Фон дер Лајен била хоспитализирана една недела


Брисел – Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен набргу по Нова година била хоспитализирана во болница, каде останала околу една недела, јави ДПА повикувајќи се на извори во ЕК.   Портпарол на Европската комисија за „Еурактив“ потврдил дека Фон дер Лајен била хоспитализирана поради пневмонија околу една недела, додавајќи дека таа „никогаш не […]

Доналд Трамп ја дозна пресудата пред судот во Њујорк: Избегна затвор, но и парична казна


Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, казната поради финансиски малверзации ја дозна пред судот во Њујорк, кој во мај 2024 година го прогласи за виновен по 34 точки од обвинението. Доналд Трамп на тој начин ќе биде „безусловно отпуштен“, што значи дека избегна затвор и парична казна. Судијата Хуан Мерчан од Њујорк ја изрече пресудата. […]

Секоја членка на ЕУ сама решава дали ќе ги спроведува налозите за апсење на МКС


Европската Унија апелира за целосна соработка со Меѓународниот кривичен суд (МКС), но спроведувањето на неговите налози за апсење не е во нејзина, туку е во надлежност на земјите членки, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Ануар Ел Ануни во врска со најавите дека Полска нема да го изврши налогот […]

НАТО испрати два брода во Балтичкото Море по прекинот на подморските кабли


НАТО испрати два брода да ја надгледуваат руската подводна инфраструктура и таканаречената „фантомска флота“ во Балтичкото Море по неодамнешното прекинување на подморските кабли во областа, изјави денеска финскиот министер за надворешни работи. Електричниот кабел Естлинк 2 и четирите телекомуникациски кабли што ја поврзуваат Финска со Естонија беа оштетени кон крајот на декември, а неколку дена […]

Венецуела ја затвори границата со Колумбија поради наводен заговор по повод инаугурацијата на Мадуро


 Венецуела, неколку часа пред инаугурацијата на претседателот Николас Мадуро, денеска ја затвори границата со Колумбија поради „меѓународен заговор“. – Има информација за меѓународен заговор со цел да се наруши мирот на Венецуелците, поради што Мадуро нареди затворање на границата со Колумбија, изјави гувернерот на венецуелската погранична област Тахира, Фреди Бернал. Тој додаде дека границата ќе […]

ЕУ ѝ исплати три милијарди евра на Украина


Европската Унија денеска и исплати три милијарди евра на Украина, како прва транша од уделот на ЕУ во заемот договорен во рамки на Г7.  Според претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, овие средства ќе и дадат финансиска моќ на Украина да продолжи да се бори за својата слобода и да надвладее.  – Речиси […]

Ќе има штета ако Мета стави крај на проверките на факти


Ќе има „штета во реалниот свет“ ако Мета ја прошири својата одлука да ја укине проверката на фактите на Фејсбук и на Инстаграм надвор од САД, објави Меѓународната мрежа за проверка на факти. „Ако Мета одлучи да ја прекине програмата ширум светот, речиси е сигурно дека ќе резултира со штета во реалниот свет на многу […]

Голем пожар зафати фабрика за ацетон во Русија, одекнуваат експлозии


Фабрика за производство на ацетон гори во рускиот регион Ленинград. Пожарникарите се обидуваат да го стават под контрола пламенот, а засега нема информации за повредени. Според Ројтерс, се уште не е познато што го предизвикало пожарот во оваа индустриска фабрика. Во текот на изминатата ноќ нема извештаи за напади со украински беспилотни летала во областа […]

Најмалку осум повредени во напад со чекан на универзитет во Токио


Најмалку осум лица се повредени по денешниот напад со чекан на универзитет во Токио, објавија локалните медиуми. Околу 16 часот по локално време, повеќекратни повреди биле пријавени во кампусот Тама на Универзитетот Хосеи во Мачида, Токио, соопшти полицијата и други извори. Се верува дека најмалку осум лица се повредени, но сите се свесни, се вели […]

Кос: Во наредните месеци ќе има многу важни одлуки за проширувањето на ЕУ


Европската комесарка за проширување Марта Кос најави дека во следните месеци на агендата ќе има многу важни одлуки за проширување на Европска Унија. – Многу важни одлуки за проширувањето на ЕУ ќе бидат на нашата агенда во наредните месеци, а полското претседателство со Советот на ЕУ има големи амбиции. Ајде да работиме заедно за да […]

