Бајден утре ќе го пречека Зеленски за разговори во Белата куќа


Вашингтон – Претседателот на СAД Џо Бајден утре ќе биде домаќин на својот украински колега Володимир Зеленски, со кого ќе има средба во Белата куќа. Бајден го повика Зеленски за „да ја нагласи непоколебливата посветеност на САД да го поддржат народот на Украина додека тие се бранат од бруталната руска инвазија“, рече портпаролката на Белата куќа, […]

На ОН им требаат 46,4 милијарди долари за помош во „мрачната“ 2024 година


Њујорк – Обединетите нации соопштија дека им се потребни 46,4 милијарди долари следната година за  помош на околу 180 милиони луѓе ширум светот. ОН соопштија дека глобалната хуманитарна перспектива за 2024 година е „мрачна“, со конфликти, климатски вонредни состојби и економии во колапс што „прават хаос“ на најранливите. Додека глобалното внимание се фокусира на конфликтот […]

Во Италија се судрија два воза, најмалку 17 повредени


Во судир на два воза во Италија полесно се повредени 17 лица. Возовите се судриле со мала брзина и не излетале од шините, при што е причинета материјална штета на предниот дел на возовите. Најмалку 17 лица се повредени во судир на два воза на италијанската пруга Болоња-Римини во областа Фаенца меѓу Кастелболоњезе и Форли. […]

Трагедија во Бразил, девет лица загинаа во пожар во камп за фармери


Најмалку девет лица загинаа, а осум се повредени откако пожар избувна во камп за фармери во северната бразилска држава Пара. Пожарот предизвика краток спој во електричната мрежа за време на инсталацијата на безжичен интернет во кампот на фармерите, кој се наоѓа во градот Парауапебас, соопштија од кампот. Водачите на локалната заедница на заедничката прес-конференција изјавија […]

Откриена голема мрежа на тунели и канцеларија на лидерот на Хамас во Газа


Израелската армија откри голема мрежа на тунели во градот Газа и канцеларијата на лидерот на Хамас Јахја Синвар, под таканаречениот плоштад Палестина, изјави денеска портпаролот на израелските одбранбени сили Даниел Хагари. -На подрачјето на плоштадот Палестина, има канцеларија на Јахја Синвар, владини канцеларии, имот на високи функционери на Хамас, а има и мрежа на терористички […]

Нетанјаху го критикуваше рускиот став за Газа во разговорот со Путин


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го критикуваше ставот на Русија за војната во Газа во разговорите со рускиот претседател Владимир Путин. Канцеларијата на Нетанјаху денеска објави дека израелскиот лидер го изразил своето незадоволство од ставовите на руските претставници во Обединетите нации и на други меѓународни форуми. Нетанјаху, исто така, „искажа остри критики за опасната соработка меѓу […]

Новиот претседател на Аргентина, Милеи, положи заклетва


Новиот претседател на Аргентина, Хавиер Милеи денеска положи заклетва пред парламентот на земјата и со тоа и официјално ја презеде претседателската функција, јавија британските медиуми. Како претседателски кандидат, Милеи вети дека ќе го исчисти политичкиот естаблишмент од корупција, ќе ја елиминира Централната банка, која ја обвини дека печати пари и ја поттикнува инфлацијата и дека […]

Од почетокот на конфликтот, 425 израелски војници се убиени, 1.593 ранети


Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска објавија дека од 7 октомври досега се убиени 425 израелски војници, а 1.593 се ранети, според новоотворената веб-страница која го ажурира бројот на загинати и ранети војници за време на војната со Хамас. Од 1.593 ранети, 255 се тешко ранети, 446 со полесни повреди, а 892 се полесно ранети, објави […]

Лавров: За мир во Украина неопходна промена на декретот на Зеленски


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека заради мирот во Украина, неопходно е да се промени претседателскиот декрет издаден од Володимир Зеленски минатата година. -Ќе треба да го поканите господинот Зеленски, бидејќи пред година и пол потпиша декрет со кој се забрануваат преговори со Владимир Путин, рече Лавров на прашањето за дипломатскиот […]

Досегашните ветувања на КОП28 ќе донесат само 30 отсто намалување на емисиите до 2030 година


Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) денеска предупреди дека емисиите на стакленички гасови може да се намалат само за 30 отсто до 2030 година врз основа на ветувањата на земјите на климатската конференција на ОН во Дубаи (COP28). Ако земјите не преземат поамбициозни мерки, светот нема да ги избегне најлошите последици од климатските промени, смета агенцијата. […]

