамин Н. Дјук. Лоцирана спроти Музејот на уметноса- Метрополитен на Горна источна страна, датира […]

Облеката на Џил Бајден од инаугурацијата ќе биде изложена во Смитсонијан


САД – Првите дами обично ги донираат своите инаугуративни балски фустани на институцијата Смитсонијан за нејзината колекција. Џил Бајден се откажува од два ансамбли за облека, а ниту еден не вклучува тоалета. Првата дама го донира океанскиот син твид фустан и соодветниот капут што ги носеше на претседателската инаугурација на нејзиниот сопруг во Капитол на […]

Три хороскопски знаци ќе имаат среќа во февруари: Спојот на Меркур со Венера им дава енергија, ќе се остварат на повеќе полиња


Откријте кои 3 хороскопски знаци очекуваат среќа во февруари 2023 година – на крајот на зимата ќе имаат успех на многу полиња! Февруари е последниот месец од зимата, а според астролозите ќе биде особено поволен бидејќи нема ретроградни планети – сите тие се во директно движење. Исто така, во февруари се подготвуваат два значајни астро […]

Нутриционисти ни откриваат кога треба да се пости: Пет знаци дека телото е „затруено“ и му треба ваква исхрана


Доколку не ги почитувате верските празници и ја менувате исхраната според црковните правила, нутриционистите откриваат кога е време да се префрлите на посна храна. Телото испраќа сигнали, не можете да ги игнорирате! Постот вообичаено се поврзува со верските празници, но не е мал бројот на оние кои посегнуваат по оваа посебна диета кога им треба […]

Во Алжир падна снег


Снег падна во пустинските области во југозападниот дел на Алжир. По два сушни месеци во регионот Башар, студен бран донесе снежна покривка, прва во последните 11 години, јавија локалните медиуми. Поради снегот затворени се и неколку локални патишта. Во Алжир, климатските аномалии зачестија во последната деценија. Во градот Аин Сефра паѓаше снег во 1979, 2016, 2017, 2018, 2021 […]

25 јануари во историјата – Пронајден е најголемиот дијамант


  На 25 јануари 1905 година, во рудникот „Премиер“ во Преторија, Јужна Африка, откриен е дијамант од 3.106 карати за време на рутинска проверка од страна на началникот на рудникот. Со тежина од 600 грама и крстен „Кулинан“, тој беше најголемиот дијамант некогаш пронајден. Фредерик Велс бил 18 метри под површината на земјата кога забележал […]

НАСА и Пентагон ќе развиваат ракета на нуклеарен погон за патување до Марс


  Американската вселенска агенција (НАСА) објави дека ќе соработува со Пентагон за да развие ракета со нуклеарен погон наменета за испраќање на луѓе на Марс. Директорот на НАСА, Бил Нелсон истакна дека е склучен договор за партнерство со американската воена истражувачка агенција Дарпа за „развој и тестирање на напредна технологија за термички нуклеарен погон до […]

Санта мраз голема колку Лондон се одвои од Антарктикот


  Санта мраз голема колку Лондон се одвои од Антарктикот, соопшти на својата интернет-страница Британското антарктичко истражување (БАС). „Огромна санта мраз (1.550 квадратни километри), голема речиси колку Лондон се откина од ледениот појас Брант со дебелина од 150 метри. Ледениот брег се откина откако пукнатините што се појавија природно во текот на изминатите неколку години […]

Истражување: Антидепресивите предизвикуваат бесчувствителност


Антидепресивите предизвикуваат „емоционална бесчувствителност“, според истражувањето кое нуди нови сознанија за тоа како лековите можат да делуваат и нивните можни несакани ефекти. Трудот посочува дека самите лекови (и тоа од оние што се најкористени) може да предизвикаат „отапеност“ на емоциите кај човек. – Овие лекови одземаат дел од емоционалната болка кај луѓето со депресија, но […]

Atlantis The Royal: Кој е хотелот во Дубаи за чиј едночасовен настап Бијонсе заработи 24 милиони долари?


