САД повеќе не препорачуваат вакцини против Ковид-19 за бремени жени и здрави деца


Американските центри за контрола и превенција на болести (CDC) објавија дека вакцинацијата против Ковид-19 повеќе не се препорачува за бремени жени и здрави деца. Министерот за здравство Роберт Ф. Кенеди Џуниор во видео обраќање на платформата X објави дека тие вакцини се отстранети од препорачаната програма за вакцинација на ЦДЦ за тие две категории на […]

Ако европските земји ја признаат Палестина, Израел ќе анектира дел од Западен Брег


Израелските министри наводно ги предупредија клучните европски држави дека секое признавање на палестинската држава би го поттикнале Израел да преземе еднострани мерки, меѓу кои и евентуална анексија на делови од Западен Брег, објави „Тајмс оф Израел“. Израелскиот весник „Хаарец“објави дека министерот за стратешки прашања Рон Дермер лично ги предупредил францускиот и британскиот министер за надворешни […]

Бројот на повредени лица во Ливерпул, каде автомобил удри во фудбалски навивачи, се искачи на 65


 Шеесет и пет лица се повредени во вчерашниот инцидент во Ливерпул, североисточна Англија откако автомобил удри во толпа навивачи на англискиот фудбалски клуб Ливерпул кои ја славеа титулата шампион во Премиер лигата. Возачот на автомобилот, 53-годишен Британец, е уапсен под сомнение за обид за убиство, опасно возење и возење под дејство на дрога, соопшти полицијата. […]

ЕК следниот месец ќе објави конкретни предлози за ослободување од руските енергенси


 Европската комисија пред неколку недели презентираше Патоказ за постепено ослободување од руските енергенси и следниот месец ќе предложи конкретни логистички предлози и детално ќе опише како да се постигне таа цел, изјави денеска портпаролката на ЕК за климатска акција и енергија Ана-Кајза Итконен.  Нејзината изјава претставуваше одговор на новинарско прашање дали Европската комисија побрала од […]

Шпанија бара каталонскиот, баскискиот и галицискиот да станат официјални јазици на ЕУ


  На денешниот состанок на Советот за општи работи на ЕУ се наоѓа предлогот на Шпанија каталонскиот, баскискиот и галицискиот јазик да бидат признати како официјални јазици на ЕУ. Постои можност обидот на Мадрид, кој изгледаше осуден на пропаст пред само неколку дена, всушност да добие зелено светло. Кога премиерот Педро Санчез вети дека ќе […]

Путин се уплаши, почна да работи на мировен план


Русија продолжува да работи на нацрт-меморандум за принципи за евентуален мировен договор за завршување на војната во Украина, соопшти денес руското Министерство за надворешни работи. Рускиот претседател Владимир Путин, по телефонскиот разговор со својот американски колега Доналд Трамп претходно овој месец, изјави дека Москва е подготвена да соработува со Украина на меморандум за иден мировен […]

Русија напредува на североисток од Украина


  Русија контролира четири погранични села во североисточниот украински Сумски регион, враќајќи мал дел од територијата што беше ослободена од силите на Киев во 2022 година. „Непријателот ги контролира селата Новенке, Басивка, Веселивка и Журавка во регионот Суми. Жителите на тие села беа евакуирани одамна, така што нема закана за цивилното население таму“, изјави Олех […]

Расистички марш на илјадници Израелци во муслиманскиот кварт на Ерусалим


  Илјадници Израелци се придружија на маршот финансиран од државата низ муслиманскиот кварт на Стариот град во Ерусалим, каде што големи групи извикуваа расистички слогани, вклучувајќи „Газа е наша“, „смрт за Арапите“ и „нека горат нивните села “. Годишниот марш, платен и промовиран од градската власт на Ерусалим, го слави освојувањето и окупацијата на Источен […]

Израелски министер повика на окупација на Газа и обнова на храмот на местото на Ал-Акса


Израелскиот министер за финансии, Бецалел Смотрич, предизвика нова контроверза со повици за окупација и населување на Појасот Газа, како и за обнова на храмот на местото на џамијата Ал-Акса во Ерусалим. За време на т.н. „Марш на знамето“, настан организиран од екстремно десничарски групи, во Стариот град на Ерусалим се собраа израелски политичари и нивни […]

Трамп подготвува силен удар врз Путин


Американскиот претседател Доналд Трамп, незадоволен од постојаните напади на Москва врз Украина и фрустриран од бавниот напредок на мировните преговори, размислува за воведување нови санкции врз Русија уште оваа недела, дознава „Волстрит џурнал“ од извор близок до Белата куќа. Иако не се очекуваат дополнителни санкции против банките, според овие извори, Белата куќа разгледува голем број […]

