Ќе има генерации изгубени деца


Шефот на агенцијата на ОН за палестински бегалци, Филип Лазарини, предупреди дека уништувањето и смртта на цивилите во Газа може да доведат до „изгубена генерација“ деца.

„Денес има повеќе од половина милион деца во основното и средното образование. Како ќе се вратат ако не можете да ги вратите луѓето во нивните домови кои се целосно уништени. И се плашам дека ризикуваме да изгубиме генерација деца овде“, изјави тој за Би-би-си по посетата на палестинската територија, четврта од почетокот на војната.

Оваа недела Универзитетот Ал Исра исчезна од мапата откако израелските сили, кои неколку недели го користеа како воена база, го урнаа.

Безобразен скандал – 23 милиони од државата за свештеник кој го истерува ѓаволот со шваргел
Според последните податоци на ОН, најмалку 60 отсто од домовите или станбените единици во Газа се „уништени или оштетени“.

Девет од 10 училишта имаат „значителна штета“, а погодени се и болници, јавни институции и електрични мрежи, соопшти Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (OCHA).

Денеска Министерството за здравство на Хамас објави дека 24.762 лица загинале во Појасот Газа од почетокот на израелската воена одмазда за нападите на палестинските екстремисти на 7 октомври.

Според истиот извор, во изминатите 24 часа загинале 142 лица.

Според Министерството, 62.108 се ранети, а многумина се затрупани под урнатините.

Речиси три четвртини од загинатите се жени и малолетници, соопшти Хамас претходно оваа недела.