Израелски научници создадоа „комарец“ кој краде податоци и без интернет


Израелски научници од Универзитетот Бен Гурион покажаа дека за упад во компјутер и кражба на податоци не е потребно тој да биде поврзан со интернет.

Тие развија нова метода наречена „air-gap“ што овозможува размена на податоци меѓу два неповрзани компјутера преку звучник или слушалки.

Во комбинација со малициозен код, со таа метода можнио е да се претворат слушалките во уред за прислушкување, но и во уред за испраќање податоци дури и кога микрофон не е приклучен со компјутер.

Израелските научници докажаа лани дека е можно да се собираат аудио снимки на се што се слчува околу компјутер преку слушалки кои биле приклучени на тој компјутер.

Тие успеале преку посебна штетна содржина успеале локално ставени датотеки да ги претворат во аудио снимки и потоа со помош на „air-gap“ и ултразвучни бранови да префрлат на друг компјутер во круг од еден до девет метри. Проектот е наречен Mosquito (комарец).