Авион се урна врз куќа на Флорида: Има загинати, а избил голем пожар (видео)


Авионот Beechraft Bonanza V35 се урна во населбата во четвртокот вечерта, а веднаш избувнал огромен пожар.

Несреќата се случила околу 19 часот во реонот на Бејсајд Естејт, каде има голем подвижен парк за домови. Се уште не е познат точниот број на загинати.

По падот на авионот куќите се запалиле, јавува CBS.

Пронајдени се остатоците од авионот, а пожарникарите потврдија дека неколку луѓе загинале во авионот и во куќата каде што се урнал авионот.

„Можам да потврдам дека неколку лица загинаа од авионот и во мобилниот дом. Работиме да се осигураме дека нема повеќе штета или повредени, а засега имаме ограничени информации“, изјави шефот на противпожарната служба Скот Елерс.

Пилотот пријавил дефект на моторот пред падот

„За време на разговорот со воздушната кула, воздушната кула ги изгуби од радарот, на околу три милји северно од пистата“, додаде Елерс.

Федералната управа за авијација (FAA) и Националниот одбор за безбедност на транспортот ќе спроведат истрага.