Хрватска го доби „првото куче“: Кика ќе ја чува Колинда


Хрватска го доби своето „прво куче“. Шестмесечната Кика, микс од лабрадор и териер го освои срцето на претседателката Колинда Грабар – Китаровиќ при нејзината неодамнешна посета на засолништето за животни во Вировитица. Таа одлучи да го земе за себе, па кучето од вчера е официјален жител на Пантовчак.

Загрепските медиуми пишуваат дека претседателката самата ја изработила куќата за кучиња, на која е запишано името Кика. Грабар – Китаровиќ потврдила дека од сопствен џеб ќе ја плаќа храната, негата и се што е потребно за кучето.