На докторка во Газа, Израел ѝ уби девет деца: Ги донеле во болницата додека била на смена


Во раните утрински часови минатиот петок, како и секој ден, педијатарката д-р Ала ал-Наџар се збогуваше со своите деца пред да се упати на работа. Најмладиот, шестмесечниот Сајден, сè уште спиеше. Во Газа, каде што израелските напади продолжуваат со денови, Ала неволно го напушташе домот секој ден, свесна дека ги остава своите деца во сред […]

Зеленски објави нови санкции против Русија – таргетирани финансиери, пропагандисти и мафијаши


 Украинскиот претседател Володимир Зеленски преку објава на „Фејсбук“ соопшти дека стапиле во сила нови пакети санкции против Русија, усвоени од Националниот совет за безбедност и одбрана на Украина, пренесе Укринформ. „Денеска стапуваат во сила неколку санкциски пакети. Првиот е насочен кон Руси кои учествуваат во финансирање на терористичките активности на Русија, како и во финансиски […]

Најмалку 11 лица повредени во пукотница во Јужна Каролина


Најмалку 11 лица се повредени во пукотница што се случи во недела навечер во крајбрежен град во Јужна Каролина во Соединетите Американски Држави (САД). Пукањето се случило околу пристаниште за чамци во близина на Интракоасалниот воден пат. Реклама Полицијата во округот Хори не ги објави околностите на пукањето, ниту детали за тоа како 11-те лица […]

Трамп вели дека странските студенти на Харвард се од земји кои „не плаќаат ништо“ за нивното образование


Претседателот Доналд Трамп ги критикуваше странските земји што „не плаќаат ништо“ за образованието на своите граѓани на Харвард и други американски институции. Ова се случува во време на борба меѓу администрацијата на Трамп и Харвард околу неговите планови за укинување на можноста на универзитетот да запишува странски студенти. „Зошто Харвард не кажува дека речиси 31 […]

Вториот човек на владејачката германска ЦДУ е за поворно отворање на „Северен поток“


Заменик-претседателот на владејачката германска Христијанска демократска унија (ЦДУ) Михаел Кречмер, изјави дека го поддржува повторното отворање на гасоводите „Северен поток“ како можност за да се донесе Русија на преговарачка маса, пренсува ДПА. – Северен поток е можна прилика за разговори со Русија, рече Кречмер во интервју за весникот „Цајт онлајн“. Кречмер, кој е и премиер […]

Хеликоптерот на Путин се нашол во центарот на напад со беспилотни летала


На 20 мај , за време на посетата на Курската област, хеликоптерот на рускиот претседател Владимир Путин беше во центарот на масовен напад од страна на украински беспилотни летала, изјави командантот на руската дивизија за воздушна одбрана, Јуриј Дашкин. Како што изјави Дашкин за телевизискиот канал „Россија 24“, Путин на 20 мај беше во работна посета на […]

ЕК: Уцените на Трамп не може да се толерираат


Потпретседателката на Европската комисија, Тереза Рибера, остро реагираше на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој најави дека од 1 јуни ќе воведе 50-процентни царини врз производи од Европската унија. Таа порача дека Унијата нема да подлегне на притисоци и уцени. – Таквата уцена не може да се толерира – изјави Рибера за новинската агенција […]

Украина со апел до меѓународната заедница: Запрете ја Русија


Претседателот на Украина, Володимр Зеленски денеска изјави дека Русија синоќа нападнала повеќе од 30 градови и села со 300 дронови и 70 различни проектили, вклучително и балистички ракети. Цел на руските напади беа Киев и околината, како и регионите Житомир, Хмелницки, Тернопил, Чернихив, Суми, Одеса, Полтава, Дњепар, Миколаев, Харков и Черкаси. Во Киев погоден е […]

Сведоштва од Газа: Децата им умираат пред очи, тие немаат како да ги спасат


На улиците на Газа оваа недела имаше два звука што никогаш не престануваа, дење или ноќе. На запад, медитеранските бранови се судрија на брегот расфрлан со ѓубре. На исток, гранатите, проектилите и ракетите експлодираа со тапи удари и повремени пукнатини што ги „пукаа“ ушите. Најмалку 100.000 луѓе дојдоа во градот Газа, некогашен жив комерцијален и […]

Киев нападнат со дронови и ракети


Најмалку 13 лица се убиени, а десетици се повредени во руски напади со беспилотни летала и ракети низ Украина, соопштија регионалните власти и службите за итни случаи. Државната служба за вонредни состојби соопшти дека меѓу загинатите има три деца во Житомир и еден маж на возраст од околу 70 години во јужниот град Николаев. Нападите […]

