Десеткратно зголемени случаи на денга треска за 20 години


Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека пријавените случаи на денга треска низ светот се зголемени за десет пати во текот на изминатите 20 години, пред се поради климатските промени и зголеменото ширење на комарците кои го носат вирусот се делумно виновни за преносот на вирусот. Денга треската и натаму преовладува првенствено во Северна и Јужна […]

Иран се заканува со „затворање на Медитеранот“


Командант на Иранската револуционерна гарда изјави дека Средоземното Море би можело да биде затворено доколку САД и нивните сојузници продолжат да вршат „злосторства“ во Газа, без да образложи како тоа би се случило. – Тие наскоро ќе дочекаат затворањето на Средоземното Море, Гибралтарскиот теснец и другите водни патишта, изјави бригадниот генерал Мохамад Реза Накди, координатор […]

Русија: Изборната комисија ја одби Екатерина Дунцова како претседателски кандидат


  Централната изборна комисија не ѝ дозволи на новинарката Екатерина Дунцова да учествува на претседателските избори во 2024 година. Независните руски медиуми јавуваат дека комисијата открила голем број сериозни грешки во документите доставени за номинација на кандидат. Според соопштението на комисијата, нотарот кој ги заверил документите направил грешки, вклучително и назначување на погрешен број на […]

Силно невреме помина низ Северна Европа, во Германија се очекуваат обилни врнежи од дожд и снег


 Во некои региони на Германија се очекуваат обилни врнежи од дожд и снег откако бурата Золтан опустоши големи делови од северна Европа непосредно пред католички Божик, јави ДПА. Властите предупредуваат на големи поплави во делови од покраините Долна Саксонија, Хамбург, Саксонија-Анхалт и Баварија. Според податоците на германската метеоролошка служба, повторно се очекува да падне снег, […]

Во Чешка Ден на жалост за жртвите од пукањето на Карловиот универзитет


Во Чешка денеска е Ден на жалост, откако 24-годишен студент во четвртокот во пукање на Карловиот универзитет, уби 14 и рани 25 лица, а потоа си го одзеде животот. Претседателот Петр Павел и други државни функционери се очекува да присуствуваат на мисата за загинатите во катедралата Свети Вит денеска во 11 часот, јавува Радио Праг […]

Буџетот за одбрана на САД за 2024 година изнесува рекордни 886 милијарди долари


Американскиот претседател Џо Бајден го потпиша законот за одбранбениот буџет на САД за следната година во износ од 886 милијарди долари, откако беше усвоен од двата дома на Конгресот минатата недела, соопшти Белата куќа. Буџетот за одбрана на САД за 2024 година е рекорд во историјата на земјата, кој вклучува и 800 милиони долари воена […]

Украинските специјални служби разбија корупциска шема за набавка на артилериски гранати за украинската војска


Службата за безбедност на Украина (ССУ) во соработка и со помош на Министерството за одбрана разби корупциска шема за набавка на артилериски гранати за украинската армија во вредност од речиси 1,5 милијарди гривни (близу 40 милиони долари). Прес-службата на ССУ објави дека како резултат на истражните дејствија во Киев, бил приведен шефот на една од […]

Врховниот суд го одби барањето на обвинителот за брза одлука за имунитетот на Трамп


Врховниот суд на САД соопшти дека нема веднаш да го разгледа барањето на специјалниот советник Џек Смит да го забрза процесот на одлучување за тоа дали поранешниот претседател Доналд Трамп може да биде кривично гонет за неговите постапки со намера поништување на резултатите од изборите во 2020 година. Одлуката на судот е победа за Трамп […]

Вашингтон го обвини Иран дека е „длабоко вклучен“ во нападите врз трговските бродови во Црвеното Море


Иран е „длабоко вклучен“ во планирањето операции против трговските бродови во Црвеното Море, а неговото разузнавање игра клучна улога во способноста на јеменските бунтовници Хути да напаѓаат бродови, соопшти денеска Белата куќа. Хутите поддржани од Иран, кои велат дека ги извршуваат своите напади за поддршка на Палестинците во Газа, ги напаѓаат трговските бродови во Црвеното […]

Објавена снимка на која Трамп ги повикува претставниците на изборите да ја поништат победата на Бајден


  Доналд Трамп извршил притисок врз претставниците на изборите во Мичиген и побарал од нив да не ја потврдуваат победата на демократот Џо Бајден во државата по претседателските избори во 2020 година, објави Детроит њуз. Во телефонски разговор на 17 ноември 2020 година, тогашниот американски претседател им кажал на претставниците на изборите во округот Вејн, […]

