Староседелци упаднаа на климатскиот самит СОР30 во Бразил и повредија двајца обезбедувачи


Десетици  староседелци денеска упаднаа на климатскиот самит COP30 во Бразил и се судрија со обезбедувачите, барајќи климатска акција и заштита на шумите. Бесно викајќи демонстрантите бараа да им биде дозволено да влезат во комплексот на ОН, каде што илјадници делегати од земји од целиот свет присуствуваат на годинашниот климатски самит на ОН во амазонскиот град […]

Големи усни и ботокс: Како изгледаат жените во светот на Трамп


  Со подемот на движењето „Да ја направиме Америка повторно голема“ (МАГА) на Трамп, група добро поврзани и богати републикански жени се појавија во центарот на вниманието, носејќи го она што американските медиуми го нарекоа „МАГА изглед“. „Ова отсекогаш бил мојот изглед. Јас само го пронајдов моето племе“, рече Реин Лајвли, 40, основач на „America […]

Доминиканската Република парализирана по прекин на електричната енергија


Прекин на електричната енергија вчера ја погоди целата Доминиканска Република, парализирајќи ја целата земја, блокирајќи го сообраќајот и парализирајќи ги бизнисите во земјата со речиси 11 милиони луѓе. Службениците изјавија дека дефектот потекнува од преносниот систем на електричната мрежа, иако не беше веднаш јасно што го предизвикало, објави Си-Би-Ес Њуз. „Производните единици во Сан Педро […]

Во напади со дронови во Русија оваа година загинале 392 лица


Москва – Во напади со беспилотни летала од јануари до крајот на октомври оваа година во Русија се убиени 392 лица, меѓу кои и 22 малолетници,  објави амбасадорот на руското Министерство за надворешни работи, Родион Мирошник. „Од почетокот на годината до крајот на октомври, 3.205 лица беа повредени во напади со беспилотни летала, меѓу кои и […]

Германското вооружување го менува балансот на моќта во Европа


  Со децении, Европската унија се потпираше на непишано правило: Германија беше задолжена за економијата, а Франција за војската. Тој договор сега е минато, а улогите драматично се менуваат. Додека Германија се подготвува да стане водечка воена сила во Европа, политичката рамнотежа на континентот се ниша. Франција се бори да ја задржи релевантноста, додека во […]

Путин изградил три исти канцеларии и се крие во шумите Валдаи со 14 системи за воздушна одбрана


  Војната со Украина значително го промени безбедносниот систем и начинот на живот на рускиот претседател Владимир Путин. За да се отежни следењето на неговите движења, за него се создадени најмалку три идентични канцеларии во различни живеалишта, според новинарите од проектот „Система“, кои анализирале илјадници официјални видео снимки од последните години. Истражувачите откриле дека канцелариите […]

САД планираат да изградат голема воена база на границата помеѓу Израел и Појасот Газа


Израелскиот весник „Шомрим“ објави дека САД ја разгледуваат можноста да изградат голема воена база долж границата помеѓу Израел и Појасот Газа, која би имала клучна улога во идните меѓународни напори за стабилизација на регионот. Базата би можела да ја подобри способноста на САД директно да ги контролира настаните на терен во Појасот Газа. Според весникот, […]

Катастрофа во Кина: Се урна дел од мост – снимката е морничава (видео)


Новоотворениот мост во кинеската покраина Сечуан делумно се урна, но сè уште не е познато дали има жртви. Дел од пристапот до мостот Хонгчи и дел од трупот се урнаа и предизвикаа лизгање на земјиштето, објавува Ројтерс. 🚨🇨🇳 Meanwhile in China Holy Crap – the 750m long Hongqi Bridge just collapsed only weeks after it […]

САД ги замрзнаа разговорите со Русија за нормализирање на односите


  Дијалогот меѓу САД и Русија за елиминирање на „иритациите“ во билатералните односи е прекинат. Нова рунда разговори за враќање на целосната работа на амбасадите во Москва и Вашингтон во моментов не е планирана, изјавија од американската амбасада во Русија за весникот „Известија“. Втората и, засега, последна рунда консултации за „иритациите“ меѓу САД и Русија […]

Началник на Генералштабот на Франција: Се подготвуваме за можна војна со Русија


Началникот на Генералштабот на француските вооружени сили, генерал Фабиен Мандон, денеска изјави дека е во тек подготовка на припадниците на вооружените сили на земјата за можна војна со Русија, за која претходно зборуваше и пред пратениците во францускиот Парламент, предупредувајќи дека војската мора да биде подготвена за можен судир со Русија во рок од три […]

