Лајен до Европејците: Имаме моќ да возвратиме


На домашна агенда на ЕУ не може да се гледа одвоено од глобалните случувања, како што се заканите по глобалните просперитет и стабилност и растот на протекционизмот, порача денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето пред Европскиот парламент во Стразбур на дебатата посветена од заклучоците на Самитот на Унијата одржан на […]

Кина почна воени вежби околу Тајван, тајванскиот претседател го нарече „паразит“


Кинеската војска денеска соопшти дека започнала воени вежби во кои учествуваат различни родови на војската околу Тајван, „за да послужат како остро предупредување и моќно одвраќање за тајванската независност“, и го нарече тајванскиот претседател Вилијам Лаи „паразит“. Кина, која го смета Тајван за своја провинција, го зголемува политичкиот и воениот притисок врз островот во последниве […]

Москва не верува дека САД ќе го напуштат НАТО


Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, изјави денеска дека Москва не верува во можноста САД да се повлечат од НАТО. „Не мислам дека тоа ќе се случи“, рече Рјабков во интервју за списанието „International Affairs“. Тој оцени дека актуелната американска администрација користи „извесна доза бравура“ во својата реторика. – Мислам дека тоа е […]

Трамп ја спореди пресудата на Ле Пен со своите судски процеси


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја спореди пресудата против француската крајнодесничарска лидерка Марин Ле Пен со неговите сопствени судски процеси во САД. Тој изјави дека петгодишната забрана за Ле Пен да се кандидира на избори е „многу сериозно прашање“. – Ова ме потсетува на нашата земја, многу личи на она што се случува кај нас, […]

Администрацијата на Трамп врши ревизија на финансирањето на Харвард


 Администрацијата на Доналд Трамп започна ревизија на мерките за борба против наводниот антисемитизам на Универзитетот Харвард, што може да замрзне до 9 милијарди долари федерално финансирање за институцијата. Одделите за образование, здравство и човечки услуги, како и Управата за општи услуги, во понеделникот соопштија дека започнале „сеопфатен преглед на федералните договори и грантови на Универзитетот […]

Ванг Ји: Русија и САД направија чекор кон нормализација на меѓусебните односи


Русија и САД направија прв чекор кон нормализација на односите, што е позитивен сигнал за светската стабилност, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји. – Ова е добро за стабилизирање на рамнотежата на силите меѓу големите држави и носи оптимизам во разочарувачкиот меѓународен контекст. Во денешниот свет сè повеќе недостасува сигурност, рече Ванг Ји. […]

Иран се пожали во ОН за „опасната и агресивна реторика“ на Трамп


Иран денеска поднесе официјална жалба до Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) поради „опасните и агресивни“ изјави на американскиот претседател Доналд Трамп, оценувајќи ги како „флагрантно прекршување на меѓународното право и Повелбата на ОН“. Трамп вчера се закани со воздушни напади врз Иран и дополнителни царини доколку Техеран не се согласи да потпише нов […]

Амбасадите на САД во светот предупредуваат: Забранети се програмите за инклузија


Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги предупреди локалните добавувачи на амбасадите и конзулатите на САД во странство, како и добитниците на американски грантови, дека мора да ја почитуваат забраната за програми за промовирање на разновидноста, еднаквоста и инклузијата, во спротивно ризикуваат да ги изгубат средствата што им се исплаќаат. – Американската амбасада во Шпанија, […]

Марин Ле Пен: Нема да се кандидирам во 2027, но ќе продолжам со борбата


Француската крајнодесничарска лидерка Марин Ле Пен изјави дека судската одлука со која ѝ се забранува да извршува изборни функции практично ја исклучува од трката за претседателските избори во 2027 година. Таа нагласи дека нема големи надежи дека нејзината жалба ќе биде разгледана пред изборите. Според неа, забраната е „политичка одлука“. – Да бидеме искрени, јас […]

Нов указ на Трамп, ќе го олеснува привлекувањето на корпоративни инвестиции во САД


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска потпиша указ за олеснување на привлекувањето на корпоративни инвестиции во САД во вредност над една милијарда долари, соопшти Белата куќа. Со указот се основа нова служба во Министерството за трговија наречена „Инвестициски акцелератор на САД“, чија цел е да ги поттикне странските компании да вложуваат во американската економија. Програмата ќе […]

