Британците ќе учествуваат на изборите за Европскиот парламент


 Велика Британија ќе мора да учествува на изборите за Европскиот парламент од 23 до 26 мај, бидејќи нема доволно време дотогаш Парламентот да го ратификува договорот за Брегзит, изјави денеска британскиот вицепремиер Дејвид Лидингтон. Премиерката Тереза Меј ​​се надеваше дека ќе го избегне учеството на изборите, но разговорите со опозициските лабуристи за договорот не успеаја […]

Трамп се поблиску до воен судир со Иран


Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го пренасочи носачот на авиони „Абрахам Линколн“ на Блискиот Исток бидејќи се очекува Иран да се откаже од договорените обврски за замрзнување на својата нуклеарна програма. Трамп се наоѓа најблиску до воен судир со Иран во својот досегашен мандат, откако ги пренасочи воените бродови на Блискиот Исток, со цел […]

Избори во Данска, голема шанса за промена на власта


Данскиот премиер Ларс Локе Расмусен распиша избори за 5 јуни, на кои, според анкетите, неговата коалиција ќе доживее пораз од лево ориентираните социјалдемократи. -Светот е во состојба на дезинтеграција, рече Расмусен, обраќајќи се во Парламенот и набројувајќи разни проблеми, од климатските промени до миграциската криза. Гласачите, според досегашните анализи, повеќе се наклонети кон неговата ривалка, […]

Памела Андерсон го посети Асанж во затворот


Американската актерка Памела Андерсон го посети основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж во британскиот затвор Белмарж. По посетата, Андерсон изјави дека Асанж нема фер третман и дека не заслужува да биде во затвор со обезбедување од највисок степен. Холивудската актерка, која и претходно го бранеше Асанж, изјави дека тој е невин и дека нема фер третман. […]

Пред банкрот: Милијардерот кој патува на Месечината распродава вредни уметнички дела


Јусаку Маезава, еден од најбогатите Јапонци и прв турист на Месечината, продава неколку уметнички дела, кои ги поседува, бидејќи останал без пари. Маезава, директор на онлајн модната продавница Зозо, тоа го соопшти на Твитер. Кога неговите следбеници го прашаа дали тоа значи дека е пред банкрот, тој одговори: „Да, никогаш немам пари, бидејќи секогаш ги […]

Откажана средбата Помпео – Меркел


САД – Американскиот Стејт департмент соопшти дека е откажан денешниот состанок на државниот секретар Мајк Помпео со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин. Во соопштението до Стејт департментот се наведува дека состаноците на Помпео мора да бидат прераспоредени поради „жешки прашања“, но не се наведува кои. Од кабинетот на Меркел и шефот на германската дипломатија Хајко […]

Утре расправа за гласање доверба на грчката Влада


Грција – Лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, како што и најави, во грчкиот Парламент достави иницијатива за гласање недоверба на алтернативниот министер за здравство на Грција, Павлос Полакис, предлог кој грчкиот вицепремиер и министер за економија го претвори во инцијатива за гласање доверба на Владата. Расправата, според одлуката донесена на состанокот на претседателите на Парламентот, […]

Во Белгија масовна полициска акција против организиран криминал


Белгија – На цела територија на Белгија од утрово се одвива масовна полициска акција против организирана криминална група која нелегално продавала автомобили на интернет. Над илјада полицајци се мобилизирани од синоќа во цела држава, а приведени се триесет лица во рамките на оваа операција, информираат од Јавното обвинителство. Според медиумите, акцијата се води во ромската заедница […]

Холандија: Брисел треба да се замисли, најнапредните земји го избегнуваат


  Европската унија треба да се погледне во огледало и да се запраша зошто не успева да ги привлече најнапредните земји во свое полноправно членство, изјави холандскиот министер за финансии Вопке Хоекстра. Тој за британскиот дневник „Financial Times” изјави дека катастрофално е тоа што земји како Норвешка не сакаат во ЕУ, а други држави, како […]

Курц побара прекин на пристапните преговори на ЕУ со Турција


Австрискиот канцелар Себастијан Курц упати критика поради одлуката за анулирање на резултатите од локалните избори во Истанбул, истакнувајќи дека тие што не прифаќаат демократски избори нема што да бараат во Европска Унија. Тој исто така побара конечен прекин на пристапните преговори на ЕУ со Турција. – Неопходно е ЕУ чесно да се однесува кон Турција, […]