Белгија добива нова десничарска партија именувана по Доналд Трамп


Поранешниот претседател на белгискиот Национален фронт, Салваторе Никотра, основа нова екстремно десничарска франкофонска партија, чија кратенка е TRAMP, именувана по американскиот претседател Доналд Трамп, објавува Brussels Politiko. „Доналд Трамп е врвен симбол на популизмот. Тој го отелотворува она за што се залагаме“, рече Никотра, основачот на партијата TRAMP, чие име е кратенка од „Сите обединети […]

Најпознатиот руски крипто-милионер загина во страшна несреќа: Банкноти летаа по патот додека Ламборџинито гореше (Видео)


Алексеј Долгих (36), еден од најпознатите крипто трговци во Русија, загина во страшна сообраќајна несреќа во Москва кога со своето Ламборџини удри во заштитна ограда, по што возилото се преврте и се запали. Крипто милионерот Алексеј Долгих загина во сообраќајна несреќа во Москва. Тој со своето Ламборџини удрил во заштитната ограда со брзина од 145 […]

ФТ: ЕУ формира нова разузнавачка единица под водство на Фон дер Лајен


Европската  комисија започна со формирање на ново разузнавачко тело под водство на претседателката Урсула фон дер Лајен, во обид за поуспешно користење на информациите собрани од националните разузнавачки агенции, објави денеска „Фајненшл тајмс“. Единицата што ќе се формира во рамките на генералниот секретаријат на Комисијата планира да вработи службеници од целата разузнавачка заедница на ЕУ […]

Најмалку 18 жртви во тајфунот Фунг-вонг на Филипините


Најмалку 18 лица загинаа во тајфунот Фунг-вонг кој го погоди северозападниот дел на Филипините, предизвикувајќи поплави, свлечишта и прекин на струјата, соопштија локалните власти. Откако ослабе во тропска бура над Јужното Кинеско Море, Фунг-вонг моментално се движи кон Тајван, каде што би можел да пристигне в четврток. Бурата ги погоди северните Филипини само една недела […]

Украински дронови ја погодија рафинеријата за нафта во рускиот град Саратов


Рафинеријата на нафта во рускиот град Саратов во текот на ноќта беше нападната од украински беспилотни летала, пренесоа локалните канали на Телеграм кои споделија снимки за кои се тврди дека покажуваат експлозии во објектот. Гувернерот на регионот Саратов, Роман Бусаргин, потврди на Телеграм дека беспилотните летала оштетиле цивилна инфраструктура, но не кажа директно дали самата […]

Лукашенко се закани дека ќе заплени 1.200 литвански камиони заглавени во Белорусија


Белорускиот претседател Александар Лукашенко се закани дека ќе заплени околу 1.200 литвански камиони задржани во Белорусија по затворањето на литванската граница поради упади на шверцерски балони кои пренесувале шверцувани цигари. Литванија, која е членка на НАТО и Европската Унија, на 29 октомври затвори два гранични премини со Белорусија откако шверцерски балони што летале од Белорусија […]

Канада го изгуби статусот на земја во која се искоренети малите сипаници


Со одлука на Панамериканската здравствена организација – ПАХО , Канада по речиси три децении го изгуби статусот на земја каде што сипаниците се искоренети, објави денеска Канадската агенција за јавно здравје. Британските медиуми објавија дека ПАХО и го поништи овој статус на Канада поради нејзиниот неуспех во текот на изминатата година да ја спречи епидемијата […]

Иконата на германската екстремна левица се повлекува од лидерската функција на партијата што ја основа


  Сара Вагенкнехт, долгогодишна икона на екстремно левичарската политика во Германија, се повлекува од функцијата ко-лидер на популистичката партија што ја основа минатата година. Во понеделник, Вагенкнехт, која започна во политиката како членка на комунистичката партија на Источна Германија, објави дека нема да се кандидира за реизбор како лидер на партијата што го носи нејзиното […]

„Волстрит журнал“: Германските истражители откриле дека генералот Залужни е одговорен за саботажата на „Северен тек“


Германските истражители веруваат дека зад експлозиите на гасоводите „Северен тек 1 и 2“ стои група Украинци кои дејствувале под директно водство на тогашниот врховен командант на вооружените сили на Украина, генерал Валериј Залужни. Како што пишува „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на германската полиција, обвинители и други добро информирани извори, истражителите развиле „јасна слика за тоа […]

Анкета: Само 18 отсто од Германците сакаат Мерц повторно да се кандидира за канцелар


Само 18 отсто од германските гласачи би го поддржале Фридрих Мерц повторно да се кандидира за канцелар, покажуваат резултатите од денеска објавената анкета на  Институтот Форса, на барање на радиодифузерот РТЛ. Дури 73 отсто од испитаниците, наведува ДПА, не би го подржале лидерот на конзервативните христијански демократи (ЦДУ) за кандидатура за канцелар на изборите во […]