Европарламентот повторно во функција по вчерашниот напад во Стразбур


Европскиот Парламент утрово продолжи нормално со работа по вчерашниот напад во центарот на градот. -По вчерашниот тажен настан, ве информирам дека враќањето во Европскиот Парламент е безбедно и дека нормалните активности продолжуваат, напиша на Твитер портпаролот на ЕП, Хауме Дух. Европскиот Парламент оваа недела е во пленарен состав во Стразбур. Повеќе стотини пратеници, асистенти, стажанти […]

Порошенко: Господине Путин, ова е војна


Украинскиот претседател Петро Порошенко, коментирајќи го инцидентот во Керчанскиот Теснец за американската телевизија „Фокс њуз“, изјави дека е започната „војна“ со Русија. Според него, акциите на руските граничари претставуваат агресија. – Господине Путин, тоа е агресија. Господине Путин, тоа е војна. Не е шега, ниту инцидент, ниту криза, истакна претседателот на Украина. Меѓутоа, без разлика […]

Полицијата бара жителите на Стразбур да останат во своите домови


Француското Министерство за внатрешни работи ги предупреди жителите на градот Стразбур да останат во затворен простор откако полицијата соопшти дека дошло до инцидент со пукање. „Во Стразбур се случи сериозен инцидент по јавната безбедност”, објави Министерството на Твитер. „Од жителите се бара да останат во своите домови. Повеќе информации следат, почитувајте ги инструкциите од властите”, […]

Полицаец го уби шефот и ранил двајца колеги поради работно место


Полицаец од Турција, револтиран што неговото барање за преместување е одбиено, денеска го убил шефот на полициската станица во градот Риза, во северниот дел на Турција, и притоа ранил двајца полицајци. Настанот се случил откако шефот на локалната полиција се сретнал со сообраќајниот полицаец и притоа го одбил неговото барање за ново работно место. Напаѓачот […]

Пензионери преку крузер шверцувале кокаин


Повозрасна брачна двојка е уапсена откако големо количество кокаин било запленето во нивниот багаж по крстарење од Карибите до Европа. Седумдесет годишна жена и нејзиниот две години постар сопруг се уапсени откако во нивната кабина е пронајдено големо количество кокаин. Апсењето е извршено по дојава откако бродот на компанијата Marco Polo of Cruise & Maritime […]

УНХЦР: Околу 250.000 бегалци се враќаат дома


Околу 250.000 сириски бегалци би можеле да се вратат во својата разорена татковина во 2019 година, додека многу други се борат со проблеми со документи во „чие решавање би можела да помогне Владата во Дамаск, се наведува во денешното соопштение на Агенцијата за бегалци на Обединети нации (УНХЦР). – Околу 5,6 милиони сириски бегалци и […]

Гласањето за Брегзит ќе се одржи пред 21 јануари


Британскиот Парламент ќе гласа за договорот за Брегзит на премиерката Тереза Меј пред 21 јануари, соопшти денеска нејзиниот портпарол. Гласањето требаше да се одржи денеска, но Меј вчера соопшти дека гласањето е одложено и побара дополнителна потврда од ЕУ дека гласањето ќе помине во Парламентот. Британската премиерка настојува што е можно побрзо да го реши […]

Европскиот суд за човекови права ја казни Словачка за неиспитување расизам во убиство на Роми


Европскиот суд за човекови права денеска и наложи на Словачка да плати надомест од 50.000 евра на двојка со ромско потекло, чии тројца роднини биле убиени од полицаец што не бил на должност. Словачкиот правен систем не успеал правилно да испита дали полицаецот дејствувал со расистички мотив, пресуди Европскиот суд за човекови права (ЕЦХР). Словачки […]

Инцидент пред британскиот Парламент


Вооружени припадници на британската полиција денеска уапсија маж пред Парламентот во Лондон, јавија дел од западните медиуми. Според очевидци мажот бил соборен на земја, а еден од полицајците му вперил пиштол во глава.

