Невремето прави проблеми во Унгарија, во Хрватска и во Романија


Околу 9.000 домаќинства во источниот дел на Унгарија се без електрична енергија, откако за време на викендот земјата беше погодена од снежно невреме. Снегот предизвика и доцнење на возовите и отежнато одвивавање на сообраќајот. Невреме ја погоди и Хрватска, каде војската се бори со најдојдената река Сава, чиј водостој е на рекордно високо ниво. Властите […]

Путин го сруши рекордот со добиените гласови


Владимир Путин вчера доби највисок резултат во последните неколку претседателски избори во Русија, соопшти заменик претседателот на руската Централна изборна комисија Николај Булаев. За Путин гласале над 56 милиони гласачи, или 76,66 проценти. – Тоа е апсолутен рекорд во последните неколку избори за претседател на Русија, вели тој. Податоците се од преброени 99,84 отсто од […]

Фејсбук ги излажал британските парламентарци


Шефот на комитетот за медиуми на британскиот Парламент Дејмијан Колинс изјави дека Фејсбук ги излажал британските парламентарци за тоа колкав е ризикот податоци на корисниците да се делат без нивна дозвола. Колинс рече дека ќе побара од директорот на Фејсбук Марк Закерберг и уште еден функционер во компанијата да се појават пред комитетот, кој истражува […]

Свекрва во Студената војна


Новата Студена војна е уште постудена. Западот е убеден дека Русија стои зад труењето на поранешниот шпион во Англија, уште пред да има докази за тоа. Русија се претставува како невина жртва и негира вмешаност во обидот за убиство на Сергеј Скрипаљ. Поранешниот шпион на КГБ и двократниот агент е отруен среде Солсбери, на југот […]

Поддршката за Путин станува „севернокорејска“


Еден ден по изборите во Русија никој не ни чека пребројување на гласовите бидејќи нема ни сомнеж дека и овој пат, по четврти пат, Владимир Путин ќе биде избран за претседател. Тоа значи дека и во следните шест години тој ќе ја решава судбината на земјата, а прогнозите беа дека за тоа ќе добие поддршка […]

Трамп ќе бара смртна казна за дилерите на дрога


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе објави план за борба против кризата од зависност од опијати/опиоиди, што вклучува и барање за смртна казна за дилери на дрога. Тој го повика Конгресот на САД да ги заостри законските мерки со кои се одредува казна за шверцерите со дрога, информираат од Белата куќа. Со тој план Белата […]

Путин им се заблагодари на Русите и побара да го одржат единството


Реизбраниот руски претседател Владимир Путин синоќа се појави на концерт во Москва по повод годишнината од анексијата на Крим и им се заблагодари на граѓаните на поддршката што му ја дадоа. Концертот „Русија.Крим.Севастопол“ беше одржан на плоштадот Мањежни во центарот на Москва. – Ви се обраќам вам, кои се собравте тука, но и на сите […]

(Во живо) Првични резултати: Путин реизбран со 74 отсто од гласовите


Владимир Путин е реизбран убедливо за нов шестгодишен мандат на изборите за претседател на Русија, објави рускиот Центар за јавно мислење (VTsiOM). Според Центарот, Путин добил 73,9 отсто од гласовите, според податоци од 1.200 избирачки места во Русија. На второ место е кандидатот на комунистите Павел Грундин со 11,2 отсто гласови. #BREAKING Russia's Vladimir Putin […]

(Видео) Терористи соборија сириски „су-24“, судбината на пилотите неизвесна


Терористичката група „Џејш Тахрир ел Шам“ урна сириски авион „Су-24“ во Источен Каламун, а сѐ уште не е познато дали екипажот успеал да се спаси, пренесуваат сириските медиуми. На снимката објавена на каналот „Дирекорат 4“, кој ги следи активностите на терористите, може да се види дека авионот одеднаш ја губи висината и остава густ чад […]

Пратеничка иницијатива за одлагање на Брегзит


Лоднон – Би требало Лондон да ја разгледа можност за одлагање на Брегзит бидејќи е можно да нема доволно време за постигнување договор со Европската унија пред Британија да го напушти тој блок, соопшти одбор на британски пратеници. Одборот на Долниот дом на британскиот Парламент за напуштање на ЕУ во соопштение нагласува дека ако главните […]

