ЕК: ЕУ нема донесено одлука за испраќање војници во Украина


 Нема одлука ЕУ да испрати војници во Украина со каква било задача, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на Европската комисија како одговор на прашања поврзани со информациите во европските медиуми за можното испраќање европски мировници. Портпаролот истакна дека ЕУ спроведува мировна мисија за обука на украински војници на европска територија, чиј мандат неодамна беше продолжен. […]

„Полицаец на мирот“? Зар авторитарниот Азербејџан да биде домаќин на тоа?


„Темата“ избрана за Cop29 мора да биде некаква мрачна шега. Овој самит, како и оние пред него, е обичен чин на „перење“ за зелената агенда. Додека брзо ескалираат климатските и хуманитарните кризи, авторитарна нафтена држава без почитување на човековите права е домаќин на Cop29 – последниот годишен самит на ОН за климата што започнува денеска […]

Ова се кучињата-роботи кои го чуваат Доналд Трамп (Видео)


Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави го чуваат кучиња-роботи. Кучето-робот неодамна беше фотографирано во одморалиштето во Палм Бич, Флорида на новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп. Потврдено е дека овие роботи на далечинско управување се средства на Тајната служба на Соединетите држави (USSS) и беа распоредени по победата на Трамп на претседателските избори […]

Сведоштво од Газа: Гледаме методично етничко чистење!


ЛОНДОН – Од сите ужаси што ги видел хирургот од Манчестер, Амар Дарвиш во Газа, еден од најлошите е траумата што една година од израелското бомбардирање им ја нанела на децата. „Тоа ќе им оди на нивните деца и на нивните внуци … не исчезнува“, рече тој за Политико. На одделенијата во болниците во Газа, […]

Илон Маск од „државен секретар за се“ до „прва дама“


Коментаторот на Си-Ен-Ен, Ана Наваро сугерираше дека Илон Маск ја презема титулата „Прва дама“ од Меланија Трамп, откако тој наместо неа се појави на неодамнешната семејна фотографија на Трамп. Говорејќи на панел во петокот, Наваро се повика на слика од семејството Трамп по убедливата победа на новоизбраниот претседател во трката против Камала Харис во 2024 […]

Октомври беше најлошиот месец за Русија од почетокот на војната во Украина, вели Лондон


  Русија минатиот месец ги претрпе најзначајните загуби на војници од почетокот на војната во Украина, во исто време додека има територијални придобивки, изјави во неделата началникот на Генералштабот на одбраната на Обединетото Кралство, Тони Радакин. Армијата на рускиот претседател Владимир Путин има „просечно над 1.500 луѓе убиени или ранети секој ден“, рече Радакин во […]

Трамп сака да именува министри без гласање во Сенатот


  Доналд Трамп сака да ја искористи контролата врз Републиканската партија за да именува министри без согласност на Сенатот. Секој републикански сенатор кој сака да стане лидер на мнозинството во Сенатот мора да се согласи со ова, напиша Трамп на онлајн платформата Икс. Неколку надежни кандидати за функцијата брзо се изјаснија дека се подготвени да […]

Кремљ демантира дека Путин и Трамп имале телефонски разговор


Кремљ го демантираше извештајот на американски медиуми дека рускиот претседател Владимир Путин и новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп разговарале по телефон минатата недела за конфликтот во Украина. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека извештаите за тоа се „целосно лажна информација“, негирајќи дека имало каков било телефонски повик. „Вашингтон пост“ во неделата објави дека […]

Телеграф: Стармер и Макрон ќе се обидат да го убедат Бајден да дозволи напади врз Русија


 На денешната средба во Париз помеѓу претседателот на Франција, Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер ќе се разговара за можноста да го убедат претседателот во заминување на САД, Џо Бајден да и дозволи на Украина да лансира ракети „Сторм шедоу“ (Storm shadow) врз Русија, објави британскиот весник Телеграф. Неименувани извори од британската Влада за […]

Маск не е заинтересиран за позиција во идната администрација на Трамп


Американскиот милијардер Илон Маск најверојатно нема да биде во идната администрација на Доналд Трамп, а во исто време расте неговото влијание врз новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, објави денеска Си-Ен-Ен, повикувајќи се на повеќе извори.  Американскиот ТВ канал потсетува дека на Маск јавно му било понудено да раководи со комисијата за ефикасност за намалување […]

