Украинска служба за безбедност: Барањата на Русија до Киев се „цинични“


Украинската безбедносна служба соопшти дека барањата на Русија до Киев да ѝ ги предаде на руската страна луѓето во Украина одговорни, како што рече Москва, за терористички акти на руска територија, се „безвредни“ и „цинични“ кои доаѓаат од терористичка држава, објавија британските и француските медиуми, пренесе БТА. Службата за безбедност на Украина потсети дека самиот …

Украинска служба за безбедност: Барањата на Русија до Киев се „цинични“ Read More »

Израелскиот премиер се опоравува по итната операција на хернија


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху (74) се опоравува по итната операција, соопшти утрово неговиот кабинет. Нетанјаху „е во добра форма и почнува да се опоравува“, додаде неговиот кабинет, кој вчера попладне објави дека премиерот ќе биде подложен на операција откако еден ден претходно открил хернија за време на рутински преглед. На израелскиот премиер му беше извршена …

Израелскиот премиер се опоравува по итната операција на хернија Read More »

Групата Идентитет и демократија – брак од интерес на европската екстремна десница


За разлика од останатите европски партиски групации, екстремно десничарската Идентитет и демократија (ИД), предвоена од францускиот Национален собир (РН) на Марин Ле Пен, не планира на евроизборите да настапи со единствен изборен манифест, туку е оставено на партиите членки да подготват такви документи на национално ниво.   Според потпретседателот на ИД, Гунар Бек, кој доаѓа …

Групата Идентитет и демократија – брак од интерес на европската екстремна десница Read More »

Противниците на Ердоган водат во Истанбул и Анкара


Делумното пребројување на гласовите на локалните избори во Турција вечерва покажа дека опозицијата во Истанбул и Анкара имаат поволни перспективи, објавија официјалните медиуми, и покрај тоа што претседателот Реџеп Таип Ердоган е вклучен во кампањата на неговата партија АКП. Од 33 отсто преброени гласови, градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, доби 49,7 отсто од гласовите, додека …

Противниците на Ердоган водат во Истанбул и Анкара Read More »

Русија бара од Украина да предаде украински претставници поради „терористички акти на руска територија“


Русија побара од Украина да и го предаде шефот на нејзините безбедносни служби, како и други лица наводно поврзани со терористички акти извршени на руска територија, јавија западни медиуми, повикувајќи се на соопштение на руското Министерство за надворешни работи. Русија побара од Украина „да ги уапси и екстрадира сите инволвирани во терористичкиот напад во концертната …

Русија бара од Украина да предаде украински претставници поради „терористички акти на руска територија“ Read More »

Израел: Нетанјаху накратко ќе ја напушти премиерската функција


Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху ќе биде опериран денеска од хернија што ја открија лекарите при рутинска проверка, соопштија од неговиот кабинет. Операцијата ќе се одржи по состанокот на неговиот воен кабинет вечерва, се прецизира во соопштението. За време на операцијата, Нетанјаху ќе биде под целосна анестезија. Тој потоа ќе се опоравува и за тоа …

Израел: Нетанјаху накратко ќе ја напушти премиерската функција Read More »

Папата повика на прекин на огнот во Газа


Папата Франциск во благословот Urbi et Orbi денеска повика на прекин на огнот во Газа и пристап до хуманитарна помош во областа и му порача на Западен Балкан дека етничките, културните и верските разлики не треба да бидат причина за поделба, туку извор на богатство. Говорејќи од централниот балкон на базиликата Свети Петар, Папата рече …

Папата повика на прекин на огнот во Газа Read More »

Русија изврши напади врз Украина со ракети и дронови


Русија изминатата ноќ лансирала 16 проектили и 11 дронови кон Украина, при што загинало најмалку едно лице, соопшти украинското воздухопловство. Гувернерот на украинската област Лавов во западниот дел на земјата соопшти дека во текот на ноѓта е убиено едно лице. – Вечерва непријателот ја нападна со крстосувачки ракети истата важна инфраструктура која претходно беше цел …

Русија изврши напади врз Украина со ракети и дронови Read More »

Путин потпиша указ за регрутирање на 150.000 војници


Сите мажи на возраст меѓу 18 и 30 години во Русија се обврзани да завршат едногодишна воена служба или еквивалентна обука за време на високото образование. Во јули, Долниот дом на рускиот парламент гласаше за зголемување на максималната возраст на која мажите можат да бидат мобилизирани од 27 на 30 години. Новиот закон стапи на …

Путин потпиша указ за регрутирање на 150.000 војници Read More »

Блинкен во Европа ќе го зајакнува единството за Украина и за Газа


Државниот секретар Ентони Блинкен планира следната недела да замине во Франција и Белгија за да го зајакне единството со блиските сојузници на САД, во нивната поддршка за Украина и Израел. Аналитичарите велат дека тој се соочува со тешка задача.  Русија неодамна го нападна североисточниот украински град Харкив со воздушни бомби, првпат од 2022 година. Во …

Блинкен во Европа ќе го зајакнува единството за Украина и за Газа Read More »