Премиерот на Австралија маван со јајце, уапсена една жена


Една жена е уапсена откако фрлила јајце врз австралискиот премиер Скот Морисон за време на настан во рамки на кампањата за изборите, кои ќе се одржат на 18 мај, соопшти полицијата на сојузната држава Нов Јужен Велс. Како што пренесуваат австралиските медиуми, обезбедувањето брзо ја совлада и тргна 25-годишната жена. Според полицијата, никој не е […]

Двајцата новинари на Ројтерс ослободени од затворот во Мјанмар


Мјанмар– Двајцата новинари на Ројтерс, кои поминаа 500 дена во затворот во Мјанмар за истражување злосторства над муслуманското малцинство, денеска се ослободени. Ва и Кјав се најдоа на списокот од 6.520 затвореници кои ги помилува мјанмарскиот претседател Вин Мјинт. Ова е трето помилување што Вин го потпиша по повод традиционалната Нова година, која во Мјанмар […]

Војна на авио-компаниите, компјутери одлучуваат, авиони паѓаат


  Во два дена две авионски несреќи, во Москва и во Мексико. Неодамна се урна и етиопски авион. Се поставува прашањето, зошто сѐ почесто се случуваат авионски несреќи? На московскиот аеродром „Шереметјево“, при принудно слетување, се запали „сухој суперџет 100“, на компанијата „Аерофлот“. Загинаа 41 лице, а преживеаја 33 патници и четворица членови на посадата. […]

Земјите од Г-7 ја усвоија Повелбата од Мец под притисок на итноста на еколошката ситуација


Повелбата за биолошка разновидност, наречена „Повелба од Мец“, беше усвоена од страна на седумте најразвиени земји  во светот, јави дописникот на МИА. Никој денес не се осмелува да  ја негира важноста на еколошката криза или итноста на климатската ситуација. Министрите на Г-7 за животната средина кои се состанаа во Мец на 5 и 6 мај, […]

Протести во Истанбул по одлуката за поништување на резултатите од локалните избори


Турција – Во неколку делови од Истанбул синоќа избија протести поради одлуката на турската Врховна изборна комисија да ги поништи резултатите од локалните избори на кои победи опозицијата. И Екрем Имамоглу од Републиканската народна партија, победник на изборите од 31 март и поранешниот премиер Бинали Јилдирим од владејачката Партија на правдата и развојот со соопштенија потврдија […]

Би-Би-Си: Папата Франциск на Балканот во обид да ги помири двете цркви


Англија – Папата Франциск со посетата на Република Северна Македонија и на Бугарија сака да го сврти вниманието на проблемите со кои се соочуваат сиромашните и бегалците, објави Би-Би-Си на српски јазик. Пред посетата папата изјави дека со доаѓањето во Република Северна Македонија и во Бугарија сака да искаже радост и пријателство, да го охрабри […]

ЕУ со критики поради одлуката за повторување на изборите во Истанбул


Белгија – ЕУ упати критики за одлуката на Врховната изборна комисија на Турција да ги поништи резултатите од изборите за градоначалник на Истанбул и да организира ново гласање на 23 јуни. Во заедничка изјава шефицата на ЕУ дипломатијата Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан се нагласува дека тоа решение е спротивно на самата […]

Анкета: Трамп го поддржуваат 45 отсто од Американците


САД- Популарноста на американскиот претседател Доналд Трамп е над 45 отсто според Институтот Галуп. Тоа се случува првпат откако Трамп влезе во Белата куќа на 20 јануари 2017 година. Според анкетата, 46 проценти од Американци ја поддржуваат политиката на Трамп. На почетокот на март неговата популарност беше 39 отсто. Според анкетата, зголемена поддршка за политиките […]

Нови локални избори во Истанбул


По бројните претставки поднесени од страна на владејачката Партија за правда и развој (АКП) на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, Врховната изборна комисија на Турција со седум гласа „за“ и чертири гласа „против“ донесе одлука за одржување нови локални избори во Истанбул. Изборната комисија (YSK) со мнозинство гласови одлучи да го поништи гласањето и да ги […]

Се урна авион во Мексико


Приватен авион „Бомбардер Челинџер 601“ исчезнал од радарот за време на летот над градот Монклова, во мексиканската држава Коауила, по што се урнал во планинскиот регион над градот. Според првичните информации, во авионот се наоѓале 11 патници и двајца членови на екипажот. Нивната судбина се уште не е позната. Авионот летал од Лас Вегас до […]