Масакр во училиште на Филипини: Ученик уби најмалку шест соученици, 17 се повредени
Најмалку шест ученици се убиени, а 17 други се повредени во денешното пукање во средно училиште на југот од Филипините, соопшти филипинскиот Оддел за социјална помош и развој. Нападот се случи во Националното средно училиште Банга, во истоимениот град во покраината Јужен Котабато. Според филипинската телевизија GMA Network, има индиции дека напаѓачот бил и ученик […]