Комуникациските оператори на Крим биле цел на хакерски напад


Операторите за комуникации на Крим денеска се изложени на масовен хакерски напад, соопшти регионалното министерство за информации. Како што пренесува Интерфакс, министерството навело дека нападот DDoS може да ја наруши работата на некои служби, и оти специјалистите го одбиваат нападот. Не се соопштени размерите на DDoS нападот за попречување или оневозможување на работата на интернет […]

Шолц и официјално кандидат на СПД за канцелар, екстремната АфД ја избра Вајдел


Германските социјалдемократи (СПД) денеска го потврдија канцеларот Олаф Шолц како главен кандидат на партијата за парламентарните избори во февруари. Шолц беше номиниран за кандидат за канцелар од страна на извршната власт на партијата на крајот на ноември по бурна дебата, јави ДПА. Пред ова, партијата две недели јавно дискутираше дали многу попопуларниот министер за одбрана […]

Илон Маск го нарече поранешниот еврокомесар Тиери Бретон „европски тиранин“


Американскиот милијардер Илон Маск денеска го нарече поранешниот европски комесар за дигитализација, Французинот Тиери Бретон, европски тиранин. Ова се случи за време на нова онлајн полемика меѓу двајцата во врска со поддршката на Маск за германската екстремна десница. Кон крајот на декември, Маск во порака на Х рече дека само екстремно десничарската Алтернатива за Германија […]

Украинците заробиле севернокорејски војници, ги испрашуваат во Киев


Украинските војници заробиле севернокорејски војници во Курскиот регион, во Русија, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Тоа се двајца војници кои, и покрај повредите, преживеаја. Тие беа пренесени во Киев и разговараат со истражителите на Службата за безбедност на Украина. Тоа не беше лесна задача: обично Русите и другите севернокорејски војници ги убиваат своите другари и […]

Бајден в среда ќе го одржи својот проштален говор од Овалната соба во Белата куќа


Американскиот претседател Џо Бајден  в среда ќе го одржи својот проштален говор до нацијата од Овалната соба во Белата куќа, на пет дена пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп. Осумдесет и двегодишниот демократ го завршува својот четиригодишен претседателски мандат, одбележувајќи повеќе од половина век од неговиот политички живот. Говорот на Бајден, во 20 часот […]

Во Лос Анџелес продолжува битката со огнената стихија, три пожари и натаму надвор од контрола


Од шесте пожари што ја зафатија областа на Лос Анџелес, три се ставени под контрола, а 50 отсто или повеќе од областа под оган е изгасната, додека најголемиот пожар во Пацифик Палисајдс се уште е не е под контрола, како ниту пожарите во Итон и Арчер, јавија денеска американските медиуми. Пожарот во богатото предградие на […]

Бајден: Путин е ставен во лоша позиција во однос на Украина по воведувањето на новите санкции


Американскиот претседател во заминување Џо Бајден синоќа изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е „во лоша позиција“ откако САД и Велика Британија соопштија за воведувањето нови координирани санкции против рускиот енергетски сектор поради војната во Украина. -Навистина е многу важно да не му се даде никаков одмор, изјави американскиот претседател за неговиот руски колега. Американската […]

Трамп планира уште првите денови во Белата куќа да потпише стотина извршни наредби


 Американскиот претседател Доналд Трамп планира да потпише повеќе од сто извршни наредби во првите денови од неговиот нов мандат за да ги спроведе ветените политики во кампањата поврзани со безбедноста на границите, депортациите и другите приоритети, јавија американските мекидуми. Трамп ова им го кажа на републиканските сенатори за време на приватна средба во Конгресот. Се […]

Главниот кандидат за германски канцелар исклучува соработка со АфД


Кандидатот за германски канцелар на сојузните парламентарни избори на 23 февруари и лидер на германската централно-десничарска Христијанско-демократска унија (ЦДУ), Фридрих Мерц, синоќа, во интервју за јавниот сервис АРД категорично ја отфрли секоја соработка со екстремно десничарската Алтернатива за Германија (AfD). -Дозволете ми овде да повторам за записник. Под мое водство нема да има соработка меѓу […]

Црните кутии на авионот на „Џеџу Ер“ не содржат податоци за последните четири минути од летот


Црните кутии на патничкиот авион на компанијата „Џеџу Ер“, што минатиот месец експлодираше на аеродромот Муан во Јужна Кореја, не содржат информации за последните четири минути пред експлозијата, соопштија денеска истражните органи, повикувајќи се на резултатите од истрагата. Според јужнокорејските власти, анализата на податоците од рекордерот на летот (FDR) и гласовниот рекордер (CVR) од авионот […]

