Шумски пожар се шири во североисточна Јапонија, досега изгореа над 2.100 хектари


 Огромен шумски пожар се шири во североисточна Јапонија, горејќи повеќе од 2.100 хектари од средата, а бројот на домови во опасност се зголемува, објавија денеска јапонските медиуми. Пожарот во Офунато, префектурата Ивате, ги принуди жителите да се евакуираат. Јапонскиот премиер Шигеру Ишиба вети дека „ќе ги искористи сите можности на противпожарната служба и силите за …

Шумски пожар се шири во североисточна Јапонија, досега изгореа над 2.100 хектари Read More »

Пател бара Конгресот да испита како се трошеле американските пари во Украина


Директорот на американското Федерално истражно биро (ФБИ) Каш Пател побара од Конгресот да истражи како се користеле парите од помошта испратени во Украина. – Побарав од Конгресот да испита каде исчезнаа парите. Американскиот народ заслужува одговор, бидејќи тоа се наши пари. Тоа се долари на нашите даночни обврзници, посочи Пател. Тој, исто така, го критикуваше …

Пател бара Конгресот да испита како се трошеле американските пари во Украина Read More »

Топлотниот бран затвори дел од училиштата во Манила


 Поради исклучителчно високи температури на воздухот во главнио град на Филипините, Манила затворени се речиси половина од училиштата, соопштија локалните власти. Националната метеоролошка служба предупреди дека индексот на топлина (Heat Index), мерка за температурата на воздухот и релативната влажност, ќе достигне нивоа на „опасност“ во Манила и во две други области во земјата. Жителите во …

Топлотниот бран затвори дел од училиштата во Манила Read More »

Кина подготвува одговор на новите американски царини


Кина подготвува контрамерки за да се спротивстави на новите царини воведени од САД, зголемувајќи го влогот во ескалацијата на трговската војна помеѓу двете најголеми економии во светот, објави кинескиот весник „Глобал тајмс“. Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела и се закани на Кина со дополнителни 10 отсто царини, кои треба да стапат во сила утре, …

Кина подготвува одговор на новите американски царини Read More »

Зеленски и европските сојузници ја зацврстуваат соработката по спорот со Трамп


  Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска рече дека ќе работи со Европа за да постави услови за евентуален мировен договор што ќе им ги претстави на САД откако сојузниците собрани во Лондон ветија дека ќе потрошат повеќе за безбедноста и ќе соберат коалиција за одбрана на какво било примирје во Украина. Кризните разговори викендов, на …

Зеленски и европските сојузници ја зацврстуваат соработката по спорот со Трамп Read More »

Њујорк Тајмс: САД ги суспендираат кибер операциите против Русија како дел од напорите за подобрување на односите


Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет и нареди на американската кибер команда да ги запре офанзивните кибер операции против Русија, во обид да ги обнови односите со Русија и да постигне договор со Москва за мир во Украина, објави денеска Њујорк Тајмс. Во извештајот на американскиот весник, во кој се цитираат изјави на актуелен функционер …

Њујорк Тајмс: САД ги суспендираат кибер операциите против Русија како дел од напорите за подобрување на односите Read More »

Новата влада на Австрија ќе положи заклетва


Новата влада на Австрија денеска ќе положи заклетва пред претседателот Александар ван дер Белен. Владата е составена од три партии – од Австриската народна партија (ОВП) и Социјалдемократската партија на Австрија (СПО) и Неос. Лидерот на ОВП, Кристијан Штокер ќе биде канцелар, а претседателот на СПО, Андреас Баблер ќе вицеканцелар. Додека лидерката на Неос, Беате …

Новата влада на Австрија ќе положи заклетва Read More »

Трамп ги покани ослободените израелски заложници во Белата куќа


Американскиот претседател Доналд Трамп ги покани ослободените израелски заложници во Белата куќа, откако рече дека е шокиран од ужасното интервју на Ели Шараби по 16 месеци во заробеништво на Хамас. -Шараби беше ослободен минатиот месец и утре ќе се сретне со Трамп, изјави неговиот брат Шарон за весникот „Хаарец“. Трамп го упатил повикот до Шараби …

Трамп ги покани ослободените израелски заложници во Белата куќа Read More »

Економскиот договор со Украина засега не е на дневен ред, изјави американскиот министер за финансии


 Економскиот договор меѓу САД и Украина засега не е на дневен ред, изјави синоќа американскиот министер за финансии Скот Бесант за Си-Би-Ес Њуз. Украинскиот лидер Володимир Зеленски и претседателот Доналд Трамп во петокот требаше да потпишат договор што ќе им овозможи на САД пристап до подземните ресурси на Украина. -Мислам дека треба да видиме дали …

Економскиот договор со Украина засега не е на дневен ред, изјави американскиот министер за финансии Read More »

Иранскиот потпретседател Мохамад Џавад Зариф поднесе оставка


Откако иранскиот Парламент вчера го смени министерот за економија Абдолнасер Хемати од функцијата, влијателниот ирански потпретседател Мохамад Џавад Зариф исто така понуди оставка. Зариф ја поднесе својата оставка до иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, што е уште еден неуспех за умерено конзервативниот лидер само седум месеци од неговиот мандат, јави ДПА.   Одлуката на потпретседателот Зариф …