Во Австрија запленети 37,7 милиони евра на италијанската мафија


Австриските власти денеска запленија 37,7 милиони евра, пари кои се сопственост на италијанската мафија. Средствата се наоѓале на жиро сметки, вложени во приватна фондација, во фирми и во хартии од вредност. Парите се на членови на мафијашки клан, кој во јужна Италија управува со илегални игри на среќа. Илегално зарботените пари се скриени и испрани […]

Египет ја ограничи продажбата на жолти елеци


Службата за безбедност и трговците на мало велат дека египетските власти ја ограничиле продажбата на жолти елеци. Властите стравуваат дека опозицијата би можела да ги копира француските демонстранти по повод јануарската годишнина од народното востание со кое беше симнат од власт автократскиот претседател Хосни Мубарак во 2011 година. Тие велат дека на дистрибутерите на ХТЗ […]

„Билд“: Службена картичка на Путин е пронајдена во архивите на Штази


Во архивите на Штази била пронајдена идентификациска картичка од источногерманска тајна служба на име на рускиот претседател Владимир Путин, кој во 80-те години на 20 век беше агент на КГБ во Дрезден, објави германскиот весник „Билд“. Весникот објави денеска фотографија на картичката, издадена на „мајор Владимир Путин”, валидна до 1989 година, на која има потпис […]

Иран потврди дека тестирал балистичка ракета


Иран потврди дека неодамна тестираше балистичка ракета, што наиде на осуда од страна на САД. Иранскиот генерал Амир Али Хаџизадех изјави дека тестирањето било „важно“. САД го искористија тестирањето на балистичка ракета за да побараат од европските држави да ги следат во повторно воведување на санкции кон Иран. Согласно Договорот со Иран од 2015 година, […]

Две монахињи проневериле пари за да се коцкаат во Лас Вегас


Две монахињи кои работеле во католичко училиште во Калифорнија признаа дека проневерале околу 500.000 долари кои ги искористиле за коцкање во Лас Вегас. Мери Креупер и Лана Чанг ги зеле парите од католичкото училиште Сент Џејмс во градот Торанс, во близина на Лос Анџелес, за да ги потрошат во казина. Калуѓерките, кои се најдобри пријателки, […]

Првиот семафор во светот наполни 150 години


Првиот семафор во светот, кој се наоѓа во Лондон, наполни 150 години. И покрај тоа што семафорот денес се зема „здраво за готово“, пред 150 години сите главни сообраќајни правци и крстосници биле регулирани од полицајци, за сето тоа да се измени во 1868 година, кога првиот семафор бил поставен во Лондон, пред Вестминстерската палата. […]

Јункер: Нема простор за преразгледување на договорот со Лондон


Не постои веќе можност за преразгледување на договорот за излез на Велика Британија од ЕУ, изјави денеска пред Европарламентот во Стразбур претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер. Тој истакна дека е изненаден од последните случувањата, а тоа се најавите на британската премиерка Тереза Меј дека ќе се обиде да ги предоговори условите. – На крајот од […]

Харадинај го забранува динарот?


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска ќе објави нови мерки против Србија. По зголемувањето на царинските такси од 100 отсто за српски производи, Харадинај подготвува три нови мерки, од кои едната е забрана за употреба на динарот на косовска територија, пишува белградскиот весник „Блиц“, цитирајќи го приштинскиот аналитичар Фатмир Шехоли. Втората мерка, која Шехоли ја очекува […]

Тереза ​​Меј денеска ќе се сретне со Ангела Меркел


Англија – Британската премиерка Тереза ​​Меј денеска ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел за да разговараат околу приговорите од британски пратеници против предложениот договор од страна на Меј за излез на Велика Британија од ЕУ, информираат од кабинетот на ​​Меј. Откако ненадејно го одложи гласање за договорот во британскиот Парламент закажано за денеска, премиерката […]

Синдикат: Мерките на Макрон не се доволни, протест во петок


Генералниот секретар на францускиот синдикат Генерална конфедерација на труд (ЦГТ), Филип Мартинес оцени дека мерките кои претседателот Емануел Макрон вечерва ги најави не се доволни и повика на „мобилизација заедно со жолтите елеци“ во петок на 14 декември. Макрон вечерва во телевизиско обраќање, меѓу другото, изјави дека ќе ги намали даноците за пензионерите и ќе […]

Салвини: Макрон е „лабораториски производ“


Италијанскиот министер за внатрешни работи и лидер на десничарската Лига, Матео Салвини денеска изјави дека кризата со „жолтите елеци“ покажува дека Французите сфатиле оти нивниот претседател е „лабораториски производ“, осмислен за да го одржува системот таков каков што е. – Сега ми се чини очигледно дека Макрон е лабораториски производ осмислен да ја блокира и […]