Нетанјаху на состанокот со Трамп му се извини на Катар поради нападот врз Хамас во Доха


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го искористи денешниот состанок со претседателот на САД, Доналд Трамп, во Белата куќа за да упати официјално извинување до Катар поради неодамнешниот воздушен напад врз претставници на палестинскиот Хамас во Доха, кој предизвика гнев кај арапските лидери и ретка критика на Вашингтон кон Израел. По средбата со Трамп, на која разговараа […]

Нетанјаху го прифати планот на Трамп


Бенјамин Нетанјаху, премиерот на Израел, го прифатил планот на претседателот на САД Доналд Трамп, за завршување на војната во Газа, а во обраќањето до јавноста велат дека: „Ова е еден од најголемите денови во историјата на човечката цивилизација“. Претседателот на САД, Доналд Трамп, го прими израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Белата куќа. По повеќе од […]

Украинскиот новинар Максим Буткевич ја доби наградата за човекови права „Вацлав Хавел“


Советот на Европа му ја додели престижната награда за човекови права „Вацлав Хавел“ на украинскиот новинар и активист Максим Буткевич, објави во понеделник германската новинска агенција ДПА. „Се осмелувам да кажам дека учествувам на оваа церемонија и ја прифаќам оваа почесна награда не само во мое име, туку и во име на украинските воени затвореници […]

Поради невреме на истокот на Шпанија откажани летови и прекината настава во училиштата


Невреме со обилни врнежи што го зафати истокот на Шпанија предизвика откажување на летови и прекин на наставата во училиштата, што е најизразено во областа Валенсија. Во оваа област во сила е портокалово предупредување поради екстремен временски ризик, со врнежи кои достигнуваат и до 180 литри на квадратен метар за дванаесет часа, пренесе Ефе. Според […]

Највено заладување – зимата стигна во Италија, снег на превоите


Студен бран пристигнува на Балканот, што веројатно ќе ја зафати и Македонија од четврток. Но, во Италија, зимата пристигна порано од очекуваното. Во текот на изминатата недела, температурите нагло паднаа низ Европските Алпи, а снегот ги покри скијачките центри над 2.000 метри надморска височина во Франција, Швајцарија и Италија. Влошувањето продолжи и во текот на викендот, […]

ЕУ радикално се менува. „Се соочуваме со моментот Франц Фердинанд“


Соочена со провокации од Владимир Путин и сè понеизвесен став од Доналд Трамп, Европската Унија е во процес на радикална трансформација. Самитот на лидерите на ЕУ оваа недела во среда ќе понуди најјасни докази досега дека блокот каков што го знаевме повеќе не постои, пишува Политико. Атмосферата пред собирот во Копенхаген тешко може да биде […]

Песков: Најавите за испорака на ракетите „Томахавк“ на Украина се многу сериозни


Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков рече дека изјавите за можна испорака на ракети „Томахавк“ од страна на САД на Киев се многу сериозни. „Секако, ги слушнавме овие изјави, тие се многу сериозни“, изјави Песков пред новинарите. Тој го даде овој коментар за изјавите на американската страна за можноста за испорака на ракети „Томахавк“ во […]

„Волстрит џурнал“: Пентагон бара забрзано пополнување на залихите на оружје во случај на конфликт со Кина


Пентагон побара забрзано зголемување на производството на ракети и 12 клучни системи во случај на потенцијален конфликт со Кина, објави денеска „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на неименувани извори. „Загрижени за ниското ниво на залихи на оружје што САД би ги имале на располагање во случај на конфликт со Кина, Пентагон ги повикува добавувачите на ракети […]

ОБСЕ: Парламентарните избори во Молдавија беа конкурентни, но нарушени од сериозно странско мешање


Парламентарните избори во Молдавија беа конкурентни, но нарушени од сериозни случаи на странско мешање, изјави денеска шефицата на набљудувачката мисија на ОБСЕ во земјата, Паула Кардосо,цитирана од британските медиуми. Таа како една од координаторите на краткорочната мисија за набљудување на изборите на ОБСЕ во Молдавија, изјави дека одлуката на молдавските власти да исклучат две партии […]

Путин ја повлекува Русија од Европската конвенција против тортура


Претседателот на Русија,  Владимир Путин денес потпиша закон со кој се оддалечува од Европската конвенција за спречување на тортура, според веб-страницата на владата. Рускиот парламент претходно гласаше за повлекување од договорот што Москва го ратификуваше во 1998 година. Русија тврди дека е исклучена од мониторинг комитетот Според законот усвоен од парламентот, повлекувањето на Русија од […]

