Во Италија од блиндирано возило украдени 2,3 милиони евра


Италија– Италијанската полиција соопшти дека на автопат во јужна Италија од блиндирано возило се украдени 2,3 милиони евра. Крадците користеле ровокопачи за да го отворат блиндираното возило кое ги превезувало парите. Возилото, кое од Бари пренесувало пари за пензии кон поштите, крадците го стопирале на патот со два шлепера, а потоа користеле два ровокопачи како […]

Анкета: Србите најмногу му веруваат на Путин


Србија – Претседателот на Русија Владимир Путин е светски лидер во кој граѓаните на Србија имаат најмногу доверба, покажуваат резултатите од новогодишното истражување на „Политика“ и агенцијата „Фактор Плус“. По Путин, кој доби 57 отсто од гласовите, следи кинескиот претседател Си Џинпинг со 36 проценти, германската канцеларка Ангела Меркел со 30 отсто и претседателот на САД, […]

САД очекуваат повеќе информации за апсењето на Американецот во Русија


Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска изјави дека САД се надеваат дека наскоро ќе имаат пристап до Американцеот кој е приведен под обвинение за шпионажа и оти ќе бараат негово итно враќање доколку се утврди дека е неосновано уапсен. – Јасно им предочивме на Русите дека очекуваме повеќе информации за обвиниенијата со цел да сфатиме […]

Заслуга за помошта при пожарите: Двајца Египѓани и еден Албанец добија грчко државјанство


За нивната пожртвуваност и за спасените животи во катастрофалните пожари во јули минатата година, тројца рибари, двајца од Египет и еден од Албанија, денесka добија грчко државјанство, јави дописничката на МИА од Атина. Државјанствата свечено им беа врачени од претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, а на манифестацијата во претседателската палата во Атина присуствуваше и министерот […]

Индијките го кренаа гласот: Милион жени излегоа на протести


Повеќе милиони жени формираа синџир во јужната индиска држава Керала во знак на поддршка на еднаквост на половите како одговор на протестот на хинду свештениците и конзервативците, кои им забрануваат на девојчињата и жените од 10 до 50 години да влезат во еден од најголемите хиндуистички храмови на светот, Сабаримала. Комунистичката партија на Индија денеска […]

Трамп подготвен за нова средба со Ким


Американскиот претседател Доналд Трамп изрази подготвеност за нова средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун. – И јас сум подготвен за средба со претседателот Ким, кој е свесен дека Северна Кореја има огромен економски потенцијал, напиша Трамп денеска на Твитер. Неговата порака уследи откако вчера Ким во новогодишното обраќање до нацијата изјави дека е подготвен во […]

(ВИДЕО) Нова трагедија во Магнитогорск, експлодираше минибус


За два дена две трагедии го погогдија рускиот град Мгнитогорск. Откако се урна станбена зграда, ден подоцна експлодираше и минибус, при што загинаа три лица. Бројот на загинати при уривање на станбен блок во рускиот град Магнитогорск се искачи на 16, откако под урнатините беа откриени уште три тела, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации. […]

Филмско бегство од затворот во Атина


Со кука и импровизирано јаже, двајца затвореници вчера побегнале од атинскиот затвор „Коридалос“. Претходно ги пресекле решетките од ќелијата, стигнале до мал надворешен дел од затворот каде што немало чувари и со помош на кука и импровизирано јаже го прерипале надворешниот ѕид во височина од околу шест метри и излегле од затворот, јави дописничката на […]

Истражување: Ердоган е „најистакнатиот светски лидер“


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган е прогласен за „најистакнат светски лидер“ во истражување во арапскиот свет, спроведено од медиумската групација Расдњуз, која има големо влијание меѓу Арапите. Ердоган освоил 77 проценти од гласовите, а зад него на листата се наоѓаат голем број светски лидери, меѓу кои претседателите на САД и на Русија, Доналд Трамп и […]

(ВИДЕО) Бебе извлечено од урната зграда по 36 часа на минус 17 степени


Во урнатините на станбената зграда во рускиот град Магнитогорск спасувачите вчера пронајдоа 11-месесечно бебе кое минало повеќе од 30 часа на многу ниски температура. Бебето е свесно, но во многу критична состојба и е пренесено во болница во Москва, пишува Би-би-си. <iframe width=”810″ height=”456″ src=”https://www.youtube.com/embed/eJUv-V0R3gs” frameborder=”0″ allow=”accelerometer; autoplay; encrypted-media; gyroscope; picture-in-picture” allowfullscreen></iframe> Руските спасувачи го […]

