И Португалија вчера официјално ја призна независноста на Палестина
Португалија официјално ја призна независноста на палестинската држава, изјави синоќа шефот на дипломатијата на оваа земја, Пауло Рангел, пренесе Бета. Португалија со ваквиот чекор им се придружи на Велика Британија, Канада и Австралија, кои исто така вчера официјално ја признаа независноста на Палестина. „Признавањето на државата Палестина е исполнување на фундаменталната, конзистентна и широко прифатена […]