Унгарија блокира пристап до 12 украински веб-страници


Унгарија денеска соопшти дека го блокира пристапот до 12 украински новински веб-страници по сличен потег на Киев. Претходно овој месец, Украина блокираше разни веб-страници што безбедносните служби ги оценија како проруски. Меѓу нив имаше осум портали на унгарски јазик, вклучувајќи го и популарниот провладин сајт origo.hu. -Суверена држава мора да даде пропорционален одговор на целосно […]

Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, се откажа од реизбор, фаворит е Зохран Мамдани


Актуелниот и исклучително непопуларен градоначалник на Њујорк, Ерик Адамс, вчера се откажа од трката за нов мандат на чело на најголемиот американски град. Повлекувањето на Адамс помалку од еден месец пред изборите ги остава 33-годишниот Зохран Мамдани, победник на демократските прелиминарни избори, и поранешниот гувернер на државата Њујорк, Ендру Куомо, демократ кој, откако ги загуби […]

Советот на ЕУ усвои нови правила за зајакнување на отпорноста на почвата во Европа


Советот на ЕУ денеска формално ја усвои Директивата за мониторинг на почвата, со што се воспоставува прва рамка на ниво на Европската Унија за проценка и следење на состојбите на почвите, со цел постигнување здрави почви низ цела Европа до 2050 година. – Директива претставува клучен чекор кон обезбедувањето поздрави и поотпорни почви, што е […]

ЕУ одново ги воведе санкциите кон Иран укинати во 2015 година


Советот на ЕУ денеска донесе одлука одново да ги воведе рестриктивните мерки кон Иран поради неговите нуклеарни активности, кои беа укинати во 2015 година по стапувањето во сила на Заедничкиот акциски план, попознат како договор за иранската нуклеарна програма.  Одлуката на ЕУ е донесена по решението на Советот за безбедност на ОН да не го […]

Поранешен кинески министер за земјоделство осуден на смрт поради корупција


Поранешниот кинески министер за земјоделство Тан Жeнѓијан е осуден на смрт со двегодишно одложување на извршувањето на казната, поради примање поткуп во пари и во натура во вкупна вредност од над 268 милиони јуани (околу 32 милиони евра), се наведува во соопштение на Судот во градот Чанчун, провинцијата Џилин. Судот наведе дека овие корупциски дејствија […]

Во Белгија приведени осум лица при истрага за меѓународна пирамидална шема за измами


Брисел – Белгиската Федерална судска полиција соопшти дека извршила претреси на десет локации и привела осум лица осомничени за вмешаност во меѓународна пирамидална шема за инвестициски измами.   При претресите биле запленети компјутерска опрема, документи поврзани со шемата, одредена суми пари и луксузни предмети.   Покрај осумтемина приведени, меѓу кои е и лице за кое […]

Партијата на проевропската претседателка Санду води на изборите во Молдавија


Партијата Акција и солидарност (ПАС) на Проевропската претседателка Маја Санду води на парламентарните избори во Романија по половина од преброените гласови.Според првите резултати од парламентарните избори во Парламентот би влегле четири формации: Патриотскиот политички блок, Партијата за акција и солидарност, Партијата за демократија дома и Наша партија. ПАС води со 42,4 отсто од гласовите додека […]

Американското оружје „Леонидас“ урна 49 дронови со еден удар


Американската компанија Epirus објави видео од демонстрација на своето противдронско оружје „Леонидас“, во кое со еден единствен импулс на насочена енергија биле урнати 49 дронови одеднаш.  Дроновите, како што посочуваат безбедносни аналитичари, се двојна закана – се појавуваат од непредвидливи насоки и се доволно евтини за да се користат во огромен број. Поради тоа, тие […]

Поранешен кинески министер за земјоделство осуден на смрт поради корупција


Судот во кинеската провинција Џилин денеска го осуди на смрт поранешниот кинески министер за земјоделство Танг Тенџијан, поради корупција. Смртната казна ќе биде извршена по две години, бидејќи Танг признал вина. Танг од 2007 до 2024 година бил на повеќе функции, а според судот, за тој период незаконски се стекнал со 268 милиони јуани (37,6 […]

Хамас бара 24-часовен прекин на израелските воздушни напади врз Газа


Вооруженото крило на Хамас – Бригадите Ал Касам го повика Израел да ги прекине воздушните напади 24 часа поради заложниците. Бригадите Ал Касам тврди дека изгубила врска со заложниците Матан Англест и Омри Миран поради израелските напади врз Појасот Газа. Вооруженото крило на Хамас бара 24-часовен прекин на израелските напади да почне денеска во 18 […]