Масовниот убиец Брејвик ја тужи Норвешка


Андреас Беринг Брејвик, екстремно десничарскиот терорист кој уби 77 луѓе во Норвешка во 2011 година, денеска ќе побара од судот да ја прекине неговата изолација, тврдејќи дека тоа ги крши неговите човекови права. Брејвик, кој испрати копии од својот манифест пред крвавата кампања, ја тужи државата во обид да ги укине ограничувањата на неговата комуникација […]

Украина собори 18 од 51 истрелани руски проектили


Десетици се повредени, меѓу кои и деца во нападите од страна на руските воздухопловни сили кои во текот на ноќта ја бомбардираа Украина со проектили. Во градот Новомосковск повредени се 24 лица, меѓу кои пет деца, јавија украинските медиуми. Украинската воздушна одбрана собори 18 од вкупно 51 ракета од различен тип истрелани во уште еден […]

Кси со нов закон ќе ги прави Кинезите поголеми патриоти


Еден декемвриски ден, средношколците во Фужоу, југоисточна Кина, се собраа во селскиот парк за да ги проучат мислите на кинескиот лидер Кси Џинпинг. Развивајќи црвен транспарент што го прогласи нивното излегување како „проодна училница за политика и идеологија“, тие бараа просветлување со следење на стапките што ги направи Кси при неговата посета на соседството во 2021 […]

Леден бран и бури низ Европа – температури од – 44 степени Целзиусови


По благиот почеток на зимата, Европа ја зафати студен бран, кој викендов ќе стигне и до Балканот. Се очекува дека температурите ќе паднат под просекот за овој период од годината насекаде, од Велика Британија до Франција и Германија. Температурите во Лондон во текот на ноќта би можеле да се спуштат под нулата до понеделник, додека […]

Повеќе од 10 деца секојдневно остануваат без нозе во Газа


Повеќе од 10 деца во просек губат една или двете нозе секој ден во Газа од 7 октомври, со многу ампутации извршени без анестезија, објави во неделата  добротворна организација, нагласувајќи ја страшната хуманитарна ситуација во палестинската енклава по повеќе од три месеци израелско бомбардирање. Во соопштението кое ја цитира статистиката на Обединетите нации, директорот на […]

Противниците на либанското движење Хезболах објавија порака на екраните на аеродромот во Бејрут


Аеродромот во Бејрут вчера беше цел на кибер напад. На екраните со информации за летот имаше порака против шиитското движење Хезболах, во Либан, кое врши напади врз соседен Израел. На екраните се појави порака упатена до лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, која гласеше: „Во името на Господ и народот, аеродромот во Бејрут не им припаѓа […]

Најбараниот еквадорски криминалец исчезна од затвор


Озлогласениот водач на криминалната група Лос Чонерос исчезна од еквадорскиот затвор во кој се наоѓаше од 2011 година, соопштија властите и започнаа операција за негово лоцирање. Генералот Цезар Запата, началникот на полицијата, на прес-конференција изјави дека вооружените сили на земјата утврдиле дека еден од затворениците во затворот Гвајакил „исчезнал“. Иако Запата не го спомна името […]

СЗО не може да достави медицински материјали во северниот дел на Газа речиси две недели


Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека не можела да стигне до северот на Појасот Газа 12 дена за време на тековната војна меѓу Израел и Хамас. Планираната мисија во болницата Ал-Авда и четири други во северна Газа беше откажана по четврти пат бидејќи не можеше да се гарантира безбедноста, објави вчеравечер СЗО на платформата за […]

Двајца планинари загинаа на Алпите, беа погодени од голема лавина


Двајца планинари ги загубија животите на италијанските Алпи во близина на Швајцарија, откако беа фатени во лавина. Италијанската алпска спасувачка служба соопшти дека лавината удрила на надморска височина од 2.200 метри во неделата околу пладне. Телото на едното лице лавината го турнала во езерото во близина на дното на планината, додека другото било пронајдено закопано […]

Израел влегува во нова фаза на војната. Дали сè уште се обидува да го „уништи“ Хамас?


