Тројца загинати и тројца повредени мигранти во сообраќајна несреќа во Грција


Нова сообраќајна несреќа, во која повторно животот го загубија мигранти, се случи рано утрово на автопатот „Егнатиа“ меѓу грчките градови Кавала и Ксанти во североисточниот дел на Грција, кога автомобил во кој се превезувале излетал од патот, се превртел и се запалил, јави МИА. Според локалните медиуми, живи изгореле три лица, тројца се повредени, а […]

Девет лица загинаа во несреќа во Турција


Бројот на жртвите од железничката несреќа во Турција се зголемува и според последните податоци, во неа загинале девет лица, меѓу кои и тројцата машиновозачи, соопшти министерот за транспорт Џахит Турхан. Брзиот воз, кој сообраќал од Анкара кон централната провинција Конва удрил во локомотива која служи за инспекција на пругата. При несреќата, која се случи во […]

Француските власти бараат од „жолтите елеци“ да не протестираат в сабота


Владата на Франција „во оваа фаза не одлучи да ги забрани собирите на жолтите елеци”, кои треба да се одржат в сабота, но ги повика на „разумност“ по нападот во Стразбур и „да не протестираат“, изјави денеска нејзиниот портпарол Бенјамин Гриво. Како што пренесува дописникот на МИА, Владата го слушнала нивниот гнев што го изразија. […]

Самитот на ЕУ во знакот на Брегзит


Декемврискиот Самит на ЕУ почнува попладнево, а дневниот ред е променет во последен момент откако британската премиерка Тереза Меј го откажа гласањето за Договорот за Брегзит на 10 декември. Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск информираше дека поради новонастанатата ситуација во Обединетото Кралство, тој свикува специјален состанок за Брегзит. Премиерката Меј, пак, е повикана да […]

Се повеќе Британци сакаат германско државјанство со приближувањето на Брегзит


Германија– Се повеќе Британци сакаат да имаат германско државјанство, како што наближува излегувањето на Велика Британија од Европската унија. Над 500 молби биле поднесени лани, што е огромен пораст во споредба со претходните години. Процесот на Брегзит се очекува да започне во март 2019 година, а порастот на барањата за германското државјанство е сигнал дека Британците, кои […]

Нимиц: Преспанскиот договор е важен за регионот и за односите меѓу Атина и Скопје


САД- Договорот од Преспа е многу важен чекор за стабилноста на регионот и за односите меѓу Македонија и Грција, изјави специјалниот претставник на ОН, Метју Нимиц, по средбата во Њујорк со алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос. – Очигледно политичкиот прцес во двете земи напредува, а јас како претставник на ОН останувам подготвен да помогнам. Ако […]

Тереза Меј останува лидер на британските конзервативци


Британската премиерка Тереза Меј го преживеа гласањето за доверба во Конзервативната партија со 200 гласа за наспроти 117 против. Таа останува лидер на британските конзервативци и ќе го продолжи процесот на Договорот со ЕУ за Брегзит на што се спротивуваа нејзините сопартијци кои го покренаа гласањето доверба. Претходно, Тереза Меј, во последниот обид да ја обезбеди […]

Светлата на Ајфеловата кула ќе бидат изгаснати на полноќ


Светлата на Ајфеловата кула ќе бидат изгаснати на полноќ, по локално време, во спомен на жртвите од вчерашниот напад во Стразбур, соопшти градоначалникот на Париз Ан Идалго. Во соопштение до јавноста, Идалго изрази поддршка за семејствата на убиените и за сите жители на Стразбур. Светлата на Ајфеловата кула, „симболот“ на француската престолнина, редовно се гаснат […]

Русија ќе го намали производството на нафта


Рускиот министер за енергетика Александер Новак најави дека државата постепено ќе го намалува производството на нафта. Во првата фаза производството на нафта ќе биде намалено за 50.000 барели дневно. Руското намалување на производството на нафта е во согласност со минатонеделниот Договор постигнат на средбата на претставвниците на Организацијата на производители и извозници на нафта (ОПЕК). […]

(ФОТО) Тони течно чоколадо поплавија улица во Германија


Неколку тони течно чоколадо синоќа се излеаја во германскиот град Верла, во западниот дел на државата. Како што пренесува британски „Гардијан“, инцидентот се случил откако се преполнил резервоарот на локална фабрика за производство на течно чоколадо. „Неколку тони течно чоколадо се излеаја во дворот, а потоа и на блиските улици“, изјавил портпаролот на градската противпожарна […]

