(Видео) Бев апсолутно во право: Путин му одговори на Бајден за изјавата дека е „кучкин син“


Рускиот претседател Владимир Путин очигледно се најде погоден од оцената на претседателот на САД Џо Бајден за него дека е „луд кучкин син“, па лично возврати дека бил сосема во право кога рекол дека Бајден е подобар избор за Русија. Изјавата ја даде на Павел Зарубин, новинарот кој неодамна го прашал кого би преферирал за […]

На Лавров не му дале керозин за авионот во Бразил


  Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров доживеал голема непријатност за време на неговата турнеја во Латинска Америка! По посетата на Куба и Венецуела, Лавров дојде на министерскиот состанок на Г20 во Бразил, но таму наиде на многу непријатности бидејќи операторот на аеродромски услуги во Рио де Жанеиро одбил да го наполни горивото на […]

„Добредојдовте на Месечината“: САД се вратија таму по 50 години


  Соединетите Американски Држави се вратија на површината на Месечината за прв пат по повеќе од 50 години, откако приватно изграденото вселенско летало по име „Одисеј“ го заврши 73-минутното спуштање од орбитата со приземјување во близина на јужниот пол на Месечината. Среде прославите на она што НАСА го поздрави „џиновски скок напред“, немаше непосредна потврда […]

Франкфурт избран за седиште на новата агенција на ЕУ за борба против перењето пари


Советот на ЕУ и Европскиот парламент синоќа постигнаа договор седиштето на новата Администрација за борба против перењето пари на Унијата (АМЛА), која треба да почне со работа кон средината на 2025 година, да биде во германскиот град Франкфурт.  Како што јави дописникот на МИА од Брисел, АМЛА, која ќе ја има централната улога во ЕУ […]

Во Кина верижен судир на повеќе од сто автомобили


Пекинг – Неколку лица се повредени во верижен судир во кинескиот град Сужоу, во провинцијата Џиангсу. Во сообраќајната несреќа учествувале повеќе од 100 автомобили. Како што соопшти сообраќајната полиција три лица се хоспитализирани, а шестмина се здобиле со полесни повреди. Верижниот судир е предизвикан од голомразица. Во текот на изминатите неколку недели, големи делови од […]

САД со нови санкции против Русија


Вашингтон – САД денеска ќе воведат нови санкции против Русија во обид да ја одбележат втората годишнина од руската инвазија врз Украина, изјави заменикот-секретар за финансии на САД, Воли Адејемо. Тој истакна дека со санкциите ќе бидат таргетирани 500 цели, односно цели кои треба да бидат предмет на санкции. – Акцијата, преземена во партнерство со други […]

Најмалку четворица загинати во пожар во станбена зграда во Шпанија


Мадрид – Најмалку четири лица загинаа, а 14 се повредени, а 19 се водат како исчезнати во пожар во 14-катна станбена зграда во шпанскиот град Валенсија. Можеме да потврдиме дека има четворица загинати, изјави, заменик-директор на службите за итни случаи за регионот на Валенсија, Хорхе Суарез Торес. Претходно итните служби известија дека 14 лица се згрижени […]

Медведев треба да посети психијатар, вели ЕУ


  Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација Дмитриј Медведев, кој изјави дека е неопходно да се заземе Киев, бидејќи овој град наводно претставува „закана“ за постоењето на Русија, треба да побара помош од психотерапевт, рече официјалниот претставник на Службата за надворешна политика на ЕУ, Питер Стано. Одговарајќи на новинарско прашање, тој истакна дека […]

Бајден се сретна со вдовицата на Навални, Јулија Навална


  Џо Бајден во четвртокот во Калифорнија се сретна со вдовицата на Алексеј Навални, Јулија Навална и ќерката на активистот, Даша Навална, соопшти Белата куќа. Навални, главниот опозициски лидер на рускиот претседател Владимир Путин, почина во казнена колонија на Арктикот минатиот петок, откако беше затворен од Кремљ. Во пораката на Икс, Бајден рече: „Денес се […]

Разорни последици од пожарот во Валенсија, целосно зафатил две станбени згради


Пожарот што попладнето избувна во една од зградите во шпанскиот град Валенсија, се прошири на просторот на целата зграда како и на соседната зграда, што дополнително ја отежнува работата на бројните противпожарни единици кои се на на земјата. Според медиумите во Шпанија, пожарникарите во последен момент спасиле брачен пар кој бил на балконот кога пожарот […]

Мајката на Навални го видела неговото тело: „Ми се закануваат, планираат да го закопаат во тајност“


