(ВИДЕО) Вицот на Путин на кој се насмеа дури и првиот човек за национална безбедност на САД


Рускиот претседател Владимир Путин на состанокот со американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон се нашали поради нетрпеливоста на САД кон Русија.

„Ако добро се сеќавам, на американскиот грб е прикажан орел кој држи 13 стрели во една канџа и маслиново гранче со 13 маслинки во другата, што претставува симбол на мирољубива политика“, рече Путин на состанокот со Болтон во четвртокот во Москва.

Рускиот претседател потоа рече дека има прашање. „Дали вашиот орел ги изеде сите маслинки, а сега му останаа само стрелите?”, рече Путин на шала. Сите во салата се насмеаја на шегата на Путин, па дури и Болтон.