Кога Холандија ќе добие нова Влада: Вилдерс се уште далеку од договор


Еден месец по изненадувачки убедливата победа на неговата екстремно десничарска Партија на слободата (ПВВ) на парламентарните избори во Холандија, Герт Вилдерс се уште преговара зад затворени врати со потенцијалните партнери за формирање владина коалиција, но според партиски извори земјата засега е се уште далеку од тоа да добие нова Влада.  На изборите на 22 ноември, […]

Силно невреме го погоди северот на Европа: Во Холандија за прв пат се подигнати сите бариери за поплави


Невремето кое синоќа пристигна во Северна Европа предизвика големи штети, а имаше предупредување за поплави на брегот на Северното Море. Поради силните ветрови, се урна новогодишна елка во Белгија, при што едно лице загина, а двајца се повредени. Божиќниот саем потоа беше откажан. Уште едно лице почина во Холандија. Storm Zoltan has hit the coast […]

Советот за безбедност усвои резолуција за Газа без повик за прекин на огнот


  По многу одложувања, Советот за безбедност на ОН во петокот усвои ослабена резолуција со која се бара веднаш да се забрза испораката на помош за очајните цивили во Газа, но без првичниот повик за „итно прекинување на непријателствата“ меѓу Израел и Хамас. Гласањето во 15-члениот совет беше 13-0, а САД и Русија беа воздржани. […]

ЕУ ќе исплати 118 милиони евра на палестинската власт на Западниот Брег


Палестинската управа, која делумно го контролира Западниот Брег, треба да добие финансирање од ЕУ повеќе од 118 милиони евра, објави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Одобрувањето беше постигнато по внимателна контрола, рече Фон дер Лајен во Брисел. Во моментов се размислува за идната долгорочна поддршка, со завршени планови за 2024 година, рече […]

Холандија ќе и испорача 18 авиони Ф-16 на Украина


Холандија ќе и испорача 18 борбени авиони Ф-16 на Украина за да помогне во борбата против руската инвазија, соопшти денеска холандската Влада. „Денеска го информирав претседателот Зеленски за одлуката на нашата влада да ги подготви првите 18 борбени авиони Ф-16 за испорака во Украина. Испораката на Ф-16 е еден од најважните елементи во склучените договори […]

Русите скандализирани од „речиси голата забава“ на славните личности


Руското општество беше скандализирано од забавата на ТВ водителка и видео блогерка Анастасија Ивлеева во московскиот клуб „Мутабор“, на која гостите беа замолени да се појават „речиси голи“. Повеќето познати личности забележани на забавата – Филип Киркоров, Дима Билан, Ксенија Собчак, Лолита Миљавскаја, Алена Водонаева, Џиган и многу други познати ликови од московската забавна сцена […]

Украина собори три авиони „Су-34“


  Украина веројатно собори еден или повеќе авиони „Су-34“ на Јужниот фронт откако Германија го префрли комплексот „Патриот“. Командантот на воздухопловните сили на украинските вооружени сили, Николај Олешчук, објави соборување на три авиони. „Денеска напладне во јужниот правец забележавме минус три руски ловци-бомбардери ‘Су-34’“, напиша тој на каналот на Телеграм. „Ви благодариме на сите за […]

Секретарот на рускиот Совет за безбедност го наредил убиството на Пригожин


Секретарот на рускиот совет за безбедност, Николај Патрушев, наводно, го наредил убиството на починатиот шеф на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин, пишува Wall Street Journal (WSJ) , повикувајќи се на западно разузнавање и поранешен руски разузнавач. Пригожин и другите врвни команданти на Вагнер беа убиени во август кога неговиот авион експлодираше, инцидент за кој многумина […]

Израел ја губи војната со Хамас, но Нетанјаху никогаш нема да признае


До неодамна, воениот наратив за Газа беше во голема мера контролиран од израелските одбранбени сили (ИДФ) и Министерството за одбрана на земјата. Меѓународниот углед на Израел драстично опадна по убиството на повеќе од 20.000 Палестинци, ранувањето на повеќе од 50.000 и уништувањето на голем дел од Газа, но ИДФсепак можеше да продаде веродостојна приказна за […]

Мелони предложи опасни уставни измени што потсетуваат на реформите на Мусолини


Оптиката е страшна: италијанската премиерка Џорџија Мелони даде предлози за уставни реформи кои морничаво потсетуваат на уставната промена направена пред еден век од Бенито Мусолини. Усвоен во ноември 1923 година, озлогласениот Закон Ацербо на Мусолини утврди дека партијата што ќе освои најголем дел од гласовите – дури и само 25 проценти – ќе добие две […]