МОСКВА – Мајката на Алексеј Навални, Људмила, во четвртокот ги обвини руските истражители дека планираат да го погребат нејзиниот син во тајност без погреб и рече дека нема да се согласи на тоа. „Тие сакаат ова да се направи тајно, без збогум. Сакаат да ме доведат до работ на гробиштата, на свеж гроб и да речат: […]

ЕК утре ќе ги одблокира фондовите за закрепнувањето на Полска


Варшава  – Претставниците на Европската комисија утре ќе објават дека Брисел ги деблокира средствата за закрепнување на Полска од Ковид-19, изјави денеска полскиот премиер Доналд Туск. „Утре ќе слушнеме од претставниците на Европската унија дека конечно се деблокирани средствата од Националниот план за закрепнување на Полска“, изјави Туск во Парламентот. Полскиот министер за правда Адам […]

Украинците погодиja со ракети ХИМАРС група руски војници, 60 загинати


  Украинската армија изврши напад од лансираните ракетни системи ХИМАРС на насобрани руски војници во регионот Херсон. Соодветните видеа се појавија на украинските социјални мрежи вечерта на 21 февруари. Според украинскиот проект „Осинт“, нападот бил извршен на полигон лоциран во близина на селото Подо-Калиновка во окупираниот дел на Херсонската област. Извор на руската служба на […]

Фицо: Словачка ќе ја задржи забраната на одделни земјоделски производи од Украина


 Словачка ќе ја задржи забраната за одредени земјоделски производи од Украина бидејќи им штетат на словачките земјоделци, имајќи предвид дека Европската унија презема чекори за продолжување на пристапот на пазарот за уште една година од јуни, изјави денеска словачкиот премиер Роберт Фицо. -Политиката на ЕУ во овој поглед е ужасна. Нема проблем да пропаднат земјоделците […]

Главната воена адвокатка на Израел предупреди на неприфатливо однесување на војниците во Газа


Главната воена адвокатка на Израел, генерал-мајор Јифат Томер-Јерушалми, ги предупреди командантите за незаконски дејствија на војниците во Појасот Газа. „Наидовме на случаи на неприфатливо однесување што отстапува од вредностите на ИДФ (Израелските одбранбени сили)“, напиша таа во порака. Како примери, наведе „несоодветни изјави кои поттикнуваат неприфатлив феномен, неоправдана употреба на сила, вклучително и (сила) врз […]

Данска испраќа на Украина помош во вредност од 247 милиони долари


Данската премиерка Мете Фредериксен денеска изјави дека официјален Копенхаген ќе испрати нов пакет воена помош за Украина во вредност од 247 милиони долари. – Времето не е на страната на Украина. На бојното поле се брои само акцијата, потенцираше Фредериксен. – Украинската борба за слобода е и наша борба, истакна премиерката на Данска.

Над 14 милиони луѓе ги напуштиле своите домови во Украина за две години од руската инвазија


Обединетите нации соопштија денеска дека повеќе од 14 милиони луѓе ги напуштиле своите домови во Украина во текот на двете години од руската инвазија, а речиси 6,5 милиони сега живеат надвор од земјата како бегалци. Меѓународната организација за миграција (ИОМ) на ОН посочи дека покрај бегалците во странство, околу 3,7 милиони луѓе остануваат раселени во […]

ЕУ ќе инвестира 233 милиони евра во 12 еколошки проекти


Европската комисија донесе одлука да инвестира над 233 милиони евра во 12 нови стратешки проекти низ Европа за поддршка на остварување на целите на ЕУ за животната средина и климата согласно Европскиот зелен договор.   Како што јави дописникот на МИА од Брисел, станува збор за проекти во Австрија, Бугарија, Ирска, Италија, Литванија, Полска, Финска, […]

Зошто Западот ја губи Украина?


Владимир Путин сигурно ужива во овој момент. Не само што рускиот претседател успеа да ја задуши Минхенската безбедносна конференција со веста за смртта на неговиот главен политички ривал, Алексеј Навални ,тој, исто така, постигна добар успех на бојното поле кога, во текот на викендот, неговите војници конечно го зазедоа градот Авдиивка во источна Украина по тактичкото […]

Товарен брод удри во мост во Кина – автомобили и автобус паднаа во реката (видео)


Утрово, во кинескиот град Гуангжу товарен брод удри во мост, при што во реката паднаа пет возила; вклучително и јавен автобус. Државните медиуми наведуваат дека во несреќата загинале две лица, а уште три се водат како исчезнати. На снимката од местото на настанот се гледа скршен дел од мостот и товарен брод под него. Инцидентот […]