Во Лос Анџелес уапсени 20 лица поради кражби


Најмалку 20 луѓе се уапсени во округот Лос Анџелес поради кражби за време на пожарите, изјави членката на надзорниот одбор на округот, Кетрин Бергер. – Нема да дозволиме ова да се случува. Нема да стоиме по страна и да дозволиме ова трауматично искуство дополнително да се влошува, истакна Бергер. Во меѓувреме, американските власти соопштија дека […]

Во пожарите во Лос Анџелес најмалку десетмина загинати, огнената стихија не запира


Најмалку десет луѓе загинаа во шумските пожари во Лос Анџелес, соопшти Одделението за медицински испитувања на округот Лос Анџелес. Сè уште не се објавени имињата на жртвите бидејќи се чека идентификација на жртвите и да се известат нивните семејства. Се претпоставува дека бројот на жртвите е поголем, но истражителите немаат сигурен пристап до одредени делови […]

Либералната партија на Канада на 9 март ќе избира нов лидер


Либералната партија на Канада (ЛПК) соопшти на 9 март ќе избира нов лидер откако Џастин Трудо најави повлекување од лидерската функција. – Либералната партија на Канада на 9 март ќе избере нов лидер и ќе биде подготвена да се бори и да победи на изборите во 2025 година, се наведува во партиското соопштение. Името на […]

Трогателна приказна од Лос Анџелес: Татко во инвалидска количка загина во пожар покрај болниот син


Татко и син, двајцата инвалиди, загинаа во пожар во Алтадена, објави Вашингтон пост. Хаџим Вајт, жителка на Арканзас, изјави за Пост дека последен пат комуницирала со нејзиниот татко, Ентони Мичел, во средата наутро. „Тој рече, душо, само да знаеш, има пожар и ќе мора да се евакуираме“, се сеќава Вајт. „Потоа тој рече: „Морам да […]

Зеленски: Сојузниците ветија воена помош за Украина во висина од две милијарди долари


Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на вчерашната средба на Контакт групата за одбрана на Украина, што се одржа во американската воздухопловна база Рамштајн, Германија, западните сојузници ветиле дополнителна воена помош. – Имавме добра средба со многу добар резултат. Имаше дополнителни пакети помош за Украина во висина од две милијарди долари, посочи Зеленски. Помошта ќе […]

Американската администрација привремено го блокира договорот за признавање вина за 11 септември


Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден привремено го блокираше договорот за признавање на вината за обвинетиот организатор на нападите на 11 септември 2001 година, Калид Шеик Мохамед, што ќе го поштеди од ризикот од смртна казна за нападите на Ал Каеда врз САД. Одлуката на федералниот апелационен суд во Вашингтон уследи по барањето на владата […]

„Боинг“ донира еден милион долари за церемонијата на инаугурација на Доналд Трамп


Американскиот производител на авиони Боинг донира еден милион долари за церемонијата на инаугурација на Доналд Трамп како претседател на САД, изјави портпаролот на компанијата. Голем број големи американски компании, вклучувајќи ги Џенерал Моторс, Форд, Мајкрософт и Мета, исто така даваат донации за настанот на 20 јануари. Досега Боинг донирал еден милион долари за последните три […]

Врховниот суд на САД ќе се изјасни за делото против Трамп „пари за молчење“


Врховниот суд на САД денеска ќе ја изрече пресудата за новоизбраниот претседател Доналд Трамп за случајот со исплата на пари на порно актерката Сторми Даниелс за да молчи за наводната афера со него. Трамп вчера поднесе барање за итна интервенција, еден ден откако Апелацискиот суд во Њујорк го одби неговото барање за одложување на изрекувањето […]

Трудо: Коментарите на Трамп за анексија на Канада се тактика за одвраќање


Канадскиот премиер Џастин Трудо рече дека коментарите на новоизбраниот американски претседател за евентуално припојување на Канада се тактика со цел да се одвлече вниманието на луѓето од влијанието на царините што Доналд Трамп предупреди дека има намера да ги воведе. Трудо изјави за Си-Ен-Ен дека ако Трамп го следи својот план да воведе царина од […]

Претставничкиот дом на САД гласаше за санкции против Меѓународниот кривичен суд поради Израел


Претставничкиот дом на САД синоќа гласаше за воведување санкции кон Меѓународниот кривичен суд (МКС) во знак на протест поради издавањето налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана поради кампањата на Израел во Газа. Против беа 14, а 243 пратеници гласаа за законот со кој ќе се санкционира секој […]