Руските националисти го притискаат Кремљ да ја продолжи војната во Украина


На некој што пораснал на Запад, на прв поглед може да му изгледа дека Путин е под притисок. Меѓутоа, таканаречените „Z-патриоти“ – именувани по симболот што руските сили во Украина го цртаат на своите возила – мора да следат одредени правила и да не претставуваат закана за Путин, изјавија за Ројтерс три лица блиски до […]

Украина загуби уште еден авион „Ф-16“ во инцидент


  Украина утрово загуби борбен авион „Ф-16“ поради невообичаена ситуација на него. Пилотот се катапултирал, соопштија украинските воздухопловни сили, цитирани од Ројтерс. „Според прелиминарните податоци /…/ се појавила необична ситуација во авионот. Пилотот го насочил авионот подалеку од блиската населба и успешно се катапултирал“, се вели во соопштението на воздухопловните сили на платформата Телеграм. Според […]

Во Лондон уапсен Украинец поради подметнување на пожар на имотот на Стармер


Британската полиција уапси 21-годишен Украинец поради подметнување на пожари во Лондон, вклучително и во домот на премиерот Кир Стармер. Роман Лавриновиќ е уапсен на 13 мај, еден ден откако подметнал пожар на влезот на имотот на Стармер во Кениш Таун, северен Лондон. Огнот предизвикал само материјална штета. Лавриновиќ, кој денеска треба да се појави пред […]

Рубио: Сите членки на НАТО на самитот во јуни ќе се согласат да издвојуваат пет проценти од БДП за одбрана


Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека на претстојниот самитот на НАТО во јуни, во Хаг, сите членки ќе се согласат за зголемување на средствата за одбрана во следната деценија на пет проценти од БДП. Рубио ова го изјави во интервју за „Фокс њуз“ по учеството на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО […]

Во Истанбул денеска ќе има тројни средби на претставници на САД и Турција со Украинците и Русите


Во Истанбул денеска треба да се одржат тројни средби на претставници на Турците, Американците и Русите од една страна, како и на Турците, Американците и Украинците од друга страна, јавија синоќа извори блиски до турското Министерство за надворешни работи. „Уште една рунда состаноци ќе се одржи утре во различни формати. На дневен ред се трипартитни […]

Рубио: САД се вознемирени од хуманитарната ситуација во Појасот Газа


Американскиот државен секретар Марко Рубио по разговорот со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека Вашингтон е загрижен поради хуманитарната ситуација во Појасот Газа. – САД не се имуни или на кој било начин нечувствителни на страдањето на луѓето во Газа, каде не е доставена хуманитарна помош од 2 март, наведе Рубио. Тој го повтори […]

ОАЕ ќе инвестира во САД 1,4 билиони долари во следните 10 години


Претседателот на Обединетите Арапски Емирати денеска изјави дека неговата земја планира да инвестира 1,4 билиони долари во САД во текот на 10 години. Тој го пофали „силното партнерство“  под водство на американскиот претседател Доналд Трамп. Шеикот Мохамед бин Зајед го објави „планот на ОАЕ да инвестира 1,4 билиони долари во САД… во текот на следните […]

Си-Ен-Ен: Преговорите одат точно како што сака Москва


 Одлуката на украинскиот претседател Володимир Зеленски да го испрати министерот за одбрана Рустем Умеров на состанок со руска делегација од понизок ранг во Истанбул беше тешка, но неопходна. Тој потег е насочен само кон едно лице – американскиот претседател Доналд Трамп, пишува Си-ЕН-Ен во анализа на преговорите меѓу Украина и Русија. Киев мора да покаже […]

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс ќе присуствува на првата миса на папата Лав четиринаесетти


Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс ќе присуствува на првата миса на папата Лав XIV, роден во САД, што ќе се одржи во недела на плоштадот „Свети Петар“, објави Белата куќа. Венс ќе ја предводи американската делегација, во која ќе биде и државниот секретар Марко Рубио, кој е католик како и потпретседателот на САД. Папата Лав XIV, […]

Фигаро: Зеленски нема да учествува на мировните преговори во Истанбул, украинска делегација – да


Украинскиот претседател Володимир Зеленски нема лично да учествува во мировните преговори со Русија што се одржуваат денеска во Истанбул, потврдија од украинската Влада, а јави француски „Фигаро“. -Претседателот одлучи дека денеска Украина ќе учествува во разговорите со Русија во Истанбул, изјави висок украински функционер, додавајќи дека составот на делегацијата е сè уште во фаза на […]

