Полицијата во Москва доби 16 анонимни закани за поставени бомби


Русија– Анонимни закани за поставени бомби доби полицијата во Москва денеска меѓу кои е и катедралата Христос Спасител и телевизиската кула Останкино.

-Полицијата почна со итна проверка, изјави портпарол на полицијата во Москва.

Според него, веќе се проверуваат сите места за кои е добиен сигнал за поставена бомба.