Болтон: САД би можеле да ги зајакнат санкциите против Северна Кореја


Советникот на американскиот претседател Доналд Трамп за национална безбедност, Џон Болтон изјави дека САД би можеле да ги зајакнат санкциите против Северна Кореја доколку таа земја не се откаже од својата нуклеарна програма. Тој истакна дека Вашингтон, по самитот во Ханој, ќе следи дали Пјонгјанг е посветен на откажувањето од нуклеарната програма „и се што …

Болтон: САД би можеле да ги зајакнат санкциите против Северна Кореја Read More »

Фон дер Лајен: Со Договорот од Преспа, проблемот го претворивте во можност


Грција – Проблемот го претворивте во можност, рече германската министерка за одбрана, Урсула фон дер Лајен по средбата со нејзиниот грчки колега Евангелос Апостолакис. Договорот од Преспа се најде на агендата разговори на двајцата министри на нивната средба во Атина, а во кусите изјави за медиумите Апостолакис и Фон дер Лајен ја истакнаа важноста на решението …

Фон дер Лајен: Со Договорот од Преспа, проблемот го претворивте во можност Read More »

Извештај: Секој четврти пратеник во светот е жена


Швајцарија – Приближно секој четврти член на Парламентот во светот е жена, се констатира во годишниот извештај на Интерпарламентарната унија, најстарата меѓународна парламентарна организација. Во документот на 50 страници се наведува дека во текот на 2018 година се зголемило учеството на жените во националните парламенти. На глобален план, тоа изнесува 24,3 проценти лани во однос на …

Извештај: Секој четврти пратеник во светот е жена Read More »

Нова банкнота од илјада швајцарски франци


Швајцарија– Швајцарската централна банка ја претстави редизајнираната верзија на банкнотата со најголема номинална вредност – 1.000 швајцарски франци. Во соопштението на Народната банка на Швајцарија се наведува дека е целосно редизајнирана верзијата на банкнотата, која е „помала и со тоа полесна за користење“ од претходната, а истовремено има „целосна безбедносна заштита“. Банкнотата е со виолетова …

Нова банкнота од илјада швајцарски франци Read More »

Радикализираниот затвореник уапсен по акцијата на француските специјалци


Радикализираниот затвореник кој утрото тешко рани двајца чувари во затвор во Нормандија, беше совладан вечерва во операција на француските специјални полициски единици РАИД. Жената со која беше забарикадиран во блокот за посети, почина од раните здобиени за време на акцијата. Француската влада соопшти дека тој напад го оквалификува како терористички. Затвореникот бил осуден на 30 …

Радикализираниот затвореник уапсен по акцијата на француските специјалци Read More »

Драма во Франција: Затвореник повреди двајца чувари, полицијата го опколи затворот


Специјалци на француската полиција упаднаа денеска попладне во затворот Конде сур Сартр каде 27-годишен радикализиран затвореник повреди тешко двајца чувари со керамички нож. На местото на инцидентот се регистрани серија детонации од шок гранати што ги користела полицијата во почетокот на операцијата. Чуварите ги нападнал 27-годишниот Мајкл Чиоло извикувајќи Алаху акбар. Чиоло отслужува затворска казна …

Драма во Франција: Затвореник повреди двајца чувари, полицијата го опколи затворот Read More »

И покрај притисокот за денуклеаризација, Северна Кореја обновува дел од центарот за лансирање ракети


Јужнокорејските разузнавачки служби открија знаци дека Северна Кореја обновува дел од локации за лансирање на ракетите од ракетниот центар Донгчанг-ри, кој го урна претходно. Агенцијата Јонхап наведува дека таа држава, која се наоѓа под притисок да ја прекине својата нуклеарна програма, става повторно покрив и врати на тој објект. Националата разузнавачка служба на Јужна Кореја …

И покрај притисокот за денуклеаризација, Северна Кореја обновува дел од центарот за лансирање ракети Read More »

Пакети со експлозиви најдени на аеродромите и железничката во Лондон


Полициските сили за борба против тероризмот разгледуваат три пакети со експлозиви, најдени на аеродромите „Хитроу“ и „Лондон Сити“ и на железничката станица „Ватерло“ во Лондон. – Малите импровизирани експлозивни направи се најдени во поштенски пакети А4, соопшти полицијата и додаде дека никој не е повреден. Навигацискиот центар на „Хитроу“ е евакуиран, откако пронајдокот бил пријавен …

Пакети со експлозиви најдени на аеродромите и железничката во Лондон Read More »

Весели: Никој не може да го оддалечи Косово од САД и од евроатлантските интеграции


Претседателот на косовското Собрание Кадри Весели порача денеска дека никој нема право да го оддели Косово од Соединетите Американски Држави и дека никој не може да ја оддалечи земјата од патот на евроатлантските интеграции, јави дописникот на МИА од Приштина. Весели изјавата ја даде за време на посетата на производен погон во Гњилане, одговарајќи на …

Весели: Никој не може да го оддалечи Косово од САД и од евроатлантските интеграции Read More »

Њу Делхи најзагаден град во светот во 2018 година


Индиската престолнина Њу Делхи е најзагаден град во светот во 2018 година, покажува истражувањето спроведено од две мониторинг организации во 61 град. По Делхи, каде што живеат 20 милиони луѓе, следат главните градови на Бангладеш и Авганистан, Дака и Кабул. Анализата е направена во соработка со „Ај кју ер визуел“, швајцарска група која собира податоци …

