Стармер: Велика Британија ќе признае држава Палестина во септември ако Израел не се согласи на прекин на огнот


Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер, изјави дека ќе ја признае државата Палестина во септември доколку Израел не се согласи на прекин на огнот и не се движи кон мир. Стармер итно ги повика денеска своите министри на состанок за да разговараат за план за траен мир во Газа, што би можело да доведе до […]

Туск: Полска може да изгуби повеќе од две милијарди долари поради американските царини


Премиерот на Полска, Доналд Туск, денеска изјави дека земјата, според прелиминарните проценки, би можела да претрпи загуби од околу 2,16 милијарди долари поради новите американски царини на европските производи, но оцени дека договорот со Вашингтон е подобар од трговска војна. – Загубите ќе бидат значајни од двете страни на Атлантикот, но подобар е остар трговски […]

ЕУ размислува за ограничување на научната соработка со Израел поради кризата во Газа


Европската комисија предложи делумна суспензија на учеството на Израел во научноистражувачката програма „Horizon Europe“, вредна 80 милијарди евра, поради како што се наведува – „тешката“ хуманитарна состојба во Појасот Газа. Овој потег е прв од ваков вид во историјата на програмата и доаѓа во време на зголемени меѓународни критики кон израелските акции во Газа, вклучително […]

Сијарто: Европската унија е понижена и исмеана


Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, денеска изјави дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, доживеала два значајни дипломатски порази во една недела, оценувајќи дека Европската унија станала „мета на понижување и исмевање во светската политика“. Според унгарската агенција МТИ, Сијарто укажал на неодамнешната одлука на САД да ги зголеми царините на […]

И постари од 60 години можат да служат во вооружените сили на Украина


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потпиша закон за воена служба по договор за лица кои ја достигнале старосната граница од 60 години за воена служба. Законот им дозволува на лицата кои ја достигнале старосната граница, но се подготвени да продолжат со службата од здравствени причини, да склучат договор за воена служба, објавено е на веб-страницата […]

Цицикостас: Европските тунели се премали за тенковите на НАТО


Автопатиштата и железничката мрежа на Европската унија не се во состојба да обезбедат брзо и ефикасно преместување на војска и воена техника во случај на евентуален конфликт со Русија, предупреди европскиот комесар за транспорт и туризам, Апостолос Цицикостас, во интервју за „Фајненшл Тајмс“. Цицикостас најави дека Европската унија ќе инвестира најмалку 17 милијарди евра во […]

Што можеше да направи Европа за да им се спротивстави на САД за тарифите?


Во прифаќањето на американските царини од 15% за европскиот увоз, многумина видоа „предавање“ на Европа пред американскиот притисок, „вазалска“ покорност, мекост и безличност. Во медиумите, и традиционалните и „социјалните“ имаше остри критики кон Европската комисија, дури и повици за оставка на нејзината претседателка Урсула фон дер Лајен за тоа што не ја водеше битката до […]

Најубавата земја во светот плаќа за да се преселите на остров: Добивате пари за реновирање на куќа и живеење таму


Ирска ја обнови програмата „Нашите живи острови“, која нуди парични стимулации за преселба на еден од 23 оддалечени острови. На крајот на јуни, ирските власти ја обновија програмата „Нашите живи острови“. Оваа иницијатива, започната во 2023 година, е предвидена да трае до 2033 година и има за цел борба против депопулацијата преку мерки како што […]

Напад со нож во Лондон. Двајца мажи убиени, осомничениот е во сериозна состојба


Двајца мажи починаа, а двајца други се хоспитализирани по насилниот инцидент во центарот на Лондон вчера. Еден од хоспитализираните мажи е уапсен под сомнение дека е поврзан со нападот. Метрополитенската полиција соопшти дека биле повикани во бизнис на Лонг Лејн во Саутерк околу 13 часот во понеделник. Четири лица биле пронајдени со убодни рани на […]

Откриен е можниот мотив на убиецот од Њујорк. Оставил проштално писмо


Шејн Девон Тамура (27), вооружениот човек кој вчера уби четири лица во канцелариска зграда во Њујорк пред да си го одземе животот, оставил проштално писмо во кое тврди дека страда од хронична трауматска енцефалопатија (ХTE) и бара мозокот да му се анализира по смртта, објавува Си-ен-ен. Пронајдено писмо по пукањето Во кратко писмо на три […]

Трамп играл голф во оклопно возило, отпорно на снајперски куршуми, на својот имот во Шкотска


За време на престојот во неговото одморалиште „Трамп Тарнбери“ во Шкотска, Доналд Трамп играл голф возејќи се низ теренот во специјализирано возило за кое подоцна се откри дека припаѓа на тајната служба и било оклопно за потребите на американскиот претседател. Додека остатокот од неговата придружба се возеше низ голф теренот во класични возила што ги […]

Четворица убиени во пукотница во Њујорк, напаѓачот исто така е мртов


Њујорк – Вооружен човек предизвика вистински ужас во облакодер во центарот на Њујорк, убивајќи четири лица, вклучувајќи и еден полицаец. Напаѓачот потоа најверојатно извршил самоубиство, сумираше градоначалникот на метрополата, Ерик Адам, објавија светските агенции. Тој го опиша инцидентот како уште еден чин на лудо насилство. Тројца мажи, вклучувајќи еден полицаец, и една жена се во критична […]

Политико: ЕУ призна дека не може да ги исполни ветувањата дадени на Трамп


ЕУ призна дека не е во можност да го исполни ветувањето дадено на американскиот претседател Доналд Трамп за дополнителни 600 милијарди долари инвестиции во американската економија, само неколку часа откако беше постигнат договор на историските трговски разговори во Шкотска, изјавија извори за Политико. Причината е што парите треба да дојдат целосно од приватни европски компании, […]

Трамп го отфрли тврдењето на Нетанјаху дека нема глад во Газа


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека не се согласува со изјавата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека нема глад во Газа, откако се состана со британскиот премиер Кир Стармер во Шкотска. Трамп ја опиша ситуацијата во Газа како „ужасна“ и додаде дека САД „мора да помогнат на хуманитарна основа“, пренесува Би-Би-Си. Тој рече дека […]

Гутереш: Решение со две држави на Блискиот Исток сега е поневеројатно


 Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, смета дека мировниот процес меѓу Израел и Палестинците е близу до колапс и дека решение со две држави е подалечна перспектива од кога било досега. – Вистината е: Ние сме на пресвртна точка, рече Гутереш на отворање на конференција организирана од Саудиска Арабија и Франција за мирот на Блискиот […]

Проукраински хакери го нападнаа московскиот аеродром „Аерофлот“, откажани 60 летови


Десетици летови беа откажани во Москва денеска по сомнителен кибернапад од проукраински хакерски групи. Руската државна авиокомпанија „Аерофлот“ првично објави околу 60 откажани летови на аеродромот „Шереметјево“, наведувајќи прекин во своите ИТ системи како причина. Експертите на компанијата работат на враќање на серверските операции за да се продолжат закажаните летови, соопшти агенцијата. Портпаролот на Кремљ, […]

Лондон ги брани ветерните турбини по тврдењето на Трамп дека тоа е „најскапата форма на енергија“


Американскиот претседател Доналд Трамп и премиерот на Обединетото Кралство Кир Стармер отворено не се согласуваа за две прашања за време на средбата во Шкотска – еднато беше Садик Кан, градоначалникот на Лондон од Лабуристичката партија , а другото беа ветерните турбини.Трамп има речиси опсесивна омраза кон ветерните турбини, и еве што рече за нив денес. […]

И израелски организации за човекови права гледаат израелски геноцид во Газа


Две водечки организации за човекови права со седиште во Израел, Б’Тселем и Лекари за човекови права, велат дека Израел врши геноцид врз Палестинците во Газа и дека западните сојузници на земјата имаат законска и морална должност да го спречат тоа. Во извештаите објавени во понеделник, двете групи изјавија дека Израел ги таргетирал цивилите во Газа […]

Трамп е разочаран од Путин, ќе го скрати рокот од 50 дена за завршување на војната во Украина


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ќе го скрати рокот од 50 дена што ѝ го даде на Русија за завршување на војната во Украина, велејќи дека е разочаран од рускиот претседател Владимир Путин. -Разочаран сум од претседателот Путин, рече Трамп пред средбата со британскиот премиер Кир Стармер во Шкотска. „Ќе ги скратам 50-те […]

(Видео) Драма на лет за Глазгов: Се закануваше со бомба и извикуваше „Алаху Акбар“. Го совлада човек од нашите краишта


Патник на лет на Изиџет (easyJet) од лондонскиот аеродром Лутон до Глазгов, Шкотска, извикувал заканувачки слогани еден час по полетувањето, вклучувајќи закана за „експлодирање бомба во авионот“ и слоганите „Смрт за Америка“ и „Смрт за Трамп“. Инцидентот се случил утрото на 27 јули, а снимките од настанот брзо се проширија на социјалните мрежи, предизвикувајќи загриженост […]