Русија уништила 300 илјади тони жито откако се повлече од договорот, тврди Киев


Русија погоди шест цивилни бродови, 150 пристанишни и житни објекти и уништи повеќе од 300 илјади тони жито откако во јули се повлече од договорот за безбеден извоз на украинска храна преку Црното Море, соопшти денеска украинската влада, пренесоа британските медиуми. Дваесет и еден брод веќе биле натоварени со жито за извоз и го користат […]

ОН изразија загриженост за цивилите во Појасот Газа


Обединетите нации изразуваат длабока загриженост за сите цивили во Појасот Газа, откако Израел му нареди на целото население да го напушти северот, поради тековните воздушни напади и продлабочената хуманитарна криза. Портпаролот на ОН Стефан Дијарик рече дека се очекува околу 1,1 милион луѓе да го напуштат северниот дел на Газа, додавајќи дека истата наредба се […]

Лукашенко: Доаѓаат тешки времиња


 Земјите од Комонвелтот на независни држави се соочуваат со тешки времиња поради геополитичката ситуација, изјави белорускиот претседател Александар Лукашенко. Тој истакна дека Минск и Москва многу сериозно ја сфатиле ситуацијата во која се наоѓаат. -Од една страна, јасно е, постои голем брат (Русија) кој се обидува да ни помогне. Се разбира, и таа има свои […]

Ватикан нуди посредување за ослободување на заложниците и смирување на судирот во Газа


 Ватикан денеска понуди да посредува меѓу Израел и палестинските милитанти за ослободување на заложниците во Газа и да го олесни постигнувањето мир, но најави и дека „израелскиот одговор на нехуманиот напад на Хамас мора да ги почитува законите за пропорционалност“. Државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, кажа дека Светата столица останува цврсто убедена дека […]

Колкав е лавиринтот од тунели на Хамас што е главна мета на Израел?


Израел објави дека го напаѓа тајниот лавиринт од тунели изграден под Појасот Газа, додека продолжува да се одмаздува за нападот на палестински Хамас.  „Замислете го Појасот Газа како еден слој за цивилите, а потоа друг слој за Хамас. Ние се обидуваме да дојдеме до вториот слој што го изгради Хамас“, рече портпаролот на израелските одбранбени […]

„Каде се срцата на луѓето?“: Бабата на премиерот на Шкотска испрати видео со солзи од Газа


  Бабата на првиот министер на Шкотска праша: „Каде е хуманоста на луѓето?“ во плачливо видео од Газа. Елизабет Ел-Накла – мајка Надија, сопругата на премиерот на Шкотска,Хамза Јусаф, Надија – отпатува од нејзиниот дом во Шкотска минатата недела за да го посети семејството во Газа со нејзиниот сопруг Магед, но оттогаш е „заробена“ таму […]

Напад во француско училиште. Наставникот е убиен, напаѓачот извикал „Алаху акбар“


Наставник е убиен во напад со нож во училиште во северниот француски град Арас, а истрагата е предадена на обвинителството за борба против тероризмот. Властите во департманот Па-де-Кале соопштија дека напаѓачот, кој рани уште еден наставник и припадник на училишното обезбедување, е уапсен. Осомничениот е Чеченец роден во Русија и е поранешен ученик во средното […]

Русија ги уапси и адвокатите на Навални


  Адвокатите на Алексеј Навални беа приведени како осомничени по извршените претреси, изјави прес-секретарот на рускиот политичар Кира Јармиш. „Адвокатите се притворени како осомничени, а не како сведоци. Веројатно, ќе има судења токму денес“, напиша Јармиш на својот профил на Твитер. Според „Медиазона“, приведени се Игор Сергунин, Вадим Кобзев и Алексеј Липцер. За што точно […]

Мецола и Фон дер Лајен пристигнаа во посета на Израел


  Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен пристигнаа во Израел.  Се очекува Мецола  да ја искористи својата посета за да повика на итно ослободување на заложниците, а истовремено да побара создавање хуманитарен коридор и заштита на цивилната инфраструктура во Газа.  „Тука сме со порака за солидарност […]

Хамас: Евакуација од Газа нема да се случи, ќе умреме и нема да заминеме!


Хамас ги повика луѓето насекаде – особено во земјите кои имаат граници со Израел – да го поддржат народот на Газа, истовремено повикувајќи ги палестинските жители да останат на место и да се спротивстават на израелската воена наредба за евакуација на северниот дел на Појасот Газа.  – Им кажуваме на луѓето од северна Газа и […]

Како потфрли државата Израел?


Израелците деновиве се прашуваат што се случи со државата , каде исчезна кога требаше да биде најприсутна и зошто потфрли во најважниот – безбедносен аспект, и два дена не можеше да одговори соодветно на нападите од Хамас. Јувал Ноа Харари, автор на „Sapiens“, „Homo Deus“ и „Unstoppable Us“ и професор по историја на Хебрејскиот универзитет […]

Европските социјалисти ја суспендираа партијата Смер на Роберт Фицо, заедно со Хлас


  Партијата на европските социјалисти во четвртокот ја суспендираше партијата Смер на Роберт Фицо, која победи на изборите, и партијата Хлас  на Петер Пелегрини, кои во средата објавија дека формирале влада во Словачка. „Овој чекор е преземен по јасната дивергенција од вредностите на семејството на ПЕС што ги демонстрираше лидерот на Смер-СД, Роберт Фицо. И […]

Најмалку 258 израелски војници убиени од Хамас


  Најмалку 258 израелски војници се убиени во борбите против палестинските милитанти откако милитантите на Хамас го нападнаа Израел во саботата, соопшти ИДФ денеска. „Ужалените семејства на 258 загинати војници се официјално известени“, рече портпаролот на израелската армија Даниел Хагари на брифингот со новинарите, ревидирајќи го претходниот биланс од 169 убиени војници. Инаку, израелската војска […]

Трамп сака Нетанјаху да биде сменет, министерот за одбрана бил „кретен“


  Поранешниот американски претседател Доналд Трамп приватно барал премиерот Бенјамин Нетанјаху да биде „отповикан“ затоа што не го предвидел масовниот напад на Хамас, се вели во извештајот од четвртокот. Ставот е изнесен во разговорите што Трамп ги имал со неколку произраелски, републикански сојузници кои го прашале поранешниот претседател и актуелен претседателски фаворит од Републиканската партија […]

СЗО: Барањето за евакуација на пациенти во Газа е „смртна казна“


Светската здравствена организација (СЗО) нагласи дека барањето од пациентите во болниците да се евакуираат во Газа е „смртна казна“, а генералниот директор на организацијата го повика Израел да ја повлече својата одлука со која нареди евакуација. СЗО денеска соопшти дека локалните здравствени власти во Газа ги информирале оти е невозможно да се евакуираат болнички пациенти […]

Најмалку седуммина загинати при превртување комбе во близина на Минхен, возачот бегал од полициска потера


Најмалку седум лица загинаа, а десетици се повредени, од кои некои потешко, кога маж за кој се сомнева дека е шверцер на мигранти изгубил контрола над своето комбе додека се обидувал да побегне од полициска потера, соопшти денеска германската полиција. Во соопштението се вели дека несреќата се случила на автопатот А94 источно од Минхен, откако […]

Амнести интернешнел: Колективното казнување на цивилите во Газа е воено злосторство


Групата за заштита на човекови права Амнести интернешнел денеска го повика Израел „веднаш“ да ја укине блокадата на Газа, велејќи дека „колективната казна“ на цивилите за терористичките злосторства на Хамас е воено злосторство. Блокадата на Израел на густо населената територија „го потона Појасот Газа во темнина и ќе ја влоши тековната хуманитарна катастрофа“, се вели […]

Јапонија: Почнува судскиот процес против атентаторот на премиерот Шинѕо Абе


 Во јапонскиот град Нара денеска со прелиминарно рочиште почнува судскиот процес против Тецуја Јамагами, атентаторот на поранешниот јапонски премиер Шинѕо Абе. Судењето на четириесетгодишниот Јамагами, кој е обвинет за убиството на шеесет и седумгодишниот Абе со рачно изработенa двоцефка на 8 јули минатата година, ќе биде затворено за јавноста и за медиумите. Процесот требаше да […]

Орбан забрани протести за поддршка на терористи


 „Унгарија нема да дозволи никакви собири за поддршка на терористичките организации“, изјави утрово унгарскиот премиер Виктор Орбан на јавното радио, додавајќи дека сите унгарски граѓани треба да се чувствуваат безбедно, без разлика на нивната вера или потекло. – Шокантно е тоа што симпатизери на терористите одржуваат протести низ цела Европа, рече Орбан.. – Имаше обиди […]

Повеќе од 600 луѓе во Нигерија починале од дифтерија


Повеќе од 600 луѓе, претежно деца, починале од дифтерија во Нигерија од почетокот на епидемијата во декември 2022 година. Со 14.000 регистрирани случаи, оваа епидемија е далеку потешка од претходната во 2011 година, кога беа пријавени 98 случаи, пишува Би-Би-Си. Федералната држава Кано на северот на Нигерија е епицентарот, каде што се регистрирани повеќе од […]