Над Атлантикот почна сезоната на урагани

Во почетокот на јуни официјално започнува сезоната на урагани во Атлантикот. Американски метереолози сметаат дека тој период на урагани нема да биде така опасен како лани, но прогнозираат создавање неколку силни бури во месеците што следуваат, јави „Си-Ен-Ен“.

Сезоната на урагани трае од 1 јуни до 30 ноември. Според експерти, годинава се очекуваат од девет до 15 бури, од кои четири до осум можат да станат урагани.

Тие не би требало да бидат со таков интензитет како ланските Флоренс и Мајкл, што беа причина за смртта на речиси сто лица и предизвикаа штети од милијарди долари.

Метереолозите најавуваат дека два или четири урагани сепак можат да достигнат до трета или повисока категорија со брзина на ветерот од 180 до максимални 200 километри на час.

Според „Си-Ен-Ен“, пред официјалнот почеток на сезоната на урагани во Атлантскиот Океан веќе се создала суптропската бура Андреа. Правилото е секоја следен ураган да добива име по азбучен ред и имињата напоредно се менуваат според родот. Така, годинава новите урагани ќе ги носат следните имиња: Бари, Шантал (Chantal), Дориjан, Ерин и така натаму.

Научниците се уште не можат да кажат каде територијално ќе удрат идните урагани но населението во крајбрежните населени места го советуваат на внимателност и подготвеност за стихии.