Борис Џонсон: Русија има залихи од нервниот агенс „Новичок“


Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон изјави денеска дека Русија натрупала залихи од смртоносниот нервен агенс „Новичок“ што бил користен за труење на поранешниот двоен руски агент во Британија, и дека Русите истражуваат како тоа оружје може да се употреби за убиства. – Имаме докази дека во изминатите 10 години Русија не само што […]

Русите гласаа и во вселената, излезеноста таму е100 отсто


Руските избори за претседател се во полн ек не само на Земјата, туку и во Вселената. Денеска гласаа и космонаутите, а еден од нив вели дека таму излезеноста е 100 отсто. Космонаутот Антон Шкаплеров гласаше на претседателските избори во Русија и стапи во контакт со Централната изборна комисија во Русија. – Излезеноста на бродот на […]

Путин: Секој глас е успех


Претседателскиот кандидат и актуелен претседател на Русија, Владимир Путин изјави дека го смета за успех секој процент од гласовите кои му даваат за право да ги извршува обврските како шеф на државата. Путин го изјави тоа на избирачко место како одговор на прашање каков е резултатот кој ќе го смета за успешен за себе. – […]

Израелски научници создадоа „комарец“ кој краде податоци и без интернет


Израелски научници од Универзитетот Бен Гурион покажаа дека за упад во компјутер и кражба на податоци не е потребно тој да биде поврзан со интернет. Тие развија нова метода наречена „air-gap“ што овозможува размена на податоци меѓу два неповрзани компјутера преку звучник или слушалки. Во комбинација со малициозен код, со таа метода можнио е да […]

(ФОТО/ВИДЕО) На денешните избори во Русија гласаа и мечка, ракета, и зет и невеста


Русија денеска гласа за претседател, а се уште најголем фаворит се смета дека е Владимир Путин. Денеска на гласачките кутии, Русите уште еднаш ја покажаа нивната креативност и смисла за хумор. Се појави човек кој беше маскиран во мечка, потоа се поајви друг кој беше прерпавен во ракета. На гласањето утрово меѓу првите дојдоа и […]

(ВИДЕО) Нуркач сними неверојатно многу ѓубре во морето


Нуркачот Рич Хорнер со подводна камера сними колку многу ѓубре има во морето во Бали, Индонезија. Видеото го објави Гардијан и напоменуваат дека ова ѓубре е од човечки фактор. Во морето се гледаат пластични кеси, шишиња и други отпадоци кои го загрожуваат животинскиот морски свет.

Путин најголем фаворит за претседател на Русија


Во Русија денеска се одржуваат претседателски избори на кои се очекува победа на актуелниот шеф на државата Владимир Путин. Во трката за претседател на Русија се осум кандидати. Според анкети, Путин има поддршка од околу 80 отсто граѓани, што лесно може да му обезбеди уште еден шестгодишен мандат. Путин за првпат беше избран за претсеател […]

Кина против американскиот закон за контакти со Тајван


Кинеското Министерство за надворешни работи настапи со категоричен став против законот што го потпиша американскиот претседател Доналд Трамп, а со кој се дозволуваат американско-тајвански контакти на официјално ниво. Кина ги повикува САД да се однесуваат внимателно кон прашањата за Тајван и да не дозволат огромни нарушувања на кинеско-американските односи, како и за мирот и стабилноста […]

Независни Грци и Нова демократија со осуда за заканите до Коѕијас


Атина – Коалицискиот партнер во грчката Влада – Независни Грци и опозициската Нова демократија ги осудуваат заканите упатени до шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас. – Заканувачкиот допис со куршум упатен до министерот за надворешни работи е дело со терористички карактер, а Независни Грци го осудуваат на најкатегоричен начин. Очигледно, тие се исто така кривично […]

Меј: Ги разгледуваме следните чекори во однос на Москва


Лондон- Британската премиерка Тереза Меј соопшти денеска дека ќе ги разгледа следните чекори заедно со своите сојузници, откако Русија соопшти дека ќе протера 23 британски дипломати од земјата во врска со скандалот со труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка. За тоа Лондон ја обвини Москва, која категорично ги демантира таквите тврдења. […]