Победата на Трамп не беше изненадување, има причини за неа


Каде и да одев последните денови од предизборната кампања во САД, поддржувачите на Доналд Трамп ми го кажаа истото. Од Висконсин до Пенсилванија, нивото на дисциплина на пораките ќе засрами многу влади, освен обичните граѓани: некои носеа мага капи и каубојски шешири, други јакни… Нивните приговори беа конзистентни: мигранти, инфлација и војна. транците. Од сите […]

Вонредно исклучување на струјата во Киев и во други области поради закана од напад


Украина превентивно ја прекина струјата во Киев и во неколку други области поради заканата од руски ракетен напад, соопштија украинската армија и енергетската компанија, цитирани од украинските медиуми. Електричната енергија, освен во главниот град е прекината и во регионите Одеса, Дњепропетровск и Доњецк, прецизираше на Телеграм украинската компанија за електрична енергија ДТЕК. Воздушна тревога е […]

Трамп: Хоман ќе биде задолжен за границите на САД


Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп најави дека поранешниот вршител на должност директор на Службата за имиграција и царина (ИЦЕ), Томас Хоман ќе биде задолжен за границите во новата американска администрација. Трамп на својата платформа „Трут соушал“ (Truth Social) објави дека Хоман во новата администрација ќе биде задолжен за границите на САД, за поморската и […]

Трамп ја номинира Елиз Стефаник за амбасадор на САД во ОН


  Новоизбраниот претседател Доналд Трамп изјави дека и понудил на републиканската конгресменка Елиз Стефаник функцијата амбасадор на САД во ОН објавија американските медиуми. „Чест ми е да ја номинирам претседавачката Елиз Стефаник да служи во мојот кабинет како амбасадор на САД во Обединетите нации. Елиз е неверојатно силен, тврд и паметен борец на Америка“, наведе […]

Трамп разговараше со Путин за брзо решавање на војната во Украина


Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин, пишува „Вашингтон пост“, повикувајќи се на повеќе извори. Весникот наведува дека Трамп разговарал со Путин во четвртокот, што бил нивен прв телефонски разговор по победата на Трамп на изборите, а една од темите на разговорот била војната во Украина. Според […]

Руски бомбардери полетале кон Украина, Киев со предупредувања за напади во поголемиот дел од земјата


Украинските власти утрово објавија предупредувања за воздушен напад во поголемиот дел од земјата, откако воздухопловните сили на Киев потврдија за полетување на руски бомбардери. „Внимание! Ракетна опасност низ цела Украина! Полетувања на МиГ-31К“, се вели во објавата на Телеграм на украинските ВВС.

Разорен земјотрес со јачина од 6,8 степени на Куба (видео)


Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала ја потресе источна Куба, по неколкуте урагани и долги прекини на струја кои оставија многумина на островот да живеат во страв и неизвесност. Епицентарот на земјотресот се наоѓал на приближно 40 километри јужно од Бартоломе Масо, Куба, на длабочина од 23,5 километри, според извештајот на Геолошкиот […]

Украина синоќа беше нападната со рекордни 145 руски дронови, соопшти Зеленски


Киев – Украина синоќа беше нападната со 145 руски дронови, што е рекорд, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски на Х. Украинските воздухопловни сили денеска соопштија дека 62 од тие 145 дронови биле уништени во 13 региони во земјата. Украинското воздухопловство истакна дека бројот на дронови во синоќешниот напад го надминал претходниот „рекорд“ од 135 дронови […]

Шведска и Бразил договорија проширување на соработката во полето на воздухопловството


Стокхолм– Шведска и Бразил потпишаа писмо со намери за проширување на соработката во областа на воздухопловството, при што Бразил има намера да купи борбени авиони СААБ, додека Стокхолм ќе купи товарни авиони Ембраер, соопшти шведската влада. Во 2010 година, Бразил потпиша договор со шведската одбранбена компанија Саб за купување на 36 авиони JAS 39 Gripen. […]

Украина ја нападна Москва со 34 беспилотни летала, што е најголемиот удар врз руската престолнина


Украина ја нападна Москва во неделата со најмалку 34 беспилотни летала, што е најголемиот напад со беспилотни летала врз руската престолнина од почетокот на војната во 2022 година. Како што објави Ројтерс, во нападот е повредено најмалку едно лице а сите предвидени летови од трите аеродроми биле пренасочени. Руската противвоздушна одбрана уништила уште 36 други беспилотни […]