Бајден со помош на Обама и Клинтон собра рекордни 25 милиони долари за својата кампања


Кампањата за собирање средства за американскиот претседател Џо Бајден со поранешните претседатели Барак Обама и Бил Клинтон генерира над 25 милиони долари, најголема собрана сума досега во историјата на САД. Бајден синолќа со Обама и Клинтон учествуваше во дискусија во познатата њујоршка „Радио сити мјузикл хол“, модерирана од водителот на „Лејт шоу“ (The Late Show) […]

Голем руски напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони


Руски сили рано утринава ја нападнаа инфраструктурата во областа Камјанск, во близина на украинскиот град Днипро, при што е повредено најмалку едно лице, изјави регионалниот гувернер, додека медиумите објавија дека има експлозии и во регионите Ивано-Франковск и Хмелницки. „Непријателот ја нападна критичната инфраструктура во регионот. Главна цел на непријателот е нашиот народ и виталните места […]

Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија


Најмалку 21 човек се повредени откако автобус излета од патот и се преврти во германската западна провинција Северна Рајна-Вестфалија. Во автобусот имало околу 60 патници односно средношколци од градот Варбург, кои се враќале од посета на Англија. Еден од патниците е потешко повреден, но е вон животна опасност. Сообраќајната несреќа се случи еден ден откако […]

Израел ја нападна Сирија: Најмалку 38 лица загинаа во Алепо


Во синоќешните израелски напади врз северниот сириски град Алепо загинаа најмалку 38 лица, меѓу кои и борци од либанското шиитско движење Хезболах. Претходно сириското Министерство за одбрана соопшти дека при израелските напади погодени се неколку области во и околу градот при што загинале одреден број цивили и војници. По нападот на Хамас на 7 октомври, […]

Руски авион „Су-27“ соборен над Крим


  Руски борбен авион „Су-27“ беше соборен над територијата на Крим, пилотот се катапултираше, изјави гувернерот на Севастопол, Михаил Развожаев. „Воен авион се урна во морето. Пилотот се катапултирал. Тој бил собран од спасувачите на Севастополската спасувачка служба на растојание од двесте метри од брегот. Неговиот живот не е во опасност“, напиша тој на својот […]

Апликацијата „Телеграм“ блокираше илјадници налози поради повици на терористички напади


Апликацијата „Телеграм“ пред четири дена почна да презема мерки за спречување на пораки со повици на терористички напади, соопшти денеска основачот на месинџерот Павел Дуров. „Како резултат на тоа, беа стопирани десетици илјади обиди за испраќање такви пораки, а илјадници корисници кои учествуваа во овој флеш моб се соочија со трајно блокирање на нивните профили […]

„Гладта започна“: Меѓународниот суд му нареди на Израел да ја деблокира помошта во храна за Газа


  Меѓународниот суд на правдата му нареди на Израел да дозволи непречен пристап до прехранбена помош во Газа, каде што делови од населението се соочуваат со неизбежен глад, како значителен правен укор на тврдењето на Израел дека не ја блокира испораката на помош. Судскиот совет на највисокиот суд на ОН, кој веќе ја разгледува жалбата […]

САД предупредиле Русија дека зборува бесмислици за нападот во Москва


Советникот за национална безбедност на Белата куќа, контраадмирал Џон Кирби, денеска изјави дека САД испратиле писмено предупредување на руските безбедносни служби за напад извршен од екстремисти и дека тврдењата дека Украина била вмешана во нападот минатиот петок во Москва се „бесмислици“. Кирби, кој е помошник државен секретар за одбрана, повтори дека е јасно дека терористичката […]

Израел лани присвоил 50.000 хектари палестинска земја на Западниот Брег


Минатата година израелската администрација конфискуваше повеќе од 50 илјади хектари земјиште на Палестинците на окупираниот Западен Брег, јавија турските медиуми.  Според извештајот подготвен од Палестинскиот Централен статистички институт, површината на палестинската земја окупирана од Израел на окупираниот Западен Брег во 2023 година е двојно зголемена во споредба со претходната година. Тие изјавија дека Израел запленил […]

Полјаците разоткрија голема руска шпионска мрежа насочена против Европската унија


Полската контраразузнавачка служба (ABW) ги истражува активностите на проруската шпионска мрежа насочена против држави и тела членки на ЕУ. Ова денеска го соопшти Јацек Добржински, портпарол на полскиот владин координатор на тајните служби, пренесува onet.pl. Според ABW, членовите на мрежата сакале да организираат проруски иницијативи и медиумски кампањи во ЕУ со цел да ја промовираат […]

