Во ноември: Снег ќе ја затрупа, а студ ќе ја окова Европа


Во Западна Европа температурите во ноември ќе бидат пониски од просечните, соопшти компанијата „Ведер“.

Првото навестување за зимата доаѓа веќе овој викенд со ладни ветрови од север, кои ќе донесат студ во поголемиот дел од Стариот континент, а во источна и јужна Европа ќе продолжи топлото време, изјави водечкиот метеоролог на компанијата, Тод Кравфорд.