Бројот на жртвите во Магнитогорск се искачи на 16


Бројот на загинати при уривање на станбен блок во рускиот град Магнитогорск се искачи на 16, откако под урнатините беа откриени уште три тела, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации. Повеќе од 20 луѓе се уште се водат како исчезнати по експлозијата на системот за гас, што предизвика уривање на зградата на 31 декември. Експлозијата […]

Гувернер на Њујорк: Единствената закана за Америка доаѓа од внатре


Гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо во своето обраќање по повод освоениот трет мандат порача дека „единствената закана за Америка доаѓа од внатре“. Куомо истакна дека во првите 100 дена од неговиот трет мандат ќе ја претстави „најпрогресивната агенда, која оваа американска сојузна држава досега ја видела“. – Ќе направиме историја, а Њујорк ќе напредува. Не […]

Новиот претседател на Бразил положи заклетва


Новиот претседател на Бразил, ултрадесничарот Жаир Болсонаро положи заклетва како 38. шеф на државата. Во својот говор во Парламентот тој вети дека ќе се бори против корупцијата и насилните злосторства. – Ги повикувам сите конгресмени да ми помогнат да го спасам Бразил од корупција, криминал и идеолошко потчинување. Шеесет и три годишниот поранешен армиски капетан […]

Си Џинпинг: Не е исклучена можноста за употреба на сила кон Тајван


Кина не ја исклучува можноста за употреба на сила кон Тајван, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг, нагласувајќи дека земјата ќе биде повторно обединета. – Пекинг има право да ги употреби сите неопходни средства против надворешните сили, кои го спречуваат мирното обединување на Кина и поддржуваат сепаратистички дејствија, предупреди Си. Тој истакна дека „никој не може […]

Убиен мексикански градоначалник веднаш по стапувањето на должност


Гувернерот на мексиканската држава Оахака, Алехандро Мурат го осуди убиството на градоначалникот на Тлаксиако, Алехандро Апарисио Сантјаго кое се случи веднаш по неговото стапување на должност. Мурат вети дека ќе биде спроведена детална истрага за случајот, додавајќи дека веќе има еден уапсен. Во нападот биле повредени уште четири лица. Според државното обвинителство, Сантјаго непосредно пред […]

Во Германија стапи во сила законот за трет полов идентитет


Германија – Во Германија од вчера стапи во сила закон кој им овозможи на луѓето кои биолошки не се вклопуваат ниту во машки ниту во женски пол, да изберат трета опција во службените документи. Владата во Берлин го изгласа законот во август, а минатиот месец го потврди и Бундесратот. Припадниците на ЛГБТ заедницата сметаат дека […]

Новогодишно обраќање на Макрон


Франција – Шефот на француската држава во новогодишното обраќање до нацијата  зборуваше 16 минути во напнат социјален контекст, при тоа сакајќи да покаже дека е одлучен и истовремено внимателен  поради гневот што ја потресе Франција, јави дописникот на МИА. Крајот на 2018 година, за францускиот претседател изгледаше долг. Деветнаесет месеци по неговиот избор, Макрон се соочи […]

Венеција воведува такса за краток престој


Венеција ќе им наплаќа на посетителите такса до 10 евра. Мерката ја одобри италијанската влада, а треба да донесе десетици милиони евра годишно приходи на градот што е вброен во светското наследство. Овие пари веќе се планирани во буџетот за 2019 година, кој беше усвоен овој викенд, по неколкумесечните несогласувања со Брисел. Венецијанците долго време […]

САД и Израел излегоа од УНЕСКО


САД и Израел од денес и формално излегоа од УНЕСКО, агенцијата на ОН за образование, наука и култура. Ова е кулминација на процесот што почна пред повеќе од една година, поради загриженоста дека организацијата поттикнува антиизраелски ставови. Иако повлекувањето е главно процедурално, сепак е удар за УНЕСКО, кооснована од САД по Втората светска војна, за […]

Турција забранува рекламирање на нездрава храна


Турција го забрани рекламирањето на прехранбени производи, кои спаѓаат во категоријата „џанк фуд“, како и воведувањето промотивни подароци во слични продукти, како што се на пример чоколадните јајца со играчка, соопшти Министерството за трговија. Таквата мерка има за цел да ја ограничи навиката за нездрава исхрана на Турците. Согласно мерките, кои стапуваат во сила од […]