САД даваат 25 милиони долари за апсење на претседателот на Венецуела, Мадуро


САД вчера воведоа санкции за осум венецуелски функционери и на 25 милиони долари ја зголемија наградата што ја нудат за апсење на претседателот на земјата, Николас Мадуро, на денот на неговата инаугурација за трет мандат по спорните избори одржани минатата година, пренесуваат британските меидуми. САД понудија и награди за информации што ќе доведат до апсење […]

Нема да бидеме Американци, туку Гренланѓани, но отворени сме за соработка, вели премиерот на најголемиот остров во светот


Премиерот на Гренланд, Мут Б. Егед, огромната данска арктичка територија богата со руда, изјави дека нејзините жители не сакаат да бидат Американци, но дека го разбира интересот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за островот со оглед на неговата стратешка локација и дека е отворен за подлабока соработка со Вашингтон. Гренланд е дански автономен регион […]

Бездомници на Гренланд глумеле поддржувачи на синот на Трамп, добиле бесплатен ручек, тврдат дански медиуми


Доналд Трамп Џуниор, син на новоизбраниот американски претседател, и неговите пријатели наводно регрутирале луѓе во Гренланд за да глумат поддржувачи на Трамп во видеа во замена за бесплатен ручек во скап хотел. Данското радио ДР објави дека од повеќе извори слушнало дека видео снимката, снимена за време на кратка посета на Гренланд, покажува бездомници и […]

Иранската војска покажа подземен ракетен град од каде го напаѓа Израел


 Воздушно-вселенските сили на Иранската револуционерна гарда (IRGC) денеска покажаа, како што државната телевизија го нарече подземен ракетен град. Ракетната база беше откриена од командантот на ИРГЦ Хосеин Салами и шефот на воздушно-вселенскиот сектор Амир-Али Хаџизадех, објави агенција Тасним, која е  тесно поврзана со ИРГЦ. Според извештајот на Тасним, базата била користена во иранските ракетни напади […]

Протести по улиците на Братислава и другите словачки градови: „Словачка не е Русија“


 Илјадници луѓе излегоа синоќа на улиците на Братислава и другите градови низ Словачка за да го покажат своето противење на приближувањето на словачката Влада кон Москва и покрај руската инвазија на Украина. Словачкиот премиер Роберт Фицо, националист и еден од ретките сојузници на Кремљ во Европската унија, ги зајакнува врските со Москва и ја суспендираше […]

Зеленски: Санкциите за руската нафта значително влијаат на финансирањето на војната на Путин


Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера ги поздрави новите американски санкции против рускиот нафтен сектор и неговата таканаречена флота на танкери во сенка. „Овие мерки нанесуваат значителен удар врз финансиските основи на руската воена машина со нарушување на целиот синџир на снабдување“, рече Зеленски на платформата X. Зеленски изрази благодарност и за британските санкции наметнати на […]

Шефот на ЦИА за менталната состојба на Путин: „Контрола и заплашување“


  Владимир Путин е многу сомнителен и постојано бара можности да ги заплаши оние околу него, изјави директорот на ЦИА Вилијам Барнс. Затоа, не можете да бидете слаби со него, вели функционерот, кој со рускиот лидер комуницира најмалку 20 години. Барнс служеше четири години како директор на ЦИА за време на претседателот Џо Бајден. Пред […]

Сите аларми се вклучени: Училиштата и институциите се затвораат


Иран нареди училиштата и јавните институции да се затворат утре во една третина од неговите провинции, вклучително и Техеран, бидејќи неколку електрани остануваат надвор од функција поради недостиг на гориво. И покрај огромните резерви на нафта и гас, земјата, погодена од повеќегодишни меѓународни санкции, беше принудена да воведе рестрикции на електрична енергија во последниве месеци, […]

САД нудат награда од 25 милиони долари за апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро


На денот на инаугурацијата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, кој ќе го започне својот нов мандат на функцијата, американското Министерство за финансии објави дека нуди награда од 25 милиони долари за неговото апсење. Како дел од програмата за борба против шверцот со дрога, Вашингтон нуди 25 милиони долари за секоја информација што ќе доведе до […]

Во Лос Анџелес не гаснат пожари со морска вода. Зошто?


Бидејќи смртоносните шумски пожари беснеат низ Лос Анџелес и стотици илјади жители се принудени да се евакуираат, критичниот недостиг на вода ги попречува напорите на пожарникарите да го изгаснат пламенот. Повеќе од 27.000 хектари во округот Лос Анџелес изгореа од избувнувањето на пожарите во вторникот наутро. Демократскиот гувернер на Калифорнија, Гевин Њусом, во средата изјави […]