Руски авион „Су-27“ соборен над Крим


 

Руски борбен авион „Су-27“ беше соборен над територијата на Крим, пилотот се катапултираше, изјави гувернерот на Севастопол, Михаил Развожаев.

„Воен авион се урна во морето. Пилотот се катапултирал. Тој бил собран од спасувачите на Севастополската спасувачка служба на растојание од двесте метри од брегот. Неговиот живот не е во опасност“, напиша тој на својот канал на Телеграм. Тој истакна дека ниту еден цивилен објект не бил оштетен како резултат на авионската несреќа.

Според Z-каналот авионот ловец можел да биде соборен од руски системи за противвоздушна одбрана или причината за падот на ловецот била поради дефект на опремата.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски претходно објави дека Киев од почетокот на февруари успеал да собори 15 руски воени авиони. Само во последните денови од февруари и почетокот на март, украинските вооружени сили уништија седум авиони. Меѓу нив се модерните ловци-бомбардери „Су-35“ и „Су-34“, како и „летечкиот радар“ „А-50“, кој беше соборен над Азовското Море.