Во земјотресот во Јапонија загинаа 202 лица, 102 се водат за исчезнати


Токио– Во земјотресот што го погоди западниот дел на Јапонија на 1 јануари загинаа 202 лица, соопштија денеска официјални лица. Според новиот биланс што го објавија локалните власти, 102 лица се водат како исчезнати. Земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала го погоди јапонскиот полуостров Ното во префектурата Ишикава на 1 јануари. Земјотресот […]

Возило удрило во надворешната порта на комплексот на Белата куќа, возачот приведен


Вашингтон – Возило удрило во надворешната порта на комплексот на Белата куќа во Вашингтон, соопшти американската тајна служба. Шефот за комуникации на американската тајна служба, Ентони Гуглиеми изјави дека возачот бил приведен, а истрагата е во тек. Белата куќа не одговори веднаш на барањето за коментар во врска со инцидентот што се случил вчера околу […]

Мистериозна смрт на главната уредничка на руската државна телевизија и нејзиниот бивш сопруг


Главниот уредник на руската државна телевизија Кубан Зоја Коновалова (48) е пронајдена мртва во нејзината спална соба, додека телото на нејзиниот поранешен сопруг Андреј Губатика (52) е пронајдено во близина. Телата на Коновалова и нејзиниот поранешен сопруг беа пронајдени во семејната куќа во Краснодар во саботата. – При прегледот на телото не се констатирани видливи […]

Ново моќно оружје од Германија наскоро ќе пристигне во Украина


Киев – Украина наскоро ќе го добие најновиот пакет германска воена помош. Договорот за помош, објавен во четвртокот од германската федерална влада, вклучува испорака на Оерликон Скајнекс, противвоздушен систем од германско производство, дизајниран за одбрана од краток дострел. Германија првпат го објави договорот од 200 милиони долари со Рајнметал, производител на Скајнекс, во декември 2022 […]

Над 20 лица повредени во експлозија во хотел во САД


Вашингтон – Дваесет и едно лице е повредено во експлозија во хотел во САД, пренесоа светските агенции. Се сомнева дека причина е истекување на гас. Експлозијата се случила во хотелот „Sandman Signature“ во центарот на Форт Ворт во американската сојузна држава Тексас. Еден од повредените е во критична состојба, четворица се во тешка состојба, останатите се […]

Стапија во сила нови правила за зајакнување на кибер безбедноста на институциите на ЕУ


Брисел – Во ЕУ стапи во сила нова Регулатива за кибер безбедност со која се утврдуваат мерки за високо ниво на заедничка заштита од хакерски напади на институциите, телата, канцелариите и агенциите на Унијата.  Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Регулативата утврдува мерки за воспоставување внатрешна рамка за управување со ризик, раководење и контрола […]

Земјотрес со јачина од 6,7 степени на Филипините, се проценува можноста за цунами


Земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Тихиот Океан во близина на брегот на Филипините, објави Американскиот геолошки институт. Земјотресот се случил околу 4:48 часот по локално време. Земјотресот се случил на длабочина од 70 километри, на околу 100 километри југоисточно од провинцијата Сарангани, соопшти УСГС. ЕМСЦ соопшти дека се проценува […]

Пропалестинските демонстранти блокираа мостови и тунел во Њујорк


Пропалестински демонстранти блокираа неколку мостови и тунел во Њујорк за да побараат итен прекин на огнот во тримесечниот конфликт меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа. Десетици демонстранти седнаа на тротоарот извикувајќи слогани на мостовите Бруклин, Менхетен и Вилијамсбург на Ист Ривер и на тунелот „Холандија“, кој ги поврзува Њујорк и Њу Џерси преку реката […]

Папата Франциск повика на светска забрана за сурогат мајчинство


Папата Франциск денеска повика да се прекине практиката на сурогат мајчинство насекаде во светот, информира италијанската новинска агенција АНСА. „Патот кон мирот бара почитување на животот, за секој човечки живот, почнувајќи од оној на нероденото дете во мајчината утроба, кое не може да се третира како стока“, рече Папата на средбата во Њујорк со претставниците […]

Студениот бран ги зафати централна и источна Европа


Студениот бран што ги зафати земјите во северна Европа во последните денови, денеска се спушти и кон централна и источна Европа, предизвикувајќи прекин на електричната енергија и проблеми со транспортот во Полска. Полскиот метеоролошки институт, кој предвиде дека температурите во североисточна Полска ќе се спуштат до минус 23 степени Целзиусови, издаде предупредување за голем студ […]

Бајден ја задржува целосната доверба во Остин


Американскиот претседател Џо Бајден продолжува да има „целосна доверба“ во министерот за одбрана Лојд Остин, изјави денеска портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер во врска со прашањата на пратениците за тоа што шефот на Пентагон неколку дена не пријавил дека е хоспитализиран. Остин, кој е втор човек по претседателот Бајден по команда на американските вооружени […]

Премиерката на Франција поднесе оставка


Француската премиерка Елизабет Борн му ја доставила оставката на претседателот Емануел Макрон, кој ја прифатил оставката, пренесува France info. На социјалната мрежа Икс, Макрон ѝ се заблагодари на Борн за сè што направи. „Госпоѓо премиерке, драга Елизабет Борн, вашата работа во служба на нашата нација секој ден беше примерна. Го реализиравте нашиот проект со храброст, […]

Рекорден број Кинези бегаат во САД за слобода и подобар живот


Доаѓаат со ранци со неколку резервни облеки за пресоблекувања и со какви било пари и телефони што не им ги украле криминалците или картелите по патот, пристигнувајќи на границата САД-Мексико исцрпени од стресот на патувањето кон север. Како и стотиците илјади луѓе околу нив кои исто така пешачеле со недели за да стигнат до САД, тие […]

Блинкен ги нарече „неодговорни“ изјавите на ултрадесничарските израелски министри


Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ги критикуваше, како што рече, „неодговорните“ и „запаливи“ изјави на израелските министри и пратеници кои повикаа на раселување на Палестинците од Газа. Блинкен оцени дека на палестинските цивили мора да им се дозволи да се вратат „дома штом ќе има услови“. „Не може и не смее да се врши […]

Кина соопшти дека открила странски консултант кој шпионирал за британската МИ6


  Кина во понеделникот соопшти дека уапсила странски државјанин кој бил шеф на консултантска фирма во странство поради наводно шпионирање во име на Обединетото Кралство. Кинеската цивилна шпионска агенција, Министерството за државна безбедност (МСС), објави во соопштение дека уапсила поединец по име Хуанг кој работел со британската МИ6 додека водел странска консултантска компанија. Агенцијата не […]

Готвач во Словачка ја уби својата девојка. Ѝ ги исекол срцето и цревата и ги ставил во кофа


Словачки готвач е осомничен за страшно убиство на својата девојка келнерка и се соочува со доживотна казна затвор. Полицијата ги пронашла грозоморните останки на 48-годишната жртва Патриција во станот во Братислава во кој живеела со готвачот Јозеф Хануска (47). Во станот била пронајдена и кофа со нејзините црева, срце и други органи, за која властите […]

Околу 350.000 луѓе поднеле барање за азил во Германија минатата година


 Околу 350.000 луѓе поднеле барање за азил во Германија во 2023 година. Ова е зголемување од 51,1 отсто во однос на претходната 2022 година. Точниот број на пријавени е 351.915. Најмногу има од Сирија – 104.561, на второ место се турските државјани – 62.624, на трето се Авганистанците – 53.582, соопшти денеска германската Федерална канцеларија […]

Трамп тврди: Бајден ја започнува третата светска војна? „За десет месеци…


Американскиот претседател Џозеф Бајден е во состојба да ја започне третата светска војна и да ја уништи Америка за десет месеци, колку што останува времето до претседателските избори во земјата. Ова го истакна неговиот претходник Доналд Трапм на партискиот состанок во Ајова. „Тие со никого не се однесуваат на вистински начин. Можеби ќе нè погоди […]

Дури 350.000 лица побарале азил во Германија


  Бројот на лица кои поднеле барање за азил во Германија минатата година се искачи на 351.915, што е зголемување од 51,1 отсто во споредба со претходната година. Најголем број баратели на азил дошле од Сирија, со 104.561 барање, потоа турските државјани со 62.624 барања за азил и 53.582 Авганистанци, соопшти во понеделникот германската Федерална […]

Шефот на Пентагон е на интензивна нега, никој не знае од што е болен


  Пентагон во неделата објави нови детали за континуираната хоспитализација на американскиот министер за одбрана Лојд Остин, велејќи дека тој имал медицинска процедура на 22 декември, отишол дома еден ден подоцна и бил примен на интензивна нега на 1 јануари кога почнал да чувствува силни болки. Последните информации дојдоа кога членовите на двете партии во […]