Жените во ЕУ заработуваат 16,2 отсто помалку од мажите


Жените во ЕУ за својата работа се платени до 3 ноември, а потоа до крајот на годината работат бесплатно, соопшти денеска Европската комисија, сликовито опишувајќи ја разликата во платите меѓу мажите и жените. Таканаречниот Ден на еднакви плати ден е прогласен за да се предупреди на фактот дека жените во ЕУ се уште  заработуваат помалку од мажите, […]

САД: Уапсено едно лице во врска со сомнителните пакети


Претставници на американското Министерство за правда соопштија дека денеска е уапсено едно  лице во врска со испраќањето сомнителни пакети со цевчести бомби.  Портпаролката на Министерството, Сара Исгур Флорес, рече дека федералните власти на прес – конференција ќе објават повеќе информации. Претходно, соопштено е дека бројот на сомнителни пакети со експлозивна рачно изработена направа порасна на […]

Шестмина загинати во поплави во Русија


Шестмина загинаа, а едно лице се смета за исчезнато во поплавите во Краснодарскиот регион на југот на Русија, соопштија денеска локалните власти. Во непогодата се поплавени повеќе од 2.300 домови. Реките се излеаја од коритата откако во тој регион во текот на неделата наврна дожд еднаков на двомесечен просек, јави ДПА. Поплавите погодија околу 30 […]

„Аеродромот Брисел“ откажа 150 летови поради штрајк


Околу 150 летови денеска се откажани од „Аеродром Брисел“ поради штрајк на носачите на багаж, кои протестираат поради условите за работа. Штрајкот, кој синдикатите претходно не го најавиле, почна синоќа, поради што беа откажани 50 летови. – „Аеродромот Брисел“ обезбеди кревети за 300 лица, кои беа приморани да ја поминат ноќта на аеродромот, изјави портпаролката […]

Евакуиранo грчкото МНР заради закана од бомба


Грција- Зградата на грчкото Министерство за надворешни работи, што се наоѓа во центарот на Атина денеска беше евакуирана, поради сомнителна пратка. Вработените во Министерството се наоѓаат пред објектот, додека полицијата го проверува сомнителниот пакет, дали можеби содржи експлозивен механизам. Според грчките медиуми, вработените при проверка на поштата адресирана до Министерството забележале сомнителна пратка и веднаш ја […]

Синот на Џамал Кашоги пристигна во САД


САД – Синот на убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги, Салах, пристигна во САД, изјавил за Си-Ен-Ен извор близок до семејството. Салах Кашоги има двојно државјанство, американско и саудиско, и до сега имаше забрана за патување. Тој во средата ја напуштил Саудиска Арабија и не се знаеше неговата дестинација. Претставник на Стејт департментот изјави дека Мајк Помпео […]

Романија под притисок од ЕУ за владеење на правото


Белгија- По Полска и Унгарија, Романија, која го презема претседателството со Европската Унија од јануари, е под лупа на Европската Комисија поради притисоците на Владата врз  јавниот обвинител на земјата, Аугустин Лазар, јави дописничката на МИА од Брисел. – Повеќе пати повторивме дека независноста на романскиот судски систем и нејзиниот капацитет да се бори против […]

Авион принудно слета во Романија поради закана од бомба


Романија- Романските власти соопштија дека авион на компанијата „Визер“, кој летал од Грузија кон Полска, бил принуден да слета на аеродромот во Букурешт поради закана од бомба. Авионот Ербас А320 на линијата Кутаиси-Варшава безбедно слетал откако бил пренасочен кон Романија. Портпаролот на Меѓународниот аеродром, Валентик Јордаке изјави дека авинонот, откако го напуштиле 173-та патници, е […]

Силен земјотрес кај Закинтос


Грција- Силен земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала ноќеска е регистриран во Јонското Море во близина на западниот грчки туристички остров Закинтос. Потресот бил почувствуван до Атина, а властите соопштија дека засега нема извештаи за повредени лица или причинети поголеми метријални штети. Геолошкиот институт на САД соопшти дека епицентарот на подводниот земјотрес бил […]

Во ноември: Снег ќе ја затрупа, а студ ќе ја окова Европа


Во Западна Европа температурите во ноември ќе бидат пониски од просечните, соопшти компанијата „Ведер“. Првото навестување за зимата доаѓа веќе овој викенд со ладни ветрови од север, кои ќе донесат студ во поголемиот дел од Стариот континент, а во источна и јужна Европа ќе продолжи топлото време, изјави водечкиот метеоролог на компанијата, Тод Кравфорд.

