Бела куќа: Трамп и кинескиот претседател Си веројатно ќе разговараат неделава


Американскиот претседател Доналд Трамп веројатно неделава ќе има телефонски разговор со кинескиот претседател Си Џинпинг, изјави синоќа портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, пренесе ДПА. Ливит не даде дополнителни детали и немаше непосредна потврда од Пекинг. Доколку разговорот се одржи, додава ДПА, се очекува лидерите да се фокусираат на актуелниот трговски спор меѓу двете земји. […]

Лидерите на ЕП во посета на Копенхаген во пресрет на данското претседавање со ЕУ


Членовите на Конференцијата на претседатели на Европскиот парламент, предводени од неговата претседателка Роберта Мецола денеска ќе престојуваат во посета на Копенхаген во рамки на подготовките за претстојното претседавање на Данска со Советот на Европската Унија во втората половина на 2025 година.  Како што соопшти Прес-службата на ЕП, предвидено е лидерите на Европарламентот да се сретнат […]

Орбан: Војната во Украина ќе биде подолга и побрутална од очекувањата


Орбан: Војната во Украина ќе биде подолга и побрутална отколку што очекувавме Будимпешта, 2 јуни 2025 (МИА) Унгарскиот премиер Виктор Орбан најави свикување на Советот за одбрана на Унгарија и изрази загриженост за можното продолжување на конфликтот во Украина. „Воените акции во последните денови укажуваат дека војната ќе биде подолга и побрутална отколку што очекувавме […]

Нова потрага во Португалија во случајот Медлин МекКен


Португалската и германската полиција почнаа нова потрага во Португалија како дел од тековната истрага за исчезнувањето на Медлин МекКен. Новата потрага ќе ја опфати општината Лагос, која се наоѓа покрај Праја да Луз, град во Алгарве каде што девојчето исчезна пред речиси две децении, јави Би-Би-Си. Медлин имала три години кога исчезнала од станбен комплекс […]

Рускиот меморандум од Истанбул: Она што е земено е наше, дајте ни го вашето


  Светските агенции ги објавија главните точки во руските барања за прекин на огнот и мир во Украина, поднесени денес на вторите директни разговори меѓу Русија и Украина. Тие ги надминуваат дури и најпесимистичките очекувања и вклучуваат одбивање на Украина да поднесе какви било тврдења за огромното уништување што ѝ го предизвика Русија. Така, мирот […]

Украинскиот напад врз воените бази го шокирал Кремљ, објави Блумберг


  Нападот на Украина врз руските стратешки бомбардери во недела попладне ја шокирал Москва, сеејќи горчливо чувство на вознемиреност кај претставниците на Кремљ за ранливоста на нејзините нуклеарни сили, објави Блумберг, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата. Според еден од изворите на агенцијата блиски до Кремљ, нападот резултирал со губење на околу 10 авиони, […]

Русија заработила три пати повеќе од нафта, гас и јаглен отколку што била вкупната западна помош за Украина


Глобално, од почетокот на војната, Русија заработила три пати повеќе пари од продажба на нафта, гас и јаглен отколку што е издвоено за помош на Украина. Истиот сооднос важи и кога се гледаат членките на Европската Унија. Дури и кога станува збор за земјите од НАТО, Русија заработува повеќе од продажба на енергетски производи отколку […]

Почина палестинскиот доктор чии девет деца беа убиени во израелски напад


Палестинскиот доктор кој загуби девет деца во израелски воздушен напад врз градот Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа почина од повредите, соопштија локалните здравствени власти. Хамди Ал-Наџар беше сериозно повреден кога израелските сили го бомбардираа неговиот дом на 24 мај, соопштија извори. Фотографиите од агенцијата Анадолија покажуваат дека Хамди Ал-Наџар страда од тешки […]

Египет пренасочува седум проценти од водата на Нил за проширување на обработливото земјиште


Египет објави планови за пренасочување на околу седум проценти од водата на Нил за проширување на обработливото земјиште и урбанизирање на областите долж делтата на реката. Во 2021 година, Каиро објави план за садење „стратешки“ култури како пченица, пченка и зеленчук на нова земјоделска површина од речиси половина милион хектари, според министерот за земјоделство Ал […]

Предлог за капитулација? Што пишува во рускиот меморандум „за регулирање на украинската криза“


Руската агенција Тасс го објави текстот на рускиот меморандум за „регулирање на украинската криза“, кој изгледа како предлог за капитулација на Украина. Се бара меѓународно-правно признавање на Крим, ЛНР, ДНР, Запорошката и Херсонската област како делови од Руската Федерација и целосно повлекување на украинската војска и другите воени формации на Украина од тие територии. Се […]