Се шири раздорот во германските социјалдемократи околу поддршката на Украина


  Германските владејачки социјалдемократи се приближуваат кон раздор околу политиката на владата во Украина, откако група значајни историчари во партијата ја осудија „двосмислената реторика“ на канцеларот Олаф Шолц кон Русија. Некои социјалдемократи стравуваат дека акцентот на Шолц да ја држи Германија надвор од војната со тоа што одбива да испрати ракети со долг дострел „Таурус“ […]

Џакарта нема повеќе да биде главен град на Индонезија


  Парламентот на Индонезија денеска одлучи поранешната метропола Џакарта да остане економски центар на земјата како дел од планот за преселување на главниот град на островот Борнео. Индонезија планира да го пресели својот главен град од преполната, ниска Џакарта во Нусантра, град вреден 32 милијарди долари кој се гради во џунглите на Источен Калимантан, Борнео. […]

Уште два смртни случаи, а повеќе од 100 хоспитализирани во Јапонија по земање додатоци во исхраната


Уште два смртни случаи се поврзани со конзумирање на додатоци во исхраната направени од црвен квасец, соопшти денеска компанијата „Кобајаши“. Јапонското Министерство за здравство вчера соопшти дека смртта на две лица и повеќе од 100 хоспитализации во Јапонија се поврзани со конзумирање на диететски додатоци во исхраната од црвен квасен ориз од фармацевтската компанија „Кобајаши“, […]

Хантер Бајден бара отфрлање на обвиненијата за затајување данок, за кои тврди дека се политички мотивирани


Адвокатите на Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо Бајден, побараа да се отфрлат обвиненијата против него за федерално затајување данок како дел од политички мотивираното гонење. Ејб Ловел, главниот бранител на Хантер Бајден, истакна дека ова не е обичен случај, тврдејќи дека има неправилности во начинот на кој бил покренат и истражен, што федералните […]

Четворица убиени, петмина избодени во напад во Илиноис


Рокфорд – Четири лица се убиени, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен маж е уапсен. Полицијата, исто така, соопшти дека некои од жртвите биле избодени со нож, но во нападот не било употребено огнено оружје, пренесуваaт локалните медиуми. Убиени се 15-годишно девојче, 63-годишна жена, 49-годишен маж и 22-годишен млад […]

Шеф на чешката разузнавачка служба: Безбедносната ситуација во Европа е најлоша од Втората светска војна


 Сегашната ситуација во Европа е најлоша од Втората светска војна, изјави шефот на чешката разузнавачка служба Михал Куделка. Јавниот радиодифузер Радио Прага Интернационал јави дека шефот на службата за безбедност и информирање на Чешката Република на состанокот на претседателот Петр Павел му рекол дека рускиот експанзионизам и можното враќање на екстремистички терористички групи како ИСИС […]

Тинејџер во Германија ги заклал родителите и братот, тешко ја повредил сестра си


Деветнаесетгодишник со нож ги убил братот и родителите и тешко си ја повредил сестрата во Хохентенген на германско-швајцарската граница, соопшти државното правобранителство во сојузната покраина Баден-Виртемберг. 19-годишникот со нож ги убил родителите на возраст од 58 и 61 година, а потоа и 34-годишниот брат. Сестрата, чија возраст не е објавена, била повредена и со хеликоптер […]

Шест години затвор за членка на групата „Пуси Рајот“


Судот во Москва денеска ја осуди членката на руската опозициска група „Пуси Рајот“ и поранешна општинска пратеничка, Луција Штејн на шест години затвор, соопшти судот. Штајн беше прогласена за виновна за ширење „лажни воени вести“ во врска со објава од март 2022 година на мрежата „Х“ во која таа ги обвини руските војници заробени од […]

Кулеба: Северна Македонија е добар пријател на Украина, направи многу да ни помогне


Северна Македонија е добар пријател на Украина и направи многу за да ни помогне, рече украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, одговарајќи на новинарско прашање на онлајн брифинг со странски медиуми, пренесува Гласот на Америка. – Направивте многу во последните три години. Во споредба со вашите можности, вие навистина направивте многу за да ни […]

Претседателот на Аргентина планира да отпушти 70.000 работници во јавниот сектор


Аргентинскиот претседател Хавиер Милеи изјави денеска дека планира да отпушти 70.000 вработени во јавниот сектор во следните неколку месеци. Покрај тоа, Милеи на економски форум во Буенос Аирес рече дека веќе ги замрзнал јавните работи, го прекинал финансирањето на провинциските влади и откажал повеќе од 200.000 планови за социјална помош. Блумберг наведува дека тоа е […]