Иранскиот потпретседател Мохамад Џавад Зариф поднесе оставка Read More »

Макрон: Париз и Лондон работат на едномесечно примирје во Украина


Франција и Велика Британија предлагаат едномесечен прекин на огнот во Украина „во воздух, на море и на енергетската инфраструктура, изјави синоќа францускиот претседател Емануел Макрон. – Предноста на таквото примирје е што знаеме како да го измериме, иако линијата на фронтот е огромна, еднаква на растојанието од Париз до Будимпешта, истакна Макрон. Британскиот премиер Кир …

Макрон: Париз и Лондон работат на едномесечно примирје во Украина Read More »

За 40 денови Трамп потпишал рекордни 79 претседателски укази


Американскиот претседател Доналд Трамп потпишал 79 претседателски укази за 40 дена, што е рекорд, јавија француските медиуми, според податоците од Федералниот архив на САД. Толку декрети потпишал претходникот на Трамп, Џо Бајден за време на неговите четири години на власт. Дваесет и седум од декретите се однесуваат на царини, поддршката за фосилните горива, создавањето на …

За 40 денови Трамп потпишал рекордни 79 претседателски укази Read More »

Трамп: Во оваа партија шах јас сум 10 чекори пред сите


Американскиот претседател Доналд Трамп даде изјава на социјалната мрежа „Truth Social“ за време на самитот во Лондон на кој се одлучува за судбината на Украина. „Сега Зеленски нема да има друг избор освен да попушти и да ги прифати условите на Трамп. Но, тука е генијалниот дел – Трамп всушност ја штити Украина без да …

Трамп: Во оваа партија шах јас сум 10 чекори пред сите Read More »

На кралот Чарлс не му пречи што Зеленски не носи одело


Претседателот на Украина Володомир Зеленски не носеше костум на состанокот со британскиот крал Чарлс и ова иако секогаш провоцира коментари,  симболиката на неговиот заштитен знак – неформалниот џемпер – се зголеми по расправијата во Овалната соба во петокот. Доналд Трамп – кој неколку дена претходно се именуваше како крал, се чини дека има проблем со …

На кралот Чарлс не му пречи што Зеленски не носи одело Read More »

Проверка на факт: Зеленски им се заблагодарил на САД најмалку 94 пати


Украинскиот претседател Володимир Зеленски 94 пати јавно изразил благодарност до Соединетите Американски Држави од почетокот на целосната инвазија на Русија во февруари 2022 година. Ова пребројување се базира на изјавите дадени преку неговиот официјален канал на  Телеграма. Наодите доаѓаат како одговор на забелешките дадени од претседателот Доналд Трамп и потпретседателот Џеј Ди Венс за време …

Проверка на факт: Зеленски им се заблагодарил на САД најмалку 94 пати Read More »

Украина ќе ја чува „Коалиција на подготвени“


Британскиот премиер Кир Стармер одржа прес конференција на која зборуваше за детали од состанокот меѓу европските лидери и Володомир Зеленски поладнево во Лондон. Стармер вели дека секој нов договор за поддршка на Украина мора да биде поддржан и дека секоја нација мора да придонесе на најдобар начин , со преземање одговорност и засилување на сопствениот …

Украина ќе ја чува „Коалиција на подготвени“ Read More »

И Кина гледа шанса во нарушениот углед на САД


Штетата што ја предизвика претседателот Доналд Трамп на угледот на САД создава можности за Кина, особено во однос на Тајван, смета пензионираниот висок полковник од кинеската армија. Зборувајќи за „Гардијан“ во Пекинг, Џоу Бо рече дека Трамп му штети на угледот на САД „повеќе од сите негови претходници заедно“. „До крајот на неговиот втор мандат, …

И Кина гледа шанса во нарушениот углед на САД Read More »

И Мелони застана зад Зеленски


Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска во Лондон се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски, на маргините на лидерскиот самит што се одржува во Велика Британија.Според соопштението на италијанската влада, средбата даде можност уште еднаш да се нагласи поддршката на Италија за Украина и за нејзиниот народ и за посветеноста, заедно со европските и западните партнери …

И Мелони застана зад Зеленски Read More »

Лавров: Планот за испраќање „мировници“ во Украина е продолжување на заканата


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека испраќањето европски мировни сили во Украина е продолжување на заканата на режимот во Киев за војна против Русија. „Овој план за испраќање „мировници“ во Украина е продолжување на заканата на режимот во Киев за војна против нас“, рече Лавров во интервју за весникот на руското Министерство …

Лавров: Планот за испраќање „мировници“ во Украина е продолжување на заканата Read More »

Туск дојде на самитот за Украина со патерици (ВИДЕО)


Полскиот премиер Доналд Туск на самитот организиран во Лондон за Украина дојде со повредена нога и во лонгета. Туск пред неколку дена ја повредил ногата на скијање но тоа не го спречи да се упати во Лондон и да се сретне со британскиот премиер Стармер.Туск ја повредил ногата на скијачка патека додека ги учел своите …

Туск дојде на самитот за Украина со патерици (ВИДЕО) Read More »