Полицаец го уби шефот и ранил двајца колеги поради работно место


Полицаец од Турција, револтиран што неговото барање за преместување е одбиено, денеска го убил шефот на полициската станица во градот Риза, во северниот дел на Турција, и притоа ранил двајца полицајци.

Настанот се случил откако шефот на локалната полиција се сретнал со сообраќајниот полицаец и притоа го одбил неговото барање за ново работно место. Напаѓачот го предал своето оружје на обезбедувањето пред да влезе во  канцеларијата на шефот на станицата, но по излегувањето го грабнал пиштолот, се вратил во канцеларијата и пукал кон шефот.

Шефот на полицијата Алтуг Верди починал од здобиените повреди на пат кон болницата, каде се згрижени и другите двајца полицајци, кои не се во животна опасност.

Напаѓачот е совладан и притворен.