Временските услови ја отежнуваат потрагата по хеликоптерот на Раиси


Потрагата по паднатиот хеликоптер со кој се патуваше иранскиот претседател Ебрахим Раиси е отежната од густата магла, обилните врнежи од дожд, силниот ветер, како и темнината. Се очекува температурата да се спушти под нула степени. Претходно, командантот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) во Источен Азербејџан, Асгар Абасголизадех изјави дека ИРЦГ откриле сигнал од […]

Идентификувана точната локација на падот на хеликоптерот Раиси


Командантот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) во Источен Азербејџан, Асгар Абасголизадех изјави дека ИРЦГ откриле сигнал од хеликоптерот и од мобилен телефон на еден од екипажот на местото на инцидентот. – Во моментов, заминуваме со сите воени сили во областа и се надевам дека ќе им дадеме добри вести на луѓето, посочи Абасголизадех […]

Шпанија го отповика амбасадорот откако аргентинскиот претседател ја нарече сопругата на шпанскиот премиер „корумпирана“


Шпанија го отповика својот амбасадор во Буенос Аирес на консултации во неделата, откако аргентинскиот претседател Хавиер Милеи даде погрдни коментари за сопругата на шпанскиот премиер Педро Санчез за време на десничарскиот митинг во Мадрид. Шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарес во изјавата исто така рече дека Мадрид бара јавно извинување од Милеи, по […]

ИРНА: Сè уште се трага по хеликоптерот


Државната Иранска новинска агенција (ИРНА) објави дека во тек е опсежна операција за пребарување и спасување откако хеликоптерот со иранскиот претседател Ебрахим Раиси беше принуден да изврши „тврдо слетување“ во планинскиот регион во северозападниот дел на Иран. Инцидентот се случи денеска во шумата Дизмар помеѓу градовите Варзакан и Џолфа во иранската провинција Источен Азербејџан. Раиси […]

Инцидент со хеликоптерот во кој патуваше претседателот на Иран, Раиси. Еве што се случило


По веста објавена од Иранската државна телевизија дека хеликоптерот, со кој патувал претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, имал „тврдо слетување“ на терен се упатени 16 спасувачки тимови и беспилотни летала. Според новинската агенција Мехр операцијата за пребарување и спасување ќе потрае извесно време поради непроодноста на теренот, планинските и шумските услови, како и неповолните временски […]

Загина еден од најдобрите украински пилоти


Украинската армија извести дека го загубила еден од најдобрите пилоти, потполковникот Денис Васиљук. Тој беше и началник на Генералштабот и прв командант на авијациската ескадрила на 831-та тактичка авијациска бригада, која ја објави веста за неговата смрт во борбена задача. Зад него имаше бројни мисии против руската војска, а тој беше носител на Орден за […]

Зеленски го отфрли предлогот на Макрон за олимписко примирје


Украинскиот претседател Володимир Зеленски го отфрли повикот на францускиот претседател Емануел Макрон за примирје во војната меѓу Украина и Русија за време на Летните олимписки игри во Париз. Русија би го искористила секое суспендирање на непријателствата за да ја притисне својата воена предност, рече Зеленски во петокот во интервју за агенцијата Франс прес. „Да бидеме […]

В. Британија ќе плати милијарди фунти отштета за лицата лекувани со крв заразена со ХИВ или хепатитис Ц


Британија ќе плати повеќе од 12,7 милијарди долари како компензација на илјадници пациенти во 1970-тите и 1980-тите кои биле лекувани со крв заразена со ХИВ или хепатитис Ц, објави во неделата Сандеј Тајмс. Скандалот со употребата на контаминирана крв и крвни продукти се смета за една од најголемите грешки во третманот на пациентите во историјата […]

Иран ќе гради ѕид на границата со Авганистан


Иран планира да ја запре илегалната имиграција од Авганистан. Затоа планира да изгради ѕид на границата, пишува Дојче веле. Бетонскиот ѕид треба да биде долг 74 километри, висок четири метри, а дополнително ќе биде обезбеден со бодликава жица. Предвидено е да се гради на североистокот на Иран, каде што голем број луѓе илегално ја минуваат […]

На Дунав кај Будимпешта се судрија крузер и чамец, две лица го загинаа, пет се исчезнати


Две лица го загубија животот доцна синоќа, а пет се водат за исчезнати во судар на мал моторен чамец и крузер на реката Дунав северно од Будимпешта, соопшти денеска унгарската полиција. Телата на возрасен маж и жена се пронајдени северно од главниот град, а властите се уште трагаат по пет исчезнати лица. Сома Чечи, портпарол […]

Словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност


Словачкиот премиер Роберт Фицо е надвор од животна опасност по обидот за атентат, изјави денеска министерот за одбрана и вицепремиер Роберт Калинак за словачката новинска агенција ТАСР. Состојбата на Фицо се подобрува и вчера беше соопштено дека е стабилизирана, според министерката за здравство Зузана Долинкова. Лекарската комисија утре треба да одлучи дали тој ќе биде […]

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка


Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж утре ќе дознае дали е изгубена неговата 13-годишна правна битка против екстрадицијата од Велика Британија во САД, каде што е обвинет за шпионажа. Двајца судии на Високиот суд во Лондон утре ќе одлучат дали британскиот суд ги прифаќа гаранциите од Вашингтон дека Асанж (52) нема да се соочи со смртна […]

Саудискиот крал Салман бин Абдулазиз на медицински прегледи поради висока температура и болки во зглобовите


Кралот на Саудиска Арабија, Салман бин Абдулазиз (88) денеска ќе биде подложен на медицински прегледи поради висока температура и болки во зглобовите, објавија државните медиуми. Кралот на Саудиска Арабија ќе биде подложен на прегледи во Кралската клиника во палатата Ал Салам во пристанишниот град Џеда на Црвеното Море, објави државната саудиска новинска агенција. Како што […]

Украинското воздухопловство ги соборило сите 37 дронови лансирани од Русија


Украина ги уништи сите 37 беспилотни летала лансирани синоќа од Русија против цели на многу места во земјата, соопшти украинското воздухопловство. Во соопштението се наведува дека уништените беспилотни летала „Шахед“ биле насочени кон главниот град Киев и украинските градови Одеса, Миколаив, Суми и Виница, како и цели во регионите Житомир, Черкаси и Херсон. 

Франција започна голема операција во Нова Каледонија, вклучени повеќе од 600 жандарми


Франција започна голема операција во која се вклучени повеќе од 600 жандарми за целосно враќање на контролата на патот меѓу главниот град на Нова Каледонија Нумеа и аеродромот на француската прекуморска територија, каде шест лица загинаа во немири. Францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманен, доцна синоќа на платформата Икс објави дека во Нова Каледонија […]

Украина побарала помош од САД за напади на територијата на Русија


Украина се обратила до администрацијата на претседателот Џо Бајден со барање за помош да се лоцираат цели во Русија врз кои Киев би можел да нанесе удари со сопствено оружје, соопшти синоќа „Волстрит журнал“ повикувајќи се на извори во Белата куќа. -Ти ги замолија (САД) за помош да се нанесат удари во Русија. Стануваше збор […]

Израелската армија ги повика Палестинците да ги евакуираат крајбрежните населби во северниот дел на Газа


Израелската армија ги повика Палестинците во крајбрежните населби во северниот дел на Газа да ја евакуираат областа додека ја продолжува операцијата во Џабалија. Портпаролот на Израелските безбедносни сили (ИДФ) на арапски јазик, Авичај Адри, објави список на нови зони што треба да се евакуираат, а на палестинските цивили им беше кажано да се преселат во […]

Кралот Чарлс, кралицата и принцот Вилијам на прославите на Денот Д


Британскиот крал Чарлс, кралицата Камила и принцот Вилијам ќе присуствуваат на настаните во Нормандија во јуни по повод 80-годишнината од слетувањето на сојузничките сили во Денот Д, објави во петокот Бакингемската палата. Чарлс и Камила ќе присуствуваат на церемонијата на Министерството за одбрана и на британската кралска легија во Вер-сур-Мер на 6 јуни на британската […]

Поплави во источна Белгија


Подрачјето на белгискиот град Лиеж е погодено од поплави предизвикани од обилните дождови кои веќе предизвикаа штети во Франција. На подрачјето на тој град досега се евидентирани околу 550 интервенции, а гувернерот Ерве Џамар мобилизирал 150 пожарникари во борбата против последиците од елементарната непогода. „Ова се главно интервенции за испумпување вода кои продолжија денеска изутрината“, […]

Полска се вооружува со „бајрактари“: Варшава е побогата со 24 турски беспилотни летала


Турската воена компанија „Бајкар“ соопшти дека на Полска и испорачала 24 беспилотни летала „Бајрактар“ ТБ2. Според соопштението на Министерството за одбранбена индустрија, првите сериски испораки на овие дронови во Полска следеле во октомври 2022 година, по што беспилотните летала биле испорачани во април и октомври 2023 година. Последната испорака беше извршена овој месец, а беше […]