  Пред три месеци, зборувајќи пред граѓаните потресени од ужасниот ден на напади на Хамас, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху даде ветување. „ИДФ веднаш ќе ја употреби сета своја сила за да ги уништи капацитетите на Хамас“, рече Нетанјаху. „Ќе ги уништиме“. Сега, израелските одбранбени сили (ИДФ) се префрлаат во нова фаза од својата војна против […]

Пентагон со денови не ги информирал Бајден и Белата куќа за хоспитализацијата на Остин


Пентагон не им кажал на претседателот Џо Бајден и на другите високи функционери за хоспитализацијата на министерот за одбрана Лојд Остин три дена, изјавија тројца американски официјални лица, пренесува Политико. Советникот за национална безбедност Џејк Саливан и другите високи соработници во Белата куќа не знаеле за хоспитализацијата на Остин на 1 јануари сè додека Министерството […]

Вашингтон пост: САД се загрижени дека Нетанјаху може да почне војна и во Либан


Официјални лица во администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден се загрижени дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху би можел да започне војна против либанскиот Хезболах со цел да ја зацврсти својата позиција во земјата и да ја спаси својата политичка кариера, објави Вашингтон пост. Популарноста на Нетанјаху опадна од почетокот на војната со палестинскиот Хамас, бидејќи […]

Француски медиуми за Шарл Мишел: Лицето на ЕУ во сенка на Фон дер Лајен


„Диригент на оркестарот на лидерите на земјите-членки на ЕУ“ за време на нивните самити, Белгиецот Шарл Мишел четири години се обидуваше да го зачува единството меѓу 27-те во моменти на криза кои следат еден по друг, но никогаш не успеа да го наметне своето стил на позадината на тензиите со претседателот на Европската комисија, наведуваат […]

Северна Кореја се закани со вооружен одговор на какви било провокации


Севернокорејската армија веднаш ќе започне вооружен одговор на какви било провокации, изјави денеска Ким Јо Јонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, пренесоа севернокорејските медиуми. Предупредувањето дојде откако војската на Јужна Кореја соопшти дека Северна Кореја истрелала повеќе од 60 артилериски гранати во близина на спорната поморска граница меѓу двете земји во саботата, и […]

„Бог го создаде Трамп“: Бизарно видео на екс-претседателот на САД во кое сугерира дека прифаќа месијанска улога


Поранешниот претседател Доналд Трамп сподели бизарно видео направено од фановите на Truth Social, во кое се вели дека тој е божествено избран да ја води земјата. „И на 14 јуни 1946 година, Бог со презир погледна кон неговиот планиран рај и рече: ‘Ми треба чувар’. Така Господ ни го даде Трамп“, започнува видеото. Нараторот продолжува […]

Кина воведе санкции за пет американски одбранбени компании


Кина најави санкции против пет американски компании поврзани со одбранбената индустрија како одговор на американските испораки на оружје за Тајван и американските санкции против кинески компании и поединци. Компаниите погодени од кинеските санкции се BAE Systems Land and Armament, Alliant Techsystems Operation, AeroVironment, ViaSat и Data Link Solutions. Санкциите ќе ги замрзнат имотите на компаниите […]

Шарл Мишел ќе се кандидира за европратеник


Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел ќе се кандидира за избор во Европскиот парламент (ЕП) во јуни и ќе се повлече од сегашната функција доколку биде избран, соопшти вчера во интервју за белгискиот весник „Стандард“, пренесе БТА. -Одлучив да се кандидирам на европските избори во 2024 година“, вели Мишел, додавајќи: „Ако бидам избран, ќе седнам […]

Израелската армија уништила воени структури на Хамас во северниот дел на Појасот Газа


Портпаролот на израелската армија Даниел Хагари изјави дека во северниот дел на Појасот Газа е уништена воената структура на исламистичкото движење „Хамас“, јави ДПА. Хагари рече дека Хамас имал две бригади со 12 полкови во северниот дел на Газа пред почетокот на војната пред три месеци. -Таму имаше вкупно околу 14 илјади терористи, рече портпаролот, […]

Најмалку 11 лица, меѓу кои пет деца, загинаа во руски напад врз Покровск во источна Украина


Најмалку 11 лица, меѓу кои пет деца, загинаа, а осум се ранети вчера во руски напад врз градот Покровск во источна Украина, изјави гувернерот на областа Доњецк, Вадим Филашкин. -Русите ја нападнаа областа со ракети С-300, при што загинаа 11 лица, а уште осум беа повредени. Главниот напад беше на Покровск и Ривне во општина […]

Белгија се подготвува за температури под нулата


Почнувајќи од денеска, па во текот на следната недела Белгија ќе биде зафатена од студен бран со температури под нулата, јави дописникот на МИА од Брисел.  Како што соопшти белгискиот Кралски метеоролошки институт, Белгија ќе биде зафатена со најстуденото време од февруари 2021 година, при што температури ќе се движат од минус 5 до нула […]