Во Франција разбиена меѓународна мрежа за производство на синтетичка дрога


Француската полиција разби меѓународна мрежа за производство на синтетичка дрога и уапси осум лица. Во голема полициска операција во францускиот департмент Вар и во Белгија откриена е меѓународна криминална група која произведувала и тргувала со синтетичка дрога и перела пари. Пролетта 2024 година во луксузна вила во Вар биле произведени 400 килограми метамфетамин. За производството […]

ДИА: Путин е убеден дека ќе победи во војната во Украина


И покрај бавниот напредок на фронтот и големите загуби, претседателот на Русија, Владимир Путин е цврсто уверен дека ќе победи во војната во Украина, се наведува во најновиот извештај на американската Одбранбена разузнавачка агенција (ДИА). Според ДИА, Кремљ продолжува со стратегијата на исцрпување, чија цел е да го ослабне украинскиот отпор, да го деморализира населението […]

Пресекле три столба: Во Кан нема струја поради намерно оштетен далновод


Три од четирите столба на високонапонскиот далновод што го снабдува градот Кан и околните општини „беа пресечени во злонамерен чин“, соопштија денеска локалните власти во Франција. Локалните власти соопштија дека столбовите биле исечени со пила. По саботажата исклучена е струјата во Кан и околните општини за да се санира штетата, поради што 160.000 домаќинства немаат […]

Пентагон со нови правила за новинарите, ќе мора да имаат придружба


Шефот на Пентагон, Пит Хегсет воведе нови ограничувања за движењето на новинарите во зградата на американското Министерство за одбрана и побара новинарите да имаат официјално одобрение и придружба кога се наоѓаат во ходниците, каде што е неговиот кабинет. Според новите правила, новинарите треба да бидат придружувани и при посета на канцелариите на службата за односи […]

Четири земјотреси за еден час во Исланд


Четири слаби и мали земјотреси во рок од еден час денеска попладне се регистрирани на Исланд. Исландскиот Завод за геофизика соопшти дека епицентарот на првиот земјотрес со интензитет од четири степени според Рихтеровата скала бил на 79 километри југозападно од главниот град на Исланд, Рејкјавик на длабочина од 12 километри. Неколку минути по првиот земјотрес, […]

Голем прекин на електричната енергија во Кан. Се сомнева дека некој го подметнал пожарот


Голем прекин на електричната енергија во јужниот француски град Кан го наруши последниот викенд од меѓународниот филмски фестивал, а полицијата се сомнева дека станува збор за подметнат пожар. Околу 160.000 домови во крајбрежното одморалиште и соседните општини се погодени од прекин на електричната енергија од околу 10 часот наутро во саботата, по пожар што избувна […]

Повеќе од 100 вработени во Советот за национална безбедност во Белата куќа испратени на принуден одмор


Повеќе од сто вработени во Советот за национална безбедност во Белата куќа испратени се на принуден одмор во рамките на реструктурирањето што го спроведува привремениот советник за национална безбедност и државен секретар Марко Рубио, јави Си-ен-ен (CNN), повикувајќи се на неименувани извори. Шефот на кабинет на Националната социјална служба Брајан Мекормак вчера по 16 часот […]

ЕК најави мерки против Унгарија поради нацрт-законот за невладините организации


Европска комисија најави мерки против Унгарија ако Владата на премиерот Виктор Орбан го усвои контроверзниот закон со кој се ограничува работата на невладините организации. Конзервативната партија на Орбан, Фидес до Парламентот поднесе нацрт-закон, со кој се предвидени построги прописи за невладините организации финансирани од странство. ЕК наведе дека нацрт-законот претставува сериозно кршење на правата на […]

Русија и Украина си разменија уште по 307 воени заробеници


Русија и Украина ја продолжија најголемата размена на заробеници досега, при што секоја страна ослободи уште 307 лица, соопшти денеска руското Министерство за одбрана, пренесува ДПА. Министерството најави дека размената на заробеници ќе продолжи. И украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека уште 307 украински воени заробеници се вратиле дома како дел од размената договорена со […]

Трамп издаде извршни наредби за забрзан развој на нуклеарни енергетски капацитети


Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ нареди на својата администрација да ја забрза изградбата на нуклеарни реактори и да ја преиспита регулаторна рамка насочена кон „избегнување ризик“ како дел од планот за четирикратно зголемување на капацитетот за производство на нуклеарна енергија во земјата до 2050 година, објави „Фајненшл тајмс“. Претседателот потпиша четири извршни наредби со кои […]