Путин потпиша мобилизација. Најголем број регрути во последните десет години


Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за пролетна мобилизација, со кој се наредува регрутирање на 160.000 граѓани на воена служба во периодот од 1 април до 15 јули, јавуваат агенциите. Во армијата ќе бидат повикани 160.000 руски државјани на возраст од 18 до 30 години, што е за 10.000 повеќе од лани и најголем број […]

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтер ја погоди Индонезија


Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди регионот јужно од Сумбава во Индонезија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар. Земјотресот се случил на длабочина од 42 километри, а епицентарот е регистриран на 198 километри југозападно од градот Лабуан Бајо. Засега нема извештаи за евентуални штети или жртви.

Бела куќа: Секоја земја која неправедно постапува кон САД ќе биде цел на дополнителни царини


Секоја земја која неправедно постапува кон САД треба да очекува да биде цел на дополнителни царини, соопшти денеска Белата куќа, два дена пред американскиот претседател Доналд Трамп да ги објави, како што ги нарече, сеопфатните, реципрочни царини. „Секоја земја која неправедно постапувала кон американскиот народ треба да очекува дека во среда ќе добие царина како […]

Маск ја осуди одлуката на францускиот суд против Марин Ле Пен


Американскиот мултимилијардер Илон Маск ја осуди одлуката на Францускиот суд против Марин Ле Пен, опишувајќи ја пресудата против неа како „злоупотреба на судскиот систем“. Маск предупреди дека ќе има „соодветна реакција“, како по „судските напади“ против американскиот претседател Доналд Трамп. „Кога радикалната левица не може да победи преку демократско гласање, таа го злоупотребуваат судскиот систем […]

Шведска одобри нов пакет воена помош за Украина во вредност од 1,47 милијарди евра


Шведска одобри нов пакет воена помош за Украина од 1,47 милијарди евра, што е најголемиот досега што земјата го испратила до Киев, изјави денеска шведскиот министер за одбрана Пал Јонсон. Тој на прес-конференција рече дека најголемиот дел од пакетот, вреден 850 милиони евра, ќе биде наменет за набавка на воена опрема од шведската Управа за […]

Над две илјади загинати во земјотресот во Мјанмар


Бројот на загинати во силниот земјотрес од 7,7 степени според Рихтер, што на 28 март го погоди Мјанмар надмина две илјади, соопштија денеска властите. Над 3.900 луѓе се повредени, а како исчезнати се водат 270 лица. Поради големиот број на жртви во земјата е прогласена седумдневна жалост. Спасувачките операции продолжуваат. Претходно денеска од урнатините беа […]

ЕК одобри 135 нови проекти за поддршка на реформските агенди на членките на ЕУ


Европската комисија соопшти дека денеска одобрила нови 135 проекти во рамките на Инструментот за техничка поддршка (ТСИ), како помош на земјите членки на ЕУ да подготват, дизајнираат и спроведат вкупно 390 реформи во текот на 2025 година.  Според ЕК, како што јави дописникот на МИА од Брисел, одобрените проекти ќе им помогнат на земјите членки […]

Се менува мировниот менталитет на Европа – започна брутално вооружување


Не постои официјална дефиниција за „воена економија“, но има многу индикатори. Воената економија значи дека државата ги мобилизира своите ресурси, производствените капацитети и трудот за поддршка на воената подготовка и производство пред војна или за време на неа. Најочигледната економска промена е пренасочувањето на индустриското производство од потрошувачки производи до оружје, муниција и друга воена […]

(Видео) Мијач на прозорци виси од облакодер во моментот на страшниот земјотрес


Видео  на кое се гледка како мијач на прозорци виси од облакодер во Бангкок во моментот на земјотресот кој урна облакодер во истиот град. Разорниот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што го погоди Мјанмар во петокот беше почувствуван на илјада километри подалеку, во главниот град на Тајланд, Бангкок, каде што се […]

Рано утринава во Рим беше запален салон на Тесла. Изгореа 17 возила


Рано утринава во Рим беше запален салон на Tesla, при што изгореа 17 возила. Пожар во салон за автомобили Tesla во главниот град на Италија, Рим, уништи 17 возила, пишува Newsweek. Италијанскиот портал Roma Today објави дека пожарникарите биле известени за пожарот утринава, нешто по 4 часот. Нема повредени, но пожарот се проширил и на […]