Кина против американскиот закон за контакти со Тајван


Кинеското Министерство за надворешни работи настапи со категоричен став против законот што го потпиша американскиот претседател Доналд Трамп, а со кој се дозволуваат американско-тајвански контакти на официјално ниво.

Кина ги повикува САД да се однесуваат внимателно кон прашањата за Тајван и да не дозволат огромни нарушувања на кинеско-американските односи, како и за мирот и стабилноста во реонот на Тајванскиот проток, се наведува во соопштението на кинеското Министерството.

Пекинг го смета самоуправувачкиот и демократски Тајван како непокорна провинција, која нема право да воспоставува меѓудржавни односи