Доделени нобеловите награди на церемонии во Стокхолм и Осло


 Затворената иранска активист за човекови права Наргес Мохамади е наградена со Нобеловата награда на денешната церемонија во Градското собрание во Осло. Нејзините деца Киана и Али Рахмани ја примија наградата во име на Мохамади (51), кој останува во ирански затвор, јави ДПА. Седумнаесет-годишните близначки го прочитале говорот на нивната мајка, кој таа го напишала во […]

Израелските тенкови стигнаа до центарот на градот Кан Јунис во Појасот Газа


 Израелските тенкови стигнаа до центарот на градот Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа, објавија британските медиуми. Жителите на градот велат дека тенковите стигнале до главната сообраќајница која минува низ централниот дел на градот и ги поврзува северните и јужните делови на Појасот Газа. Ова се случи по интензивните ноќни борби, кои сепак успеаја […]

Нетанјаху ја напушти седницата на Владата на Израел за да разговара со Путин


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предвреме ја напушти денешната седница на Владата на Израел и разговараше педесет минути со рускиот претседател Владимир Путни, изјави неговиот портпарол за израелските медиуми. Телефонскиот разговор доаѓа во време на затегнати односи со Русија поради нејзиниот цврст анти-израелски став во војната против палестинскиот Хамас и додека рускиот амбасадор во ОН го […]

Руски лекари му напишаа отворено писмо на Путин во кое го повикаа да овозможи Навални да се лекува


Руски лекари објавија отворено писмо до рускиот претседател Владимир Путин во кое бараат да му се укаже третман на опозицискиот лидер Алексеј Навални, кој се разболе во затвор, јави ДПА. Во писмото, потпишано од повеќе од 100 руски лекари денеска до пладне, се наведува дека одбивањето да се обезбеди лекување на Навални го прекршува рускиот […]

Политико: САД бараат Израел да ги прекине нападите врз Газа до крајот на годината


Американскиот информативен портал „Политико“ објави дека американската влада му дала рок на Израел до крајот на годината да ги запре нападите врз Газа. Повикувајќи се на тројца неименувани функционери во Израел, „Политико“ пишува дека „Администрацијата на Џо Бајден му даде рок на Израел до крајот на годината да ги прекине нападите врз Газа“. Се наведува […]

Пред 75 години беше прифатена Универзалната декларација за човекови права


 На денешен ден пред 75 години на Генералното собрание на ОН во Париз беше прифатена Универзалната декларација за човекови права. Овој основен документ ги поврзува сите неотуѓиви права на секое човечко суштество, без разлика на неговата раса, боја на кожа, религија, пол, јазик, национална, политичка или друга припадност. Преведен е на повеќе од 500 светски […]

Шест лица загинаа, над 20 се повредени во силно невреме во Тенеси


Во силното невреме што вчера ја зафати јужната американска држава Тенеси, шест лица загинаа, а повеќе од 20 повредени се префрлени во болници, а во многу градови оштетени се домови и деловни простории. Три лица, меѓу кои и едно дете, загинаа кога торнадо го погоди округот Монтгомери северно од Нешвил во близина на границата со […]

Зеленски, Орбан, Болсонаро… Кој ќе присуствува на денешната инаугурација на претседателот на Аргентина


Во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес сè е подготвено за денешната инаугурација на новиот претседател Хавиер Милеи, човекот кој ја потресе политичката сцена на оваа земја. Во услови на бројни економски и други проблеми со кои се соочува Аргентина, Милеи успеа да стекне најголема популарност меѓу гласачите и со низа необични изборни ветувања победи […]

Застрелани тројца тинејџери во Шведска


Тројца тинејџери  се ранети во престрелка во Шведска. СВТ пишува дека пукањето се случило во Ховсјо, југозападно од Седертаље. „Најдовме три лица кои беа застрелани, на отворено и блиску еден до друг“, рече портпаролката на полицијата Надја Нортон. Според информациите на СВТ, биле застрелани тинејџери родени 2006 и 2007 година. Еден е тешко повреден. Полицијата […]

Инцидент во Јужното Кинеско Море, филипински бродови нападнати со водени топови


Службеник на филипинската крајбрежна стража ја обвини Кина дека пукала со водени топови и ги погодила филипинските бродови за снабдување во Јужното Кинеско Море, при што еден од бродовите претрпел сериозно оштетување на моторот. Портпаролот на крајбрежната стража Џеј Тариела на платформата X (Икс) објави дека кинеската крајбрежна стража испукала водени топови врз два филипински […]