Денес се одржуваат локални избори во Турција


Во Турција денеска се одржуваат локални избори на кои нешто повеќе од 61 милион регистрирани гласачи ќе ги изберат локалните власти со мандат од пет години, јави агенцијата Анадолија. Околу 208.000 избирачки места се отворени за гласање. Гласањето ќе трае од 7 до 16 часот во 32 региони на истокот на земјата и од 8 …

Денес се одржуваат локални избори во Турција Read More »

Какаото ќе го загорчи животот во светската „империја“ на чоколадото


БРИСЕЛ – Познато е дека никогаш не знаете што ќе добиете кога ќе отворите кутија со чоколади. Но, за Белгија, држава која е синоним за висококвалитетни кондиторски производи, зголемените цени на какаото го прават животот на љубителите на чоколадата во земјата уште понеизвесен од вообичаено. Оваа година, откако екстремните временски услови ја намалија драстично жетвата …

Какаото ќе го загорчи животот во светската „империја“ на чоколадото Read More »

Претрес во домот на претседателката на Перу за непријавени луксузни часовници


Претседателката на Перу, Дина Болуарте, претресот во нејзиниот дом го нарече неправеден и го осуди „малтретирањето од обвинителството“ поради истрагата за незаконско збогатување со луксузните часовници за кои се сомничи дека не ги пријавила како свој имот. „Мерката од утринава е произволна, непропорционална и неправедна“, рече претседателката Болуарте во обраќањето до нацијата. Домот на претседателката …

Претрес во домот на претседателката на Перу за непријавени луксузни часовници Read More »

Папа Франциск: Радувајте се и не губете надеж и покрај кризите


Папата Франциск ги повика верниците на Велигденското бдение да се радуваат и да не губат надеж и покрај приватните и светските политички кризи. Овие кризи се „огромни камења на смртта“, рече Папата во базиликата Свети Петар во Рим пред околу 6.000 луѓе. Тој особено предупреди на непромислената омраза и суровоста на војната, кои го уништуваат …

Папа Франциск: Радувајте се и не губете надеж и покрај кризите Read More »

Папата Франциск присуствува на Велигденското бдение


Рим – Папата Франциск денеска учествува на Велигденското бдение во Ватикан, откако вчера, во последен момент, го откажа учеството во поворката на Велики петок во Римскиот Колосеум. Ватикан ја посочи вечерната миса во базиликата Свети Петар како денешниот единствен јавен ангажман на папата Франциск. Учеството на папата во поворката „Патот на крстот“ вчера беше откажано „за …

Папата Франциск присуствува на Велигденското бдение Read More »

Зеленски разреши повеќе соработници, меѓу кои и тројца советници


Киев – Претседателот на Украина Володимир Зеленски разреши неколку блиски соработници – Серхи Шефир од функцијата прв помошник на шефот на државата и тројца советници – Олех Устенко, Серхиј Трофимов и Михаило Радутски, објавија денеска украинските медиуми. Наредбите за разрешување се објавени на официјалната веб-страница на претседателот на државата, пишува порталот Укринформ. Шефир беше назначен …

Зеленски разреши повеќе соработници, меѓу кои и тројца советници Read More »

Бројот на загинати во терористичкиот напад кај Москва се зголеми на 144


Москва – Бројот на загинати во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ во близина на Москва денеска се искачи на 144 лица, додека уште 551 лице се повредени, соопшти прес-службата на Главната управа на Министерството за вонредни ситуации на Руската Федерација за Москва. Администрацијата додаде дека меѓу загинатите има пет деца, пренесува Интерфакс. Терористичкиот напад …

Бројот на загинати во терористичкиот напад кај Москва се зголеми на 144 Read More »

Кражби во авионот на американскиот претседател


Вашингтон – Се чини дека сите крадат во авионот „Ер Форс 1“ на американскиот претседател Џозеф Бајден, објави Политико пишувајќи за предупредувањето упатено до новинари кои патуваат во авионот заедно со Бајден. Како што пренесува Бета, истрагата на Политико почнала со имејл испратен до членовите на Здружението на дописници од Белата куќа на почетокот на …

Кражби во авионот на американскиот претседател Read More »

Руската полиција ja уапси новинарката која го сними последното видео на Навални


Москва – Новинарката која го сними последното видео на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални пред неговата смрт, Антонина Фаворскаја е во притвор, јавија денеска светските медиуми. Фаворскаја неколку години ги следеше судењата на Навални, а меѓународната организација Репортери без граници во четвртокот соопшти дека таа е една од шесте новинари ширум земјата кои се уапсени …

Руската полиција ja уапси новинарката која го сними последното видео на Навални Read More »

Бугарски крузер удри во бетонски ѕид на Дунав во Австрија, 17 лица се повредени


Виена – Вкупно 17 лица се повредени кога бугарски брод за крстарење во текот на ноќта удрил во бетонски ѕид на реката Дунав во градот Ашах, на северот на Австрија, соопшти денеска локалната полиција. Околу 160 патници се наоѓале на бродот кој патувал од Баварија, Германија кон австрискиот град Линц, кога удрил во бетонски ѕид …

Бугарски крузер удри во бетонски ѕид на Дунав во Австрија, 17 лица се повредени Read More »