Русија подготвува нова офанзива во Украина, предупредуваат САД


  Откако испрати делегација од ниски функционери во Турција на мировни преговори, Владимир Путин продолжи да се подготвува за заземање на повеќе територии во Украина. Русија собира сили по фронтовските линии за евентуална нова офанзива, изјавија за Си-Ен-Ен двајца американски функционери запознаени со најновите проценки на САД. Руските воени команданти „се стремат да изградат голема […]

Саркози ослободен од нараквицата на глуждот


Париз – Осудениот поранешен претседател на Франција, Никола Саркози, е ослободен од нараквицата на глуждот откако ја носел три месеци. Канцеларијата на јавниот обвинител на Париз денеска потврди за ДПА дека 70-годишниот поранешен политичар сè уште мора да се придржува до одредени услови според условите на неговата условна казна. Саркози беше осуден на три години затвор […]

Дипломатската криенка откри дека Путин не го почитува Трамп


  Kако и да се одвива вонредната дипломатска криенка во Турција, во овој момент постои еден клучен заклучок. Кремљ не се плаши од понатамошни санкции, од европски притисок и не е убеден од претседателот Доналд Трамп. Рускиот претседател Владимир Путин ги гледа потенцијалните домашни стапици од можноста за фотографирање покрај американскиот лидер и неговиот украински […]

Јапонија започна вонредна инспекција на 196 воени авиони за обука по падот на еден од нив


Јапонските воздухопловни сили почнаа вонредни инспекции за безбедност на сите свои 196 воени авиони за обука откако еден од авионите се урна неколку минути по полетувањето, соопштија денес официјални лица. Воениот авион за обука со двајца војници се урна вчера неколку минути по полетувањето од воздухопловната база Комаки во префектурата Аичи во централна Јапонија. Додека […]

Казна или награда: „Главниот адвокат“ на ЕК заминува на нова должност


Брисел – Европската комисија соопшти дека нејзиниот актуелен главен советник за правни прашања Даниел Кајеха и Креспо е именуван за шеф на Претставништвото на ЕК во Шпанија.  – Европската комисија одлучи, во интерес на службата, да го премести Даниел Кајеха и Креспо на функцијата шеф на Претставништвото на Европската комисија во Шпанија, се наведува во […]

Конфузија околу можните преговори на Украина и Русија во Истанбул


  Десетици новинари, дипломати и набљудувачи на Русија се упатија кон Истанбул во четвртокот, со очекувања дека претставници од Русија и Украина – две земји заглавени во крвав конфликт повеќе од една деценија – би можеле да се сретнат лице в лице за прв пат по три години. Малку е познато што би можело да […]

Инциденти меѓу демонстранти и полицијата на влезот на судот во Нови Сад


 Граѓани и студенти, кои бараат ослободување на активисти кои се во притвор веќе два месеца, утрово ги блокираа судските згради во Нови Сад и Ниш, а најавени се протести и во Белград и Крагуевац. Пред зградата на судот и обвинителството во Нови Сад, пред осум часот утрово, имаше турканица со полицијата која се обидуваше да […]

Рубио: Вашингтон е подготвен да разгледа „секаков механизам“ за постигнување крај на војната


Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави денеска дека Вашингтон е „нетрпелив“ во врска со постигнувањето напредок во мировните напори меѓу Украина и Русија и е подготвен да разгледа „секаков механизам“ за постигнување крај на војната. „Mногу работа. Остануваме посветени на тоа. Очигледно, како и сите други сме нетрпеливи, сакаме да видиме тоа да се случи, […]

Јоханес Хан има нова мисија – специјален пратеник на ЕУ за Кипар


  Европската комисија во средата го назначи Јоханес Хан за нов специјален пратеник за решавање на деценискиот проблем со повторното обединување на Кипар. Хан, поранешен европски комесар од Австрија, ќе ѝ поднесува извештаи на претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен. Тој ќе придонесе во процесот на решавање во тесна соработка со личната пратеничка на […]

Сите очи вперени во Истанбул: Почнуваат преговорите меѓу Москва и Киев, Путин испрати пратеник, а што е со Зеленски?


Денеска во Истанбул почнуваат мировните преговори меѓу Русија и Украина, речиси три и пол години од почетокот на војната. Руската делегација ја предводи советникот на Путин Медински, а се уште се чека потврда дали ќе присуствува лично украинскиот претседател Володимир Зеленски. Средбата ќе се одржи зад затворени врати во палатата Долмабахче, додека светот внимателно го […]