Путин: Новото руско оружје ќе биде неспоредливо во светот


Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија ќе порача ново оружје, на кое нема да му биде рамно ниту едно во светот. Рускиот претседател на состанокот со високи воени офицери и полициски претставници изјави дека „Русија не се заканува никому и строго се придржува на своите обврски во областа на меѓународната безбедност и контрола […]

Тодориќ ќе биде испорачан на Хрватска


Основачот и поранешен сопственик на Агрокор Ивица Тодориќ во следните десетина дена ќе биде испорачан на Хрватска, одлучи судија од Високиот суд во Лондон. Судијата Данкан Узли, по повеќечасовната расправа по жалбата поднесена од адвокатите на Тодориќ одлучи дека нема основа за одобрување на жалбата на одлуката за екстрадиција. Со денешната одлука на Судот во […]

Етиопија избра прва жена претседател на државата


Етиопија денеска ја доби првата жена за шеф на државата, откако пратениците едногласно ја избраа Сале-Ворк Зевде за претседателка. – Во патријархално општество, како нашето, именување на жена за шеф на држава не е само утврдување на стандардите на иднината, туку нормализација на улогата на жената како носител на одлуки во јавниот живот, напиша на […]

Би-Би-Си не ги плаќа исто мажите и жените


Одборот на британскиот Парламент денеска соопшти дека јавниот сервис Би-Би-Си не ја исполнил својата обврска еднакво да ги плаќа мажите и жените за исти работни места. Во соопштението на парламентарниот Одбор се наведува дека во Би-Би-Си системот на плати е заснован на „опасен систем на дискрециско право на менаџерот“. Би-Би-Си настојува да го реши овој […]

Во Њујорк пронајден сомнителен пакет адресиран до Роберт де Ниро


Њујоршката полиција денеска интервенирала во врска со информации за „сомнителен пакет“ пронајден на Менхетн, по серијата пакети бомби испратени до високи функционери демократи и критичари на американскиот претседател Доналд Трамп. – Ве молиме, избегнувајте ја областа и очекувајте полициско присуство и густ сообраќај, напиша њујоршката полиција на Твитер. За сега не е познато дали инцидентот […]

Хрватска го доби „првото куче“: Кика ќе ја чува Колинда


Хрватска го доби своето „прво куче“. Шестмесечната Кика, микс од лабрадор и териер го освои срцето на претседателката Колинда Грабар – Китаровиќ при нејзината неодамнешна посета на засолништето за животни во Вировитица. Таа одлучи да го земе за себе, па кучето од вчера е официјален жител на Пантовчак. Загрепските медиуми пишуваат дека претседателката самата ја […]

Голем шумски пожар на Халкидики


Голем шумски пожар изби околу шест часот утрово во областа Сарти – Ситонија на вториот крак на Халкидики, а силниот ветер бргу ги прошири огнените јазици. Како што јави дописничката на МИА од Атина во гаснењето на пожарот учествуваат 60 пожарникари со 30 возила, три екипи од пешадија и четири авиони. Гори борова шума, а […]

(ВИДЕО) Вицот на Путин на кој се насмеа дури и првиот човек за национална безбедност на САД


Рускиот претседател Владимир Путин на состанокот со американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон се нашали поради нетрпеливоста на САД кон Русија. „Ако добро се сеќавам, на американскиот грб е прикажан орел кој држи 13 стрели во една канџа и маслиново гранче со 13 маслинки во другата, што претставува симбол на мирољубива политика“, рече Путин […]

Принц Салман: Случајот Кашоги е мачен, но правдата ќе победи


Саудискиот принц Мухамед бин Салман синоќа изјави дека случајот со убиениот новинар Џамал Кашоги е „мачен“ и оти „правдата ќе победи“. – Убиството на Кашоги е гнасно злосторство што не може да се оправда, посочи принц Салман. Тој во обраќањето на инвестицискиот Самит во Ријад истакна дека виновниците ќе бидат казнети, а Саудиска Арабија и […]

Трамп најави истрага за сомнителните пакети во САД


Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека во Америка нема место за закани со политичко насилство. Тој притоа вети целосна истрага за сомнителните пакети испратени на познати политички личности во САД. – Целата сила на нашата Влада ќе биде искористена за оваа истрага и за изведување на одговорните пред лицето на правдата. Нема да штедиме […]