(Видео) Тепачка во парламентот во Хонг Конг, има и повредени


Голема тепачка изби во парламентот на Хонг Конг поради планираните законски измени според кои на осомничените ќе им се суди во матична Кина. Тензиите ескалираа веднаш на почетокот на заседавањето, а политичарите почнаа да пцујат и да скокаат на масите обидувајќи се да го дофатат микрофонот. Неколку пратеници се повредени, а еден е префрлен во […]

Полицијата во Нант и Лион употреби солзавец против „жолтите елеци“


Француската полиција употреби денеска солзавец во судирите со маскирани демонстранти во Лион и Нант, за време на 26-от протест по ред на „жолтите елеци“ против претседателот Емануел Макрон и неговата програма за економски реформи. Демонстрантите во Нант фрлале шишиња и кршеле излози од продавници, додека во Лион полицијата употреби солзавец во обид да ги одбие […]

(Видео) Путин играше хокеј, па се испружи на мразот


Рускиот претседател Владимир Путин даде осум гола на вчерашниот егзибициски натпревар во хокеј, настапувајќи со руските хокејарски ѕвезди. Но, она што за момент ја насмеа публиката беше неговиот (не толку) спектакуларен пад по крајот на натпреварот. Путин играше за екипата Легенди покрај поранешните хокејарски ѕвезди Вјачеслав Слава Фетисов и Павел Буре. Во истата екипа настапи […]

Почина поранешниот шеф на дипломатија на Италија Џани де Микелис


Поранешниот италијански министер за надворешни работи Џани де Микелис почина на 78-годишна возраст по долго боледување. Де Микелис е хоспитализиран пред неколку денови бидејќи му се влошила здравствената состојба. Тој беше член на социјалистите во италијанскиот Парламент, а извршувал повеќе министерски позиции од 1980 до 1992 година. Функцијата шеф на италијанската дипломатија ја извршуваше од […]

Терористички напад во Пакинстан, во хотел со пет ѕвезди


Група терористи нападнала хотел со пет ѕвезди „Перл континентал“ во пакистанскиот град Гвадар, соопшти полицијата. „Три или четири напаѓачи упаднаа во хотелот и сега траат судирите на припадниците на безбедноста и терористите“, соопшти полицијата, додавајќи дека нема информации за жртви, пренесе Ројтерс. Во регионот распоредени се дополнителни полициски, антитерористички и воени сили. Полицијата наведува дека […]

Земјотрес во Ирак со јачина од 5,3 степени според Рихтер


Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала погоди област на 70 километри од ирачкиот град Сулејманија, пренесе Геолошкиот институт на САД. Според Ројтерс, до потресот дошло во пограничната област на Ирак, десет километри под површината на земјата. Се наведува дека нема повредени, како и дека не е причинета позначителна материјална штета.

Убиена советничката за култура во авганистанскиот Парламент


Непознати напаѓачи ја убиле денеска во Кабул поранешната новинарка и актуелна советничка за култура во авганистанскиот Парламент Мена Мангал, соопшти портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Насрат Рахими. Тој истакна дека Мангал била убиена додека одела на работа, а напаѓачите побегнале од местото на злосторството. Полицијата веднаш започнала истрага, а засега никој нема преземено одговорност […]

Трамп: Сѐ уште не сум изгубил доверба во Ким


Претседателот на САД, Доналд Трамп во интервју за американскиот сајт „Политико“ изјави дека сѐ уште не изгубил доверба во лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун. Можно е дека во еден момент ќе биде (ќе ја загубам довербата), но сега никако, наведе Трамп. Американскиот претседател претходно си ги препишуваше заслугите за стопирање на ракетните тестирања на […]

Пентагон нареди распоредување на системот за противвоздушна одбрана


Американското Министерство за одбрана соопшти дека ќе ги распореди системот за противвоздушна одбрана со долг дострел „Патриот“ и амфибискиот воен брод „Арлингтон ЛДП-24“ во зоната на Централната команда на армијата на САД (ЦЕНТЦОМ), првенствено задолжена за Блиски Исток и Централна Азија. – Овие сили ќе им се придружат на американскиот носач на авиони „Абрахам Линколн“ […]

Најмалку четворица загинати при експлозија во фабрика за пиротехнички материјали


Најмалку четворица загинаа, а 26 се повредени при синоќешната експлозија во фабрика за пиротехнички материјали во главниот град на Колумбија, Богота. Од силната експлозија урната е двокатна зграда, а исто така оштетени се неколку возила и други објекти. Колумбиските власти сѐ уште ја испитуваат причината за експлозијата, но не се сомневаат дека инцидентот е поврзан […]

Стејт департментот откри за што ќе се дискутира на средбата Помпео-Путин


Државниот секретар Мајк Помпео на средбата со рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров што е закажана за следната недела во Сочи, планира да дискутира за повеќе надворешнополитички теми поврзани со затегнатите односи меѓу Вашингтон и Москва. Како што изјави денеска официјално лице од Стејт департментот, темите кои ќе бидат допрени […]

(ВИДЕО) Македонка сведочи за бомбата во Брисел: Ни рекоа да го бараме најблискиот излез


Три трговски центри во Брисел беа евакуирани попладнево по дојави за експлозивни направи, полициските операции се во тек. Калина, Македонка која живее во Брисел, се наоѓала во едниот од овие центри кога започнала тревогата. -Почна една сирена, очигледно дека не беше аларм за пожар, различно звучеше, и низ разглас ни рекоа да излеземе од најблискиот […]

Одреден притвор за заменикот на Гуаидо


Врховниот суд на Венецуела денеска му одреди мерка притвор на потпретседателот на венецуелското Национално собрание, Едгар Замбрано и нареди да биде притворен во воениот затвор во Каракас. Судот реши Замбрано да остане во притвор до почетокот на судскиот процес против него под обвинение за „државна измама, заговор и граѓанско востание“. Властите во Каракас го уапсија […]

Откриена бомба во трговски центар во Брисел


Експлозивна направа е откриена попладнево во трговски центар во населбата Волуве во Брисел. Претставник на белгиската полиција за МИА потврди дека станува збор за бомба. – Проблемот е реален, изјави тој. По откривањето на направата полицијата спроведе целосна евакуација на присутните во трговскиот центар. Во тек е акција на специјалните полициски тимови за деактивирање на […]

СЗО: Ако не престанат нападите во Конго, еболата може да се прошири


Светската здравствена организација предупредува дека можеби нема да биде можно да се задржи еболата во две провинции во источно Конго погодени со епидемија. Во денешното соопштение, СЗО предупредува дека борбата против еболата е прекинувана пет дена по ред поради несигурност, јави АП. СЗО соопшти дека во еден инцидент насилно е нападната група за погребување откако […]

Граѓаните на Истанбул ги откажуваат резервациите за одмор поради повторените избори


Турција – Жителите на Истанбул ги откажуваат резервациите за одмор, со цел да учествуваат на повторените избори за градоначалник на метрополата на 23 јуни, изјави претседателот на Асоцијацијата на турските туристички агенции, Фируз Баглакаја. Откако Врховната изборна комисија донесе одлука за прегласување на изборите за градоначалник на Истанбул на 23 јуни, 90 отсто од луѓето кои […]

Челси Менинг ослободена од притвор


Поранешната разузнавачка аналитичарка Челси Менинг е  ослободена од притвор во Александрија, во западна Вирџинија, по два месеца. Таа беше во притвор бидејќи одби да сведочи пред поротата за случајот Викиликс. Челси Менинг е пуштена по 62 дена поминати во притвор, но нејзините адвокати стравуваат дека на слобода ќе биде кратко, бидејќи е пуштена само поради […]

ЕУ со предупредување до Турција поради Кипар


Белгија- Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, вчера од Сибиу ја повика Анкара да го почитува суверенитетот на Кипар и дека ЕУ од блиску ќе ги следи турските обиди за дупчење во кипарските води во потрага по нафта. – ЕУ е обединета зад Кипар и очекува од Турција да ги почитува суверените права на земјата […]

Поднесена петиција со десет милиони потписи за импичмент на Трамп


САД– Демократите и либералните организации поднесоа петиции со вкупно десет милиони потписи во Вашингтон, барајќи од Конгресот да покрене постапка за отповикување на републиканскиот претседател Доналд Трамп. Пред Капитол, седиштето на Конгресот, каде се поставени плочи на кои пишува „Трамп мора да замине“, двајцата претставници, Рашида Тлаиб и Ал Грин, со претставници на здруженија, предадоа УСБ […]

Процедурата за нови претседателски функции на ЕУ ќе започне на 28 мај


Белгија – Лидерите на Европската Унија вчера во Сибиу се договорија за процедурата на номинација на високите функции на ЕУ во новиот состав по изборите за Европски Парламент. Сегашниот претседател на Европскиот Совет, Доналд Туск, ги повика лидерите да започнат со работа веднаш по изборите на 28 мај кога ќе биде свикан вонреден европски самит, на […]