Двајца кардинали вмешани во сексуално злоупотребување


Папата Франциско отпушти тројца кардинали од својот неформален кабинет, од кои двајца се обвинети за сексуално злоупотребување. Како што соопшти Ватикан, папата во октомври испрати писма до чилеанскиот кардинал Хавиер Ерасуриз, австрискиот кардинал Џорџ Пел и конгоанскиот кардинал Лорен Монсенгве Пасиња, заблагодарувајќи им се за нивната служба. Ерасуриз е обвинет во Чиле дека „им го […]

Албанските студенти одбиваат разговори со Рама и продолжуваат со протестите


Масовните студентски протести во Албанија продолжуваат и денеска, при што на студентите им се придружија и родителите, други граѓани, како и нивни колеги од Косово. Албанскиот премиер Еди Рама претпладнево на Твитер најави подготвеност за разговори и исполнување на студенските барања, но студентите го отфрлија предлогот за дијалог и претходно доставените осум барања ги надополнија […]

Кинезот, кој при напад усмрти 15 лица, осуден на смрт


Мажот, кој со автомобил удри во толпа луѓе, а потоа почна со нож да прободува случајни минувачите во Кина, е осуден на смрт. Нападот беше извршен на 12 септември во градот Хенан во провинцијата Хунан во Кина, при што загинаа 15 лица, а 43 беа повредени. Повеќе детали за напаѓачот не се соопштени. Кинеските градови […]

„Тесла“ побарува 167 милиони долари од поранешен вработен


Автомобилската компанија „Тесла“ побарува 167 милиони долари отштета од својот поранешен вработен, технологот Мартин Трип, јави Си-ен-би-си, повикувајќи се на судски документи. Процедурата за побарувањето започна во јуни годинава, но сумата која ја бара „Тесла“ е обелоденета дури сега. Компанијата смета дека Трип на незаконски начин во медиумите објавил податоци за „Тесла“ и дека давал […]

Мини-кравите се хит во светот: Малку јадат, а даваат многу млеко


Обичните говеда тежат повеќе од 450 килограми, бараат големи површини пасишта и можат да јадат повеќе од еден тон дополнителна храна годишно. Ова се причините зошто минијатурниот добиток сѐ повеќе се бара. Мини-кравите тежат 200-300 килограми, доволно им е половина хектар пасишта и една третина дополнителна храна. Она што е особено важно – даваат 50% […]

Трамп не се плаши дека ќе биде отповикан


Американскиот претседател Доналд Трамп не стравува од отповикување, како и дека исплатите направени во 2016 година во неговата кампања за претседателските избори, што неговиот личен адвокат Мајкл Коен им ги дал на две жени, не значат кршење на законот. -Тешко е да се отповика некој кој не направил ништо лошо и кој ја создал најдобрата […]

Меј: Новиот лидер би морал да го одложи или откаже Брегзит


Британската премиерка Тереза Меј која попладне ќе се соочи со гласање за недоверба како лидер на Конзервативната партија, изјави дека евентуалниот нов водач ќе мора да го продолжи рокот за излез на Велика Британија од Европската унија, а можно е и да го откаже целиот процес на Брегзит. – Новиот лидер нема да може да […]

Петмина приведени за нападот во Стразбур


Француската полиција се уште е во потрага по мажот кој вчера изврши напад на Божиќниот пазар во центарот на Стразбур, а петмина се приведени во рамки на истрагата за инцидентот, изјави државниот секретар на француското Министерство за внатрешни работи, Лоран Нуњез. Тој истакна дека напаѓачот би можел на побегне во соседна Германија. Во вчерашниот напад […]

Ѕанакопулос: Постои широко парламентарно мнозинство за Договорот од Преспа


Портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос, смета дека во грчкиот Парламент постои широко мнозинство за ратификација на Договорот од Преспа. – Мислам дека постојат политички предуслови за широко парламентарно мнозинство во случајот што е најверојатен дека успешно ќе се заврши процесот на уставна ревизија кај соседот и договорот ќе дојде за […]

Британската премиерка Меј попладне ќе се соочи со гласање недоверба во нејзината партија


Конзервативните пратеници денеска ќе гласаат за недоверба на лидерката на партијата и премиерка на Велика Британија Тереза Меј. Гласањето за позицијата на Меј доаѓа откако 48 пратеници од Конзервативната партија, бројка неопходна да се покрене гласање, испратија писма до претседателот на одборот кој е одговорен за раководството на партијата. Меј, која стана премиерка кусо време […]