Макрон со години не разговара со мајка си поради Брижит? Неговиот татко се огласил и ги открил сите детали


  Емануел и Брижит Макрон, претседателот на Франција и неговата сопруга, се најдоа во центарот на вниманието поради шокантното видео на кое се гледа како таа наводно му удира шлаканици на својот сопруг откако пристигнаа во официјална посета на Виетнам. Инцидентот се случил во авионот, по слетувањето, а на камерата биле снимени многу контроверзни детали. […]

Франција пред финансиски колапс до 2027 година, предупредува Државниот ревизорски суд


Франција би можела да се соочи со сериозен недостиг на буџетски средства до 2027 година доколку не се преземат итни мерки за ограничување на јавната потрошувачка, предупреди францускиот Државен ревизорски суд. Во вчерашниот извештај на ревизорите, кој го пренесуваат денеска француските медиуми, како главна причина за зголемениот дефицит се наведуваат широките социјални програми. Само во […]

Цунамито од долгови кон Кина ќе погоди десетици земји низ светот


 Отплатите кон Пекинг ќе достигнат рекордни нивоа во оваа 2025 година. Најсиромашните земји во светот се соочуваат со „плима и бран на долгови“, предупреди австралиски тинк-тенк. Кредитната експанзија на Кина во рамките на иницијативата „Еден појас, еден пат“ во 2010-тите финансираше пристаништа, железници, патишта и други инфраструктурни проекти од пустините на Африка до тропскиот Јужен Пацифик. […]

На Русија ќе ѝ требаат речиси 100 години за да направи „тампон зона“ од Украина


Вашингтон- Доколку продолжи со сегашното темпо на офанзива и загуби, на руската армија ќе ѝ бидат потребни 91 година и 50 милиони војници за да создаде „безбедносна зона“ од речиси цела Украина, како што предложи Дмитриј Медведев, заменик претседател на Советот за безбедност на Русија, објави вашингтонскиот Институт за изучување на војната. Медведев претходно се […]

Путин најави блокада на западните ИТ-компании што сѐ уште работат во Русија


Москва – Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија ќе ги блокира услугите на западните информатички компании кои сѐ уште оперираат на нејзина територија, јави ДПА. – Тие мора да бидат ограничени, рече Путин на средба со руски ИТ-претприемачи. Западот сака да ја задуши Русија, затоа мораме да возвратиме, додаде тој. Путин најави и други […]

Путин: Русија беше „принудена“ да ја почне војната


  Владимир Путин уште еднаш се обиде да оправда целосна инвазија на Украина тврдејќи дека Москва била „принудена“ да ја започне војната. Зборувајќи на состанок со руски бизнис лидери, тој ја повтори старата реплика за „крвавиот државен удар“ во Киев, кој, според него, го предизвикал конфликтот, и тврдеше дека новата украинска влада наводно почнала „да […]

Трамп за царинската политика: САД сакаат да прават тенкови и бродови, а не патики и маици


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека неговата царинска политика е насочена кон промовирање на домашното производство на тенкови и технолошки производи, а не на патики и маици. Во изјава за новинарите пред да се качи во претседателскиот авион во Њу Џерси, Трамп рече дека се согласува со изјавата на американскиот секретар за финансии Скот […]

(Видео) Ужасен напад во Ливерпул: Маж со автомобил прегази навивачи, луѓето летаа на сите страни


  Парадата на победата на фудбалскиот клуб Ливерпул во Премиер лигата се претвори во хаос во понеделник вечерта откако автомобил удри во пешаци во центарот на градот, оставајќи многу повредени. Педесет и тригодишен бел Британец беше уапсен на местото на судирот на улицата Вотер во срцето на градот, на неколку метри од и Градското собрание […]

Што досега се знае за преговорите Брисел – Вашингтон за царините и спречувањето трговска војна


Пред Доналд Трамп да се повлече од својата последна закана за високи царини против Европската унија, американскиот претседател ги оправда со образложение дека разговорите со блокот „не водат никаде“. Сега, со царини од 50 проценти што се ставени на чекање – и рокот за преговори на 9 јули е вратен по повикот на Трамп со […]

Трамп сака да му одземе 3 милијарди долари на Харвард и да ги пренасочи кон занаетчиските школи


Вашингтон- Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави дека ја разгледува можноста за одземање на 3 милијарди долари федерални грантови од Универзитетот Харвард и пренасочување на тие средства кон стручните училишта низ САД. Наведувајќи дека престижниот универзитет треба да „плати цена“ за, како што тврди, своето одбивање да се усогласи со националните интереси. Трамп на својата […]