Режимот на Путин објави „црна листа“ на бугарски премиери и министри


Двајца поранешни бугарски премиери и двајца министри за одбрана, вклучувајќи го и сегашниот, беа вклучени во официјалниот список на руското Министерство за надворешни работи како примери за „најекстремните манифестации на русофобична реторика“, објави БГНЕС. Списокот, објавен на веб-страницата на руското Министерство за надворешни работи во делот „Примери за манифестации на русофобија“, ги наведува јавните изјави […]

Тајланд и Камбоџа се согласија за итен прекин на огнот!


Тајланд и Камбоџа се согласија за итен прекин на огнот по мировните разговори во Путраџаја, изјави премиерот Датук Сери Анвар Ибрахим, според странските медиуми. Средбата се одржа денес за да се смири ситуацијата околу граничниот спор. Лидерите на Камбоџа и Тајланд денес пристигнаа во Малезија на разговори со цел обезбедување прекин на огнот во нивниот […]

Залужни: Војната во Украина може да трае до 2034 година!


Поранешниот врховен командант на вооружените сили на Украина и украински амбасадор во Велика Британија, Валериј Залужни, изјави дека војната на Русија против Украина може да трае до 2034 година. Тој го изјави ова за време на интервју за LB.ua. Залужни изјави дека Украина влегла во нова фаза од војната и ако властите не се погрижат за […]

Орбан: Трамп „ја изеде за појадок“ Фон дер Лајен


Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, коментирајќи го трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, живописно оцени дека тоа не е договор, туку дека американскиот претседател Доналд Трамп „ја изелза појадок претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен“, објави унгарската новинска агенција MTI. Орбан  изјави дека однапред го очекувал овој исход, со оглед на тоа што американскиот […]

Треската чикунгуња се врати по две децении: СЗО предупредува, вирус кој не познава граници ја нападна Европа


Европа повеќе не е безбедна, а историјата се повторува, соопшти СЗО. Треската чикунгуња се врати. Светската здравствена организација (СЗО) објави – чикунгуња треската, која се пренесува преку комарци, повторно се шири со алармантна брзина. Досега, главно се поврзуваше со области од Јужна Азија и Источна Африка, но експертите предупредуваат дека дури 5,6 милијарди луѓе ширум […]

Романскиот вицепремиер Анастасиу поднесе оставка откако призна дека дал мито


Романскиот вицепремиер задолжен за реформи во буџетскиот систем, Драгош Анастасиу, поднесе оставка поради вмешаност во корупциски скандал. На синоќешната прес-конференција, Анастасиу изјави дека оставката не му била побарана од премиерот Илие Боложан, туку сам решил да се повлече за да не наштети на угледот на Владата. – Му реков на премиерот дека отсега натаму ќе […]

Во Стокхолм нов круг разговори меѓу САД и Кина за царините


 Американскиот секретар за финансии Скот Бесент и високи кинески претставници денеска и утре во Стокхолм ќе одржат нови разговори во врска со спорот околу царините. Главна цел на преговорите е продолжување на тековната пауза на царините, која е во сила до 12 август. Кинеската делегација се очекува да ја предводи вицепремиерот Хе Лифенг. Од април, […]

Австралија почна со новите „климатски визи“ за граѓаните на Тувалу


Тихоокеанската островска држава Тувалу е една од најмалите нации во светот. Се состои од девет острови и атоли во Јужниот Пацифик, со површина од околу 26 квадратни километри, како и нешто повеќе од 10.000 жители. Околу 91 отсто од населението се христијани – калвинисти. Но, Тувалу е под закана – поради зголемувањето на нивото на […]

Тројца загинати, десетици повредени во вчерашната железничка несреќа во југозападна Германија


Штутгард – Три лица загинаа, а околу 50 се повредени, од кои 25 тешко, во железничката несреќа што се случи синоќа во близина на Ридлинген, во сојузната покраина Баден-Виртемберг, соопштија германските власти. Меѓу загинатите се машиновозачот и уште еден вработен во државната железничка компанија Дојче Бан. Несреќата се случи околу 18:10 часот кога најмалку два […]

Русија воведе директни комерцијални летови меѓу Москва и Пјонгјанг


Москва – Русија денеска воспостави редовна воздушна врска меѓу Москва и Пјонгјанг, што е уште еден показател за сè поблиските односи меѓу двете земји. Првиот лет на рускиот авиопревозник „Нордвинд“ (Nordwind) полета од московскиот аеродром Шереметјево, превезувајќи над 400 патници. Руското Министерство за транспорт соопшти дека ќе има по еден лет месечно за да се одговори […]

„Њујорк тајмс“: Една милијарда долари за ремонт на претседателскиот авион


Вашингтон – САД одвоија речиси една милијарда долари од буџетот наменет за модернизација на нуклеарниот арсенал, со цел да го финансираат ремонтот на претседателскиот авион Боинг 747-8, познат како „Ер Форс Уан“, пишува денес „Њујорк тајмс“ (NYT). Според весникот, точната цена за ремонтот на авионот засега е доверлива. „Официјално, трошоците за ремонтот се доверливи… Никој […]

Невреме во Германија. Дете (11) почина, подруми поплавени, патишта затворени


Баварија вчера беше погодена од бурно време, со обилни дождови, грмотевици, лизгање на земјиштето, па дури и снег на поголеми надморски височини. Германската метеоролошка служба (DWD) прогнозира обилни дождови до вторник, особено во Алпите и подножјето, пишува Феникс. Пожарникарите примија повеќе од 300 итни повици, а водата продре во бројни подруми, подземни гаражи и поплавени […]

Температурни рекорди во Финска


Хелсинки – Финска оваа недела сруши уште еден рекорд во топлотен бран што трае веќе 16 дена по ред. Денес, низ целата земја беа забележани температури над 30 степени Целзиусови, што е невообичаено за оваа нордиска земја, објавува порталот Yle. Од особено значење е новиот рекорд во Лапонија, каде што денес беше забележана 17-дневна низа […]

Израел го приведе екипажот на хуманитарен брод, меѓу нив и пратенички од Франција


Тел Авив – Хуманитарниот брод „Хандала“, кој беше пресретнат од израелската војска, пристигна во пристаништето Ашдод на југот на Израел, јави француската телевизија BFM. Членовите на екипажот, меѓу кои и две пратенички од француската партија „Непокорена Франција“, се приведени од израелските власти. Невладината организација „Адалaх“ соопшти дека испратила адвокати во пристаништето. Пратеничката Ема Фуро на платформата […]

Наследниците на Пиноче мора да вратат на државата ограбени 16 милиони долари


Сантјаго де Чиле – Суд во Чиле одлучи дека наследниците на поранешниот чилеански диктатор Аугусто Пиноче мора да и вратат на државата 16 милиони долари што ги ограбил и ги чувал на тајни сметки во странство. Судската постапка е покрената во 2018 година кога Советот за одбрана на чилеанската држава наложил наследниците на Пиноче да […]

Уште една земја сака да се приклучи на НАТО


Австрија наскоро би можела да го преиспита својот статус на воена неутралност, воспоставен во 1955 година, и да започне дискусии за можно членство во НАТО, што би претставувало една од најдраматичните промени во безбедносната политика на земјата во последните седум децении. Австриската министерка за надворешни работи Беате Мајнл-Рајзингер во интервју за германскиот весник „Ди Велт“ […]

Боб Гелдоф: Израелците лажат дека не се одговорни за гладот во Газа


Ирскиот музичар Боб Гелдоф, организаторот на „Live Aid“ во 1985, трансатлантскиот концерт на кој се собраа милиони за помош во борбата против гладот во Етиопија, ги обвини израелските власти дека „лажат“ за гладот во Газа, по изјавата на портпаролот на израелската влада, Дејвид Менцер, кој претходно изјави дека палестинското милитантно движење Хамас „го изгладнува сопствениот […]

Трамп повторно му се закани на Обама со апсење


 Доналд Трамп штотуку објави фотографија на која се гледа тој  и мемифицирана верзија на Џ.Д. Венс како го бркаат поранешниот претседател на САД, Барак Обама во реконструкција на брканицата со автомобили на О.Ј. Симосон.   Објавата според сите оценки не е  шега, туку  уште една закана од Трамп дека ќе го уапси и гони Обама […]

И НАСА отпушта вработени, заминуваат 20 отсто


Националната вселенска агенција на САД (НАСА) ќе изгуби околу 3.900 вработени како резултат на политиката за намалување на бројот на федерални вработени што ја спроведе Доналд Трамп. НАСА соопшти дека приближно 3.000 луѓе биле дел од вториот бран отпуштања што заврши синоќа. Додавајќи ги 870-те луѓе кои учествуваа во првата рунда од таа програма и […]

Велика Британија ќе се вклучи во доставата на хуманитарна помош за Газа по воздушен пат


Велика Британија ќе се приклучи на меѓународните напори за доставување хуманитарна помош во Појасот Газа по воздушен пат, соопшти премиерот Кир Стармер, откако Израел дозволи ваков начин на испорака во услови на влошена хуманитарна состојба. Стармер рече дека Лондон „итно ги забрзува напорите“ за евакуација на деца со итни медицински потреби, кои би биле третирани […]