Њу Делхи најзагаден град во светот во 2018 година Read More »

Турција по осум години повторно отвори клучен граничен премин со Сирија


Турција денеска повторно го отвори југоисточниот граничен премин со Сирија кој беше затворен осум години, јави агенцијата Анадолија. Од денеска турските камиони можат да го преминат граничниот премин Онџупинар во турската област Килис, со приложување соодветни патни документи на царинските службеници. Граничниот премин беше затворен во 2011 година кога избувна граѓанската војна во Сирија. Турските …

Турција по осум години повторно отвори клучен граничен премин со Сирија Read More »

Амeриканскиот Конгрес започна обемна истрага против Трамп


Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, предводен од демократите започна обемна истрага за наводно попречување  правда, за корупција и злоупотреби на власта од страна на претседателот Доналд Трамп. Комисиите за правда, разузнавање и за надзор на Претставничкиот дом синоќа ги проширија истрагите за корупција и криминал во компанијата Трамп Организација и побараа разоткривање на „тајните“ разговори …

Амeриканскиот Конгрес започна обемна истрага против Трамп Read More »

Сендвич наречен по словенечкиот пратеник кој поднесе оставка


Словенечки дистрибутер за брза храна, специјализиран за сендвичи ја искористи актуелната афера која изнуди оставка од еден пратеник и на пазарот пласираше сендвич наречен „претставник“. – Во прашање е корисна алтернатива за невкусен чин на еден од 90-те избрани претставници на народот во нашиот Парламент, соопшти компанијата „Сендвичарна“, притоа алудирајќи на пратеникот Дариј Крајчич, кој …

Сендвич наречен по словенечкиот пратеник кој поднесе оставка Read More »

Радикализиран француски затвореник прободе двајца чувари


Радикализиран француски затвореник предизвика вистински хаос во затвор во градот Аленкон во Франција, откако со керамичка острица нападна и повреди двајца чувари, извика: „Алаху акбар“ и се забарикадира во затворската келија. Француски специјалци и интервентна полиција повикани се во затворот во Аленкон западно од Париз, откако радикализиран исламист кој таму служи казна, предизвика хаос. Тој …

Радикализиран француски затвореник прободе двајца чувари Read More »

Трудо среде скандал, го напуштаат членови на владата


Канадскиот премиер Џастин Трудо, го обвинуваат за притисок врз поранешната министерка за правда, за да ја заштити најголемата градежна фирма во земјата во судењето за корупција. Критичарите го обвинуваат Трудо дека извршил притисок на поранешната министерка за правда, за да ја заштити градежната фирма на која ѝ се суди за корупција. Неколку членови на владата …

Трудо среде скандал, го напуштаат членови на владата Read More »

Италијанскиот премиер Џузепе Конте во посета на Белград


Италијанскиот премиер утре ќе престојува во еднодневна посета на Србија, при што ќе оствари средби со српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ. Конте првпат откако е премиер доаѓа во Западен Балкан, а посетата на Србија е негова прва билатерална посета на европска земја од почетокот на годината. Во пресрет на посетата, Вучиќ во …

Италијанскиот премиер Џузепе Конте во посета на Белград Read More »

Лав во Чешка го уби својот сопственик


Лав стар девет години го убил својот сопственик во село во источниот дел на Чешка, соопшти локалната полиција. Мажот одгледувал два лава, двегодишна женка и мажјак, без неопходна ветеринарна лиценца и во затворена просторија изградена без дозвола. Таткото на сопственикот на лавовите ја повикал полицијата откако го видел неподвижното тело на својот син во живеалиштето …

Лав во Чешка го уби својот сопственик Read More »

(Видео) Снег го парализира североисточниот дел на САД


Силна снежна бура го погоди североисточниот дел на САД и предизвика откажување на повеќе од 580 летови, затворање на училишта, а во Минеаполис е регистрирана најниска температура. Снежното невреме најтешко го погоди Бостон, каде што паднаа околу 40 сантиметри снег и предизвика хаос на меѓународниот аеродром Логан, како и на њујоршкиот аеродром Ла Гвардија и …

(Видео) Снег го парализира североисточниот дел на САД Read More »

Сириската армија изврши воздушни напади врз позиции на ИД во Сирија


Сириската армија изврши воздушни напади врз позиции на милитантите од Исламска држава и се судри со џихадисти во централна Сирија, објави денеска провладиниот весник „Ал-Ватан“. Избувнувањето на конфликтот во областа Ал Сухна, помеѓу Палмира и Деир ал-Зора, укажува дека упориштата на радикалната група се уште позападно од Еуфрат, и покрај тоа што борците со американска …

Сириската армија изврши воздушни напади врз позиции на ИД во Сирија Read More »

Почина Клаус Кинкел, поранешниот министер за надворешни работи на Германија


Клаус Кинкел, германски политичар и министер за надворешни работи за време на војната во Босна и Херцеговина, почина на возраст од 82 години, објавија германските медиуми. Кинкел ѝ е познат на јавноста во БиХ по изјавата дека се чувствува одговорен за трагедијата што се случи во Сребреница бидејќи не можел да стори ништо за да …

Почина Клаус Кинкел, поранешниот министер за надворешни работи на Германија Read More »