ОАЕ– Бијонсе и Кендал Џенер славеа во текот на викендот во најозборуваниот нов хотел во Дубаи. Пред отворањето на 10 февруари, Atlantis The Royal организираше масовен тридневен гала настан со ѕвезден список на гости – вклучувајќи ги Елен Помпео, Лиам Пејн, Бар Рафаели и Едвард Енинфул. По изградбата вредна 1,4 милијарди долари, гостите наскоро ќе […]

Филмот „Совршени странци“ влезе во Гинисовата книга со 24 преработки за седум години


Исланд – Некои филмови носат порака што може совршено да се преведе на кој било јазик. Добар пример е успешната преработка на францускиот филм „Семејството Белије“ (La Famille Belier), чијашто американска верзија „КОДА“ доби „Оскар“, или пак, шведскиот филм „Човек по име Ото“, олицетворен во холивудското остварување со Том Хенкс… Сепак, италијанската продукција „Совршени странци“ (Perfetti Sconosciuti) […]

24 јануари во историјата – Умре Винстон Черчил


  Винстон Леонард Спенсер Черчил, британскиот лидер кој ги водеше Велика Британија и сојузниците низ кризата од Втората светска војна, почина на 24 јануари 1965 во Лондон на 90-годишна возраст. Роден во палатата Бленхајм во 1874 година, Черчил им се придружи на британските Четврти Хусари по смртта на неговиот татко во 1895 година. Во наредните […]

Кинески хороскоп за 2023- што да очекуваме во годината на Зајакот?


Знакот на зајакот е симбол на долговечност, мир и просперитет во кинеската култура. Се предвидува дека 2023 година ќе биде година на надеж. Се верува дека луѓето родени во годината на зајакот се духовити, брзи, дури и генијални. Тие се исто така нежни, тивки, елегантни, вешти, љубезни, трпеливи и многу одговорни. Најпознати личности родени во […]

Истражување откри нешто исклучително интересно за вијаграта и мажите, но експертите не се целосно убедени во тоа


  Најновата студија покажа дека мажите кои користат вијагра имаат намален ризик од прерана смрт, но експертите не се целосно убедени. Еве зошто. Според резултатите од неодамна објавената научна студија, мажите кои земаат вијагра за еректилна дисфункција може да имаат помал ризик од прерана смрт. Споменатото истражување ги разгледа 14-годишните медицински досиеја на повеќе од […]

Зошто е добро да се јаде кисела зелка?


Зелката е една од ретките, ако не и единствена природна намирница која човекот успеал да ја подобри, односно да ѝ ги зголеми нутритивните својства преку процесот на киселење. Богатството од калиум, железо, магнезиум, сулфур и бакар, ја прави киселата зелка многу корисна за нашето здравје. Зелката преку процесот на киселење (ферментација) создава исклучително активен кобаламин […]

Хавајците се простија од „последната принцеза“


 Жителите на Хаваи се простија од Абигејл Киноики Кекаулике Кавананакоа, позната како „последната принцеза“ на оваа островска сојузна американска држава. Ковчегот со покојната 96-годишна наследничка беше јавно изложен вчера во палатата во центарот на Хонолулу, којашто, инаку, е одржувана од богатството на благородничката. Портпаролот на семејството, Керолин Витерспун ја нарече поворката „исклучително емотивна“, велејќи дека „редот […]

Овие знаци од хороскопот се мајстори да направат пари: Не сакаат напорна работа, но секогаш го имаат тоа што ќе го посакаат


Астрологијата открива кои хороскопски знаци претпочитаат задоволство отколку напорна работа. Кој не сака одмор? Сите уживаме во слободното време и кога би можеле така да заработуваме, сите би биле богати! Ова не го менува фактот дека има вистински работохоличари кои не мируваат! Во сè има две страни, вклучително и оние кои сакаат да постигнат резултати […]

Израелски научници ја споија современата технологија со – скакулец


Истражувачи од Универзитетот на Тел Авив го создадоа можеби најчувствителниот уред за идентификација на мирис во светот со комбинирање на денешната врвна електроника и вештачка интелигенција со „технологија“ стара стотици милиони години – антена на скакулец. Некои аеродроми користат „роботи со вештачки нос“ за откривање криумчарења, на пр. на марихуана. Сепак, оние понапредните аеродроми користат […]

23 јануари во историјата – Во земјотрес во Кина загинаа 830.000 луѓе


  На 23 јануари 1556 година, во земјотрес во Шанкси, Кина, загинаа околу 830.000 луѓе. Броењето на жртвите често е непрецизно по големи катастрофи, особено пред 20 век, но оваа катастрофа сè уште се смета за најсмртоносната на сите времиња. Земјотресот се случи во доцните вечерни часови, а последователните потреси продолжија и следното утро. Подоцнежното […]