Некој во Лондон оставил новороденче во торба, го нашол случаен минувач


Човек шетајќи ги своите кучиња вчера вечерта пронашол новороденче завиткано во крпа и оставено во торба за пазарење во источен Лондон. Тогаш температурата во Њухам била под нулата, а мажот го чувал бебето на топло додека не дојде брзата помош.

Полицијата соопшти дека бебето е здраво и  е пренесено во болница, а започнала потрага по мајката.

„Загрижени сме за мајката на детето. Таа мора да минува низ трауматично искуство и ќе и треба итна медицинска помош по раѓањето“, изјавил наредникот Сајмон Крик, а пренесува Би-би-си.