Кралот на крипто берзата прогласен за виновен за измама, го чекаат децении затвор

Некогашниот магнат Сем Бенкмен-Фрид беше прогласен за виновен по сите седум точки од обвинението за измама и заговор за перење пари


 

Сем Бенкмен-Фрид, основачот на сега банкротираната крипто берза ФТХ, беше прогласен за виновен по сите точки од обвинението за измама на своите клиенти во четвртокот пред федералниот суд на Менхетен.

Некогашниот магнат беше прогласен за виновен по сите седум точки од обвинението за измама и заговор за перење пари. Тој се соочува со децении затвор на рочиштето за изрекување на пресудата подоцна. Пресудата, донесена по само четири часа разгледување на поротата, стави крај на неколкунеделните судски постапки во кои беа прикажани неверојатни сведочења од неговите најблиски соработници и самиот обесчестен претприемач. Својата невиност ја задржа до крајот.

Банкмен-Фрид беше обвинет за измама на клиентите на ФТХ од околу 10 милијарди долари. Обвинителите рекоа дека неговата измама се проширила од 2019 година до ноември 2022 година, кога ФТХ пропадна под тежината на ликвидносната криза, предизвикана од позајмувањето на средства од клиенти на „Аламеда“, сестринскиот хеџ фонд на ФТХ, без да им каже.

Банкмен-Фрид призна „големи грешки“ во неговото управување со берзата за време на неговото сведочење, вклучително и дека никогаш не поставил тим за управување со ризик. Тој се обиде да ги избегне прашањата на обвинителите со многу изјави „не се сеќавам“, но се соочи со изјавите што ги дал за време на неговата обемна медиумска турнеја по колапсот. На прашањето дали некогаш ја испратил пораката „Ебати регулаторите“ на новинар, тој призна: „Тоа еднаш го кажав“.

Бенкмен-Фрид извлече „украдени средства“ за да се збогати и да ги покрие високоризичните инвестиции на „Аламеда“, соопштија обвинителите. Според обвинението, тој го зајакнал својот луксузен животен стил со „прекумерно трошење“ кое не е поврзано со операциите на ФТХ, како што се 100 милиони американски долари политички придонеси и поддршка на познати личности од А-листата, според обвинението. Ова, исто така, вклучуваше наплата на сметката за лични трошоци, како што се 200 милиони долари во имотот на Бахамите и отплата на заемите дадени на „Аламеда“, која се соочи со буџетски недостиг од 8 милијарди долари бидејќи крипто-пазарот се скрати во 2022 година.