Врховниот суд на САД нема да ги преиспитува одлуките на пониските судови за оружје


Врховниот суд на Соединетите Американски Држави денеска соопшти дека нема да ги преиспитува одлуките на пониските судови во врска со оспорувањето на законитоста на државните ограничувања за јуришни пушки, како и оспорувањето на законитоста на шаржерите со голем капацитет. Судиите на Врховниот суд одбија две жалби, откако пониските судови ја потврдија забраната во Мериленд за […]

Бербок избрана за претседателка на Генералното собрание на ОН


Поранешната шефица на германската дипломатија Аналена Бербок избрана е за претседателка на Генералното собрание не Обединети нации, јави Германската новинска агенција (ДПА). Бербок беше единствен кандидат за оваа позиција, поради што гласањето беше само формалност. Претседателот на ГС на ОН претежно има претставничка улога и мандат од една година. Бербок официјално че стапи на функцијата […]

Завршија преговорите Русија – Украина


Вториот круд од директните преговори помеѓу руската и украинската делегација во Истанбул завршија за околу еден час, јавија руските медиуми. Преговорите се воделе на руски јазик и траеле повеќе од еден час.Шефот на претседателскиот кабинет на Украина, Јермак, изјави дека за време на состанокот, украинската страна предала список на украински деца кои мора да бидат […]

Полска: Владата на Доналд Туск во шок по поразот на претседателските избори


  Кандидатот на десницата, Карол Навроцки, ќе стане нов претседател на Полска по објавувањето на резултатите од изборите. Тие покажуваат дека кандидатот на партијата Право и правда (ПиС) победи во вториот круг од претседателските избори со 50,89% од гласовите. Неговиот ривал, градоначалникот на Варшава, Рафал Тржасковски освои 49,11%. Главното прашање е сега што ќе прави […]

Институт за проучување на војната: Украина има ограничен број ПВО системи „Патриот“


Комбинираните руски напади ја принудуваат Украина да донесе тешки одлуки кои области да ги заштити со својот ограничен број системи за воздушна одбрана „Патриот“, соопшти Институт за проучување на војната (ISW). Аналитичарите истакнуваат дека ноќта помеѓу 31 мај и 1 јуни руската армија презела најголем комбиниран напад досега со беспилотни летала и ракети. Според украинското […]

Како Украина го изврши најтешкиот удар врз руски цели во целата војна


  Украинските безбедносни служби спроведоа масовен напад со беспилотни летала врз руските воени воздухопловни бази во неделата, погодувајќи илјадници километри зад линијата на фронтот во она што претседателот Володимир Зеленски го нарече нивна операција со најдолг дострел досега. Операцијата, со кодно име „Пајажина“, бараше месеци подготовка и шверц на беспилотни летала на руска територија. Еве […]

Синот на Брижит Макрон 4 години постар од неговиот очув – го крие како „змијата нозете,“ а еве што прави


Додека Емануел Макрон е постојано во центарот на вниманието, еден член од неговото пошироко семејство успешно го избегнува вниманието на јавноста – Себастијан Озие, неговиот посинок кој е 4 години помлад од него. Тој се држи подалеку од медиумите и никогаш јавно не коментирал за односот меѓу неговата мајка и францускиот претседател. Сепак, зад сцената, […]

Велика Британија во воена готовност!


 Британскиот премиер Кир Стармер денеска во Глазгов изјави дека Обединетото Кралство преминува на „воена подготвеност“, претставувајќи ги новите планови на владата за зголемување на одбранбените трошоци и воените способности. Во својот говор, тој предупреди дека земјата денес се соочува со закана „посериозна, поитна и понепредвидлива од кога било по Студената војна“. – Првата линија на […]

Стармер: Се движиме кон воена готовност, фронтовската линија е тука


Британскиот премиер Кир Стармер денес во Глазгов изјави дека Обединетото Кралство преминува во „воена“ состојба, презентирајќи ги новите планови на владата за зголемување на трошоците за одбрана и воените капацитети. Во говорот, тој предупреди дека земјата сега се соочува со закана „посериозна, поитна и понепредвидлива од кога било досега од Студената војна“. „Линијата на фронтот […]

Силна ерупција на Етна: Туристите бегаат за да си го спасат животот


Вулканот Етна на Сицилија, највисокиот активен вулкан во Европа, повторно еруптираше, предизвикувајќи паника кај туристите кои бегаа за да си го спасат животот. Италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија објави: #Etna 2025 suite de l’éruption pic.twitter.com/95sZiVHGbM — 🥗Aurelien Pouzin🍯 (@aurelienpouzin) June 2, 2025   „Во текот на изминатите неколку часа, активноста забележана во претходниот […]