Папа Франциск: Радувајте се и не губете надеж и покрај кризите


Папата Франциск ги повика верниците на Велигденското бдение да се радуваат и да не губат надеж и покрај приватните и светските политички кризи. Овие кризи се „огромни камења на смртта“, рече Папата во базиликата Свети Петар во Рим пред околу 6.000 луѓе. Тој особено предупреди на непромислената омраза и суровоста на војната, кои го уништуваат […]

Папата Франциск присуствува на Велигденското бдение


Рим – Папата Франциск денеска учествува на Велигденското бдение во Ватикан, откако вчера, во последен момент, го откажа учеството во поворката на Велики петок во Римскиот Колосеум. Ватикан ја посочи вечерната миса во базиликата Свети Петар како денешниот единствен јавен ангажман на папата Франциск. Учеството на папата во поворката „Патот на крстот“ вчера беше откажано „за […]

Зеленски разреши повеќе соработници, меѓу кои и тројца советници


Киев – Претседателот на Украина Володимир Зеленски разреши неколку блиски соработници – Серхи Шефир од функцијата прв помошник на шефот на државата и тројца советници – Олех Устенко, Серхиј Трофимов и Михаило Радутски, објавија денеска украинските медиуми. Наредбите за разрешување се објавени на официјалната веб-страница на претседателот на државата, пишува порталот Укринформ. Шефир беше назначен […]

Бројот на загинати во терористичкиот напад кај Москва се зголеми на 144


Москва – Бројот на загинати во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ во близина на Москва денеска се искачи на 144 лица, додека уште 551 лице се повредени, соопшти прес-службата на Главната управа на Министерството за вонредни ситуации на Руската Федерација за Москва. Администрацијата додаде дека меѓу загинатите има пет деца, пренесува Интерфакс. Терористичкиот напад […]

Кражби во авионот на американскиот претседател


Вашингтон – Се чини дека сите крадат во авионот „Ер Форс 1“ на американскиот претседател Џозеф Бајден, објави Политико пишувајќи за предупредувањето упатено до новинари кои патуваат во авионот заедно со Бајден. Како што пренесува Бета, истрагата на Политико почнала со имејл испратен до членовите на Здружението на дописници од Белата куќа на почетокот на […]

Руската полиција ja уапси новинарката која го сними последното видео на Навални


Москва – Новинарката која го сними последното видео на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални пред неговата смрт, Антонина Фаворскаја е во притвор, јавија денеска светските медиуми. Фаворскаја неколку години ги следеше судењата на Навални, а меѓународната организација Репортери без граници во четвртокот соопшти дека таа е една од шесте новинари ширум земјата кои се уапсени […]

Бугарски крузер удри во бетонски ѕид на Дунав во Австрија, 17 лица се повредени


Виена – Вкупно 17 лица се повредени кога бугарски брод за крстарење во текот на ноќта удрил во бетонски ѕид на реката Дунав во градот Ашах, на северот на Австрија, соопшти денеска локалната полиција. Околу 160 патници се наоѓале на бродот кој патувал од Баварија, Германија кон австрискиот град Линц, кога удрил во бетонски ѕид […]

Бербок: Путин не сака да преговара


Берлин – Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок изјави дека очекува натамошна ескалација на војната во Украина, оценувајќи дека рускиот претседател Владимир Путин не сака да преговара. – Тој повеќе од јасно дава до знаење дека е надвор од дофатот на рационалните аргументи и вредностите на човештвото. И тој сигурно не сака да преговара, […]

Британската армија го промени историското правило и им дозволи на војниците да носат брада


На војниците и офицерите сега им е дозволено да пуштаат бради додека служат во британската армија. Брадата и мустаќите мора да бидат уредни, правилно негувани и редовно ќе се проверуваат. Политиката стапува на сила веднаш бидејќи армијата станува последна од вооружените сили што ќе дозволи својот персонал да пушти брада. Новата директива следи по долгогодишна […]

Русија: И славната Ала Пугачева ќе биде прогласена за „странски агент“


  Јавното обвинителство на Русија испрати барање до Министерството за правда да ја означи славната поп пејачка и икона на руската музика, Ала Пугачева, како „лице поврзано со странски агент“. Документот го објави шефот на Федералниот проект за безбедност и антикорупција Виталиј Бородин, пренесува РИА Новости. „Се надевам дека регулаторните органи ќе го разгледаат ова […]

Бајден: Постојано работиме да издејствуваме ослободување на Гершкович


Белата куќа објави изјава од претседателот Џо Бајден по повод навршувањето на една година руски затвор на новинарот на Волстрит џурнал, Иван Гершкович. -Новинарството не е злосторство и Иван замина за Русија да ја врши својата работа на известувач со ризик за неговата безбедност за да се открие вистината за жестоката агресија на Русија против […]

Зад бромансата на Макрон и Лула во амазонската прашума


БРАЗИЛИЈА, Бразил – Французинот Емануел Макрон и Бразилецот Луис Инасио Лула да Силва поминаа три дена јавно опсипувајќи се со меѓусебна претседателска наклонетост, врамени со златните зајдисонца на Амазон и белите модернистички палати во Бразилија. Тоа беше прва посета на Макрон на земјата на Лула, а дуото не пропушти можност да покаже единство за големи […]

Стапката на наталитет во Италија се намалува


Стапката на наталитет во Италија продолжи да се намалува и во изминатата година, кога се регистрирани 379.000 раѓања, или 6,4 на 1.000 луѓе, покажуваат прелиминарните податоци објавени денеска од Националниот институт за статистика на Италија (ИСТАТ), цитиран од италијанската новинска агенција АНСА. Во апсолутна смисла, ова е за 14.000 раѓања помалку од 2022 година, или […]

Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва


Почина уште едно повредено лице кое беше во критична состојба по нападот пред една недела во Москва, изјави рускиот министер за здравство Михаил Мурашко. Така, бројот на загинатите во терористичкиот напад што се случи на 22 март во концертната сала „Крокус сити хол“ се зголеми на 141, а уште неколку повредени се во тешка здравствена […]

Азербејџански трилер во срцето на демократијата во Европа


   Во вторникот голема публика се собра во германскиот Бундестаг за да ја гледа премиерата на трилерот – Am Abgrund (На работ). Филмот беше инспириран од неверојатната вистинска приказна за кавијар дипломатијата, деценискиот напор на Азербејџан да корумпира десетици парламентарци низ Европа, со посебен фокус на членовите на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ). […]

Туск: Почна нова ера на војни во Европа


Премиерот на Полска, Доналд Туск изјави дека руската инвазија врз Украина пред помалку од две години вовела нова ера на војни во Европа. – Знам дека звучи депримирачки, особено за помладата генерација, но мораме да се навикнеме на фактот дека почна нова ера: предвоената ера. Не претерувам, секој ден станува се појасно. Не сакам никого […]

Толпа во Мексико, до смрт, ја претепа жената киднаперка на убиеното девојче, на улица


Во мексиканскиот туристички град Такско, вчера, толпа гневни граѓани брутално претепаа жена осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче. Луѓето до смрт ја претепале жената неколку часа пред познатата градска поворка на Светата недела, пишува АП. Толпата настана откако во средата исчезна 8-годишно девојче. Нејзиното тело било пронајдено вчера рано наутро на пат на […]

Заканите растат, а војници сè помалку


Секое утро на носачот на авиони УСС Двајт Д. Ајзенхауер се повикува еден од членовите на екипажот да дојде до командниот мост, каде добива колач и каде го замолуваат да седне на капетанското место. Под услов да се согласи, неговите фотографии потоа се споделуваат на социјалните мрежи додека капетанот Крис Чауда Хил ги фали своите […]

Зеленски побара Конгресот на САД да ја деблокира помошта за Украина


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски побара од претседателот на Претставничкиот дом на САД, Мајк Џонсон за „брзо усвојување“ на огромната „витална“ воена помош. – Го информирав Џонсон за ситуацијата на бојното поле, посебно за драматичниот пораст на рускиот воздушен терор, истакна Зеленски по телефонскиот разговор со американскиот висок претставник Зеленски истакна дека американската воена помош […]

Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор


Американското Министерство за транспорт денеска и додели 60 милиони долари на сојузната држава Мериленд за помош по уривањето на мостот Френсис Скот Ки откако во него удри товарен брод. Гувернерот на Мериленд Вес Мур претходно побара средства за помош во „мобилизацијата, операциите и отстранувањето на отпадот“. Мур